Обид за промена на ситни навики во карактерот на партнерот

Slatka mala

*** unique ***
Член од
10 јули 2007
Мислења
652
Поени од реакции
2
Прашањето ми е дали сте биле во ситуација да сакате да ги смени тие негови навики и дали на некој начин тактички сте се обидувале да му укажете на тоа или и понатаму си ќутите и трпите?
Дали незабележливо се трудите да го смените, да го прилагодите според ваша замисла?
Секако дека има некои мали, но сосема мали ситници кои понекогаш во одредени моменти ми сметаат кај партнерот и кои сакам да ги променам. Но, никогаш не сум му го рекла и нагласила тоа. Можеби индиректно, му давам на знаење што не ми се допаѓа и како што е болдирано, тактички и незабележливо се трудам нешто да сменам, но тоа е само за момент, карактерот на човекот тешко или и воопшто не се менува.
Сепак, тоа се само мали ситници, како што Форчн напиша, да се некои големи работи, нема ни да бидам со тој човек, кога веќе толку не ми одговара карактерно.

Сте биле во ситуација да сака вас да ве смени? Како сте реагирале? Сте се потрудиле да измените нешто во вашиот карактер затоа што му пречело тоа на партнерот и сте сакале да биде се` во ред во вашата врска?
Барем до сега никогаш не ми покажал дека нешто во мојот карактер и однос кон него му пречи. Ова не дека јас сум нешто идеала, совршенство не постои, тоа е одамна познато.
Можеби и тој како мене, незабележливо се обидува да смени нешто.
И на крајот, да не испадне дека ние двајцата не сме искрени и не си ги кажуваме работите меѓу нас, но сигурно не е ништо толку сериозно, штом си немаме до толку забележано еден на друг.
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Не се обидувам да ги сменам. Си знам по себе.
Незгоден карактер сум, тврдоглава и напорна. Ми влијае не само во врската, туку и во комуникацијата со сите луѓе генерално. Не сакам некој перманентно да ми повторува нешто за кое сум свесна дека е присутно и против кое се борам, така добивам впечаток дека уште повеќе ме обвинуваат, па уште повеќе паѓам. Тоа што не чини, сама ќе си го сменам, не сакам било кој да ме менува.
Добрата страна... На време сум увидела дека не можам така. И добар дел од тие особини сум ги искоренила, а бенефитот од тој напор го чувствувам до ден денес. Немам намера да застанам се` додека не ми успее сосема, зашто не сакам да дозволам да изгубам некој што ми значи заради инает.

Освен тоа, и по еден - два дена поминати во негово отсуство, како што ќе ми недостигаат сите негови доблести и нешта кои ги обожавам, ќе ми недостигаат и сите негови мани и иритирачки навики. Тој што го сакам, го сакам таков каков што е. :jaj:
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Кажувам секогаш кога нешто ми смета... Неможам да трпам (можеби малку)... И на бившиот секогаш му кажував... Пробуваше да се смени... 1 недела ќе ми иде по ќеиф и толку, после пак стара песна.... Пробував да не се нервирам зашто знам дека неможе да биде совршен ама сепак ми сметаше... И на него нормално му сметаа некои мои навики и он исто така ми кажуваше и јас пробував да се сменам али не е толку лесно колку што изгледа....
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Воопшто не.Токму тие мал ситни карактерни навики,ја прават врската поинтересна па макар што некогаш тие сметаат и се незгодни.Но тоа е убаво нели...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
За да успее една врска мора карактерите на двајцата да се прилагодат,тоа значи обострано менување на некои карактеристики кој го иритираат другиот.На почеток (првите месеци) се одговара,но подоцна она што е потиснувано подолго време излегува на површина.Така да во оние мислења каде што се зборува дека "го сакам баш онаков како што е" или "јас не се менувам,ако ме сака ќе ме сака и ваква" не верувам.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
За жал, секогаш имало некои ситни нешта кај партнерот кои ми сметале итекако, и кои вака или онака сум се трудела да му ги предочам и да му кажам дека ми пречат.
Е сега, свесно знам дека е илузорно да очекуваш некој да смени било што кај него самиот, кога сите знаеме дека ни е тешко и самите да промениме ситници кај себе. Мислам кога сам не можеш да се натераш да промениш ствари, колку и да се трудиш, и колку и да се мали, како може да го очекуваш тоа од другите? Али затоа, скоро секогаш заборавам на ова, и дури наметливо очекувам партнерот да се промени.:toe: Така ми било во секоја врска до сега.
Едниствено на почетокот, не приметувам ништо, т.е ми се допаѓа се кај партнерот. Но како проаѓа време така се повеќе ми паѓаат во очи некои навики кои ми сметаат, и се повеќе се нервирам поради нив. И прво пробувам суптилно да укажам на тоа, а после заборавам на било каква тактика.
Буквално имам прекинувано врски затоа што ме нервирал начинот на кој дечкото јаде и слични негови ситни навики. И не викам дека тоа е ок, и знам дека е во суштина погрешно, али уште не сум нашла начин да го контролирам. Ваљда мојата самокритичност, се одразува и како критичност кон секој што ми е близок.:nesum:
 
