Обид за промена на ситни навики во карактерот на партнерот

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Претпоставка сте со партнер во чиј карактер има ситници кои не ви се допаѓаат, а и не може да е совршен, нели? Но, ете после некое време почнуваат по малку да ви пречат, иако сте го прифатиле таков каков што е и сте мислеле дека нема да ви создаваат мали нервози.

Прашањето ми е дали сте биле во ситуација да сакате да ги смени тие негови навики и дали на некој начин тактички сте се обидувале да му укажете на тоа или и понатаму си ќутите и трпите?
Дали незабележливо се трудите да го смените, да го прилагодите според ваша замисла?

Значи се работи за ситници, зошто ако се работи за нешто кое е поголема работа, секако нема ни да сте со таква личност која не ви одговара карактерно.

Сте биле во ситуација да посакувате помалку да се нервиравте заради некои навики? Прифатил партнерот да се обиде?
Сте биле во ситуација да сака вас да ве смени? Како сте реагирале? Сте се потрудиле да измените нешто во вашиот карактер затоа што му пречело тоа на партнерот и сте сакале да биде се` во ред во вашата врска?
 
Тактички, заводливо, со ефект на влажни тажни очиња, неуротички, смирено и слатко, пред милион луѓе, со разбирање, шизофренички....нишо не помага. Нема шанси.
 
Па ниту еден човек нее совршен тоа сите го знаеме секој има некои ситни работи кои ги прави веке со години и тешко тие работи да се искоренат...на партнерот сум му укажувала што ми пречи итд, но никогаш не сум пробала тоа да го променам ако тој по слободна воља не престане да го прави тоа што ме нервира понекогаш...знам и по самата себе дека некои навики од многу мала колку и да му пречат на мојот партнер неможам да ги променам и тој го знае тоа и ме има прифатено таква каква што сум со сите мои маани...сега некогаш преговара исто така и јас нему, но тоа се ситни работи со кои не треба да се замараме, ако тој ужива во тие работи треба да се прифати тоа така како што е и да се остави тоа да остане така...укажување да...но залагање да престане тоа да го прави би само наштетило или би дошло до конфликт...едноставно тоа треба да остане така и да го прифатиме партнерот со тие ситни маани и навики може за нас непоимливи, но тој ужива во тоа и тоа треба да го прифатиме како такво. :icon_lol:
 
na pochetokot na vrskata se obiduvam mnogu sitnici da promenam... no koga ke se zadlabocham vo vrskata i koga ke osetam deka taa lichnost mi znachi, iako mozhda ne sum vljubena vo nego, site tie 'loshi' naviki mi stanuvaat slatki i ednostavno gi zaboravam. site loshi raboti koi shto mi gi rekol uz nervozata, site karanici, site naviki, sve zaboravam, samo koga ke pochnam da chuvstvuvam neshto za taa lichnost
 
FortunE напиша:
Прашањето ми е дали сте биле во ситуација да сакате да ги смени тие негови навики и дали на некој начин тактички сте се обидувале да му укажете на тоа или и понатаму си ќутите и трпите?
Дали незабележливо се трудите да го смените, да го прилагодите според ваша замисла?
Да. Пред извесно време бев во таква ситуација. На почетокот се правев дека не ми пречат - можеби и не ми пречеа пошо бев заслепена од љубов. Но, со тек на време лека полека почнаа да ми пречат. Не се работи за нешто големо - едноставно за банални ситници кои почнаа да ми пречат. Почнав со разговор и со прашања .. и секогаш го добивав истиот одговор ”Во ред, ќе се сменам само за тебе ветувам.” И наредниот ден пак истата песна:nesvest: .. кренав раце едно време, но подоцна ја почувствував промената. Значи .. не треба напинање ”смени се, смени се, смени се.. ” ниту премногу зборување и молење, едноставно самиот ќе сфати дека стварно така не оди и ќе се смени .. барем кај мене беше така.:wink:

Сте биле во ситуација да посакувате помалку да се нервиравте заради некои навики? Прифатил партнерот да се обиде?
Сте биле во ситуација да сака вас да ве смени? Како сте реагирале? Сте се потрудиле да измените нешто во вашиот карактер затоа што му пречело тоа на партнерот и сте сакале да биде се` во ред во вашата врска?
Одамна престанав да се нервирам. Видов дека едноставно не вреди да се нервирам за ништо. Партнерот прифатил да се обиде, се обиде и се смена .. потребно му било само време тоа подоцна го сфатив. Постојано се обидувам да сменам некои работи во мојот карактер, зашто се случува некогаш да кажам или да направам нешто за кое подоцна жалам. Никогаш не побарал од мене да се сменам .. но јас самата го сакам тоа.
 
Не сум се обидела да ги сменам ситните навики што ми сметаат кај партнерот ни тактички ни хистерично. Нема да е тој тој ако јас сменам нешто од него, башка сигурно ги имам и јас па не би сакала некој да ме замара секој ден со тоа што треба да сменам кај мене ... може со тек на време да почнат да ме нервираат, но има лек и за тоа. Ќе се подкараш ако треба 2-3 минути и пак е тој до тебе со некоја од саканите негови навики, или едноставно малку на воздух и ете не нови ...
А мене исто никој не се потрудил да ме смени ни малку ... едноставно многу јасно доставам до знаење дека сум каква сум и точка ... кому одговарам добро, кому не уште подобро.:kajg:
 
Кога сакам некого го сакам таков каков што е, значи ако сум со некого сум го прифатила баш таков со сите негови доблести и мани .. можеби и баш таквите ситници ме привлекле кон него ..којзнае .. како и да е не се трудам да променам ништо .. може да ми се случи да му спомнам некогаш во лутина нешто за некоја негова маана но не е ништо алармантно .. така да каков што е таков го сакам :wub: :je:
 
Iskreno do pred nekoj mesec imaf staf deka ili :my way or the highway , ama se zaