- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
На страницата на Министерството за транспорт и врски, го пронајдов овој закон.Тоа е основниот текст, после тоа има неколку измени и дополнувања.
Регистрирај се на странава и можеш да си ги симнеш сите измени и дополнувања на законот.
Еве ти линк од законот:
http://www.pravo.org.mk/documentDetail.php?id=211
Обрни внимание на измените и допoлнувањата на законот од 14.02.2013 година, посебно на членовите 29 до 34.
Или пак консултирај си го другарчето @Fringe , он е поупатен од мене во однос на последните измени и дополнувања на СИТЕ закони!!!
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2225
Последно дополнување на Законот, кое е прикажано е од 2011
Има пречистен текст... Таму се зборува не за одземање на колата, туку за одемање на сообраќајна дозвола во рок од 30 дена
Ако има одредба за одземање на возило, таа е од подоцна
Еве што се вели во овој пречистен текст
Член 89
Државниот инспектор за патен сообраќај има право да донесе решение за:
- исклучување на возило од сообраќај, со одземање на сообраќајната дозвола, доколку се врши превоз пред впишување на дејноста во Централниот регистар или доколку превозникот нема лиценца за вршење на соодветен вид на превоз предвидено со овој закон,
- исклучување на возило од сообраќај, со одземање на сообраќајната дозвола, доколку превозникот врши линиски превоз на патници без соодветна дозвола или без регистриран возен ред,
- исклучување на возило од сообраќај со одземање на сообраќајната дозвола доколку врши авто-такси превоз на патници надвор од подрачјето на општината, ако превозот се врши спротивно на одредбите на овој закон,
- привремено одземање на дозвола на домашниот превозник ако не се придржува на одобрениот и регистриран возен ред при вршење на меѓуопштинскиот превоз на патници, со предлог за бришење на возниот ред од евиденцијата,
- привремено одземање на дозвола на домашен или странски превозник за вршење на меѓународен линиски превоз на патници ако не се придржува на одобрениот и регистриран возен ред, итинерерот и планот за возење на возачите,
- исклучување на возило од сообраќај со одземање на сообраќајната дозвола доколку превозникот врши посебен линиски превоз на патници меѓу две или повеќе општини без дозвола,
- одземање на дозвола на превозник, за посебен линиски превоз на патници што се врши меѓу две општини, доколку патниците што се превезуваат не располагаат со доказ за идентификација од нарачувачот на превозот,
- забрана на натамошно движење на странско возило на територијата на Република Македонија со упатување на возилото до еден од граничните премини, заради напуштање на земјата, ако во возилото не се наоѓа пропишана документација за соодветниот вид на превоз предвидена со овој закон и меѓународен договор,
- одземање на дозволата на домашен и странски превозник за вршење на меѓународен превоз на стока, доколку превозникот не се придржува на условите од истата и условите пропишани од Секретаријатот на Европската конференција на министрите за транспорт ако превозот се врши со ЦЕМТ дозволи како и да даде предлог до министерот за транспорт и врски за одземање на категоризацијата на автобуската станица или за категоризирање една категорија пониско од постојната категоризација,
- отстранување на недостатоците во определен рок во поглед на исполнувањето на пропишаните услови за вршење превоз во патниот сообраќај, условите за работа на автобуските станици и придржување на возниот ред и
- времена забрана за употреба на автобуските станици и автобуските стојалишта ако во определен рок не се отстранат недостатоците што ги утврдил инспекторот за патен сообраќај.
Под одземање на дозвола за линиски превоз на патници се подразбира одземање на сите примероци на дозволи со кои располага превозникот за одржување на конкретната линија за која е сторен прекршокот.
Превозникот е должен во рок од 24 часа од добивањето на решението за одземање на дозволата сите примероци од дозволите за предметната линија да ги предаде во Државниот инспекторат за транспорт.
Привременото одземање на дозволата од ставот 1 алинеи 4 и 5 на овој член изнесува 30 дена, а доколку во рок од една година превозникот го повтори прекршокот инспекторот ќе поднесе предлог за трајно одземање на дозволата до Министерството за транспорт и врски.
За привременото одземање на дозволата од ставот 1 алинеја 5 на овој член и за забраната на натамошното движење на странско возило на територијата на Република Македонија од ставот 1 алинеја 8 на овој член се известува Царинската управа на Република Македонија на граничниот премин.
Одземената сообраќајна дозвола од ставот 1 алинеи 1, 2, 3 и 6 на овој член се предава во Министерството за внатрешни работи.
За одземената сообраќајна дозвола на превозникот му се издава потврда.
Исклучувањето на возилото од сообраќај со одземање на сообраќајната дозвола од ставот 1 алинеи 1, 2, 3 и 6 на овој член трае 30 дена.
Времената забрана од ставот 1 алинеја 11 на овој член може да се изрече во траење од 10 до 30 дена.