U

UnholY

Гостин
Не би се обидувал да променувам ниедна навика кај неа...Не за друго туку не поседува ништо шо мене ми смета...
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
241
Поени од реакции
5
иако го сакам таков како што е сепак ќе излажам ако не признаам дека потајно се обидувам да влијаам на некои ситни
работи кои ми пречат
 

Black Rose

дете на цвеќето
Член од
12 февруари 2007
Мислења
1.972
Поени од реакции
38
Не би се обидувала да променам било кој, посебно не партнерот, а и не гледам зошто би настојувала да го сменам, тогаш не би бил он :) Обично правам промени кај себе со цел да се прилагодам на околината и личностите кои ми значат, нормално не тотални отстапки од себеси, али ситни работи кои би влијаеле на подобрување на односот радо би променила....
 

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123
тоа е како да се обидеш да направиш од дрво нога!!!!
твојот карактер-темперамент-начин на живот .... се гради доста време и преку ноќ некој/а ... ке те смени .... :)
невозможно - " не пуши трева - не пијј - ај пред натпреварот да се видеме - немаш време за мене ... блабла бла! "
и заклучок значи ние сме камелеони се адаптираме кон ситуациите - или ситуациите не адаптираат нас
!!!
ама воглавно се е прашање на взаемни компромиси - попуштање и инаетење - а навиките остануваат само дали вешто ќе ги сокриваш или ке се помират ( двајцата ) дека се "ситни" со обид да се заборават
- или ( најубавиот дел ) КРАЈ !


[Едитирано од Fortune: Не пишувај со болд]
 

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
За жал, секогаш имало некои ситни нешта кај партнерот кои ми сметале итекако, и кои вака или онака сум се трудела да му ги предочам и да му кажам дека ми пречат.
Е сега, свесно знам дека е илузорно да очекуваш некој да смени било што кај него самиот, кога сите знаеме дека ни е тешко и самите да промениме ситници кај себе. Мислам кога сам не можеш да се натераш да промениш ствари, колку и да се трудиш, и колку и да се мали, како може да го очекуваш тоа од другите? Али затоа, скоро секогаш заборавам на ова, и дури наметливо очекувам партнерот да се промени.:toe: Така ми било во секоја врска до сега.
Едниствено на почетокот, не приметувам ништо, т.е ми се допаѓа се кај партнерот. Но како проаѓа време така се повеќе ми паѓаат во очи некои навики кои ми сметаат, и се повеќе се нервирам поради нив. И прво пробувам суптилно да укажам на тоа, а после заборавам на било каква тактика.
Буквално имам прекинувано врски затоа што ме нервирал начинот на кој дечкото јаде и слични негови ситни навики. И не викам дека тоа е ок, и знам дека е во суштина погрешно, али уште не сум нашла начин да го контролирам. Ваљда мојата самокритичност, се одразува и како критичност кон секој што ми е близок.:nesum:
I jas vaka pram.Se trudam da smenam nekoj naviki kaj deckoto, i mnogu pati sme se karale za to.Znam deka nekogas mnogu preterva i se trudam to da go smenam, pa dobro mi odi vo posledno vreme :):)ama i mi ima uspeani za nekoj raboti, samiot ima receno deka sum bila vo pravo i se smenal.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
За жал, секогаш имало некои ситни нешта кај партнерот кои ми сметале итекако, и кои вака или онака сум се трудела да му ги предочам и да му кажам дека ми пречат.
Е сега, свесно знам дека е илузорно да очекуваш некој да смени било што кај него самиот, кога сите знаеме дека ни е тешко и самите да промениме ситници кај себе. Мислам кога сам не можеш да се натераш да промениш ствари, колку и да се трудиш, и колку и да се мали, како може да го очекуваш тоа од другите? Али затоа, скоро секогаш заборавам на ова, и дури наметливо очекувам партнерот да се промени.:toe: Така ми било во секоја врска до сега.
Едниствено на почетокот, не приметувам ништо, т.е ми се допаѓа се кај партнерот. Но како проаѓа време така се повеќе ми паѓаат во очи некои навики кои ми сметаат, и се повеќе се нервирам поради нив. И прво пробувам суптилно да укажам на тоа, а после заборавам на било каква тактика.
Буквално имам прекинувано врски затоа што ме нервирал начинот на кој дечкото јаде и слични негови ситни навики. И не викам дека тоа е ок, и знам дека е во суштина погрешно, али уште не сум нашла начин да го контролирам. Ваљда мојата самокритичност, се одразува и како критичност кон секој што ми е близок.:nesum:
Вака. Си имам некој мој критериуми во врска со тие навиките во карактерот на партнерот. Значи, ако го сакам, го сакам со сите негови доблести и мани и не барам од него да се смени.Никогаш не би го сменала. Никогаш. Ни ситни, ни крупни, ни мали ни огромни.
Мое е да го сакам и прифатам таков каков шо е. Негово е, ако смета дека негде греши, да се смени. Јас не го барам то од него.

Во врска со болдираното. Друг мој принцип..Ако почнуваш да ги забележуваш баш тие негови ситни мани, како на пример, начинот како јаде, начинот како оди, како држи цигара, значи ти се одмилува, почнува да ти здосадува, па од шо немаш шо да прајш ти ги бараш неговите мани.

Не знам, сега засега во оваа мојава сегашна врска не ми се десило да забележам некаква навика која ме нервира. Уствари, има да, ама му ја сакам таа негова навика, таа негова мана затоа што, и таа е дел од него. А јас го сакам него цел..Неговите очи, неговите образи, неговото зборување, неговото дишење, неговото одење, неговиот начин на пушење цигара..

А, ако е обратно, ако тој побара да сменам нешто затоа што му смета, би сменала. Би го направила тоа за него.
 

mUv@ ThE DoGg

oLd ScHoOl PerSoN
Член од
29 септември 2005
Мислења
363
Поени од реакции
5
Да сум бил бо ситуација кога сум променувал, и уште работам на тоа и мислам дека е убаво, а доколку има нешто и јас кажувам. Тоа мислам дека е добро заради еден факт, се тоа е добронамерно, не станува збор за тоа дека не се прифаќаме такви какви што сме но според мене, доколку знам дека се сакаме и ако има каков и да било коментар супер, со тоа гледам дека уште повеќе ме сака и ми мисли само добро.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Да, слична ситуација и кај мене, со таа разлика што јас сеуште ги немам почуствувано промените. Можеби треба уште малку да почекам, да помине време... А тоа најмногу ме нервира, што знае дека ми сметаат некои работи, а упорно продолжува да ги прави... Ќе видиме што ќе биде...
и се сменија?
Мене ме нервира кога не ме прифаќа каква што сум, како што јас го прифаќам него....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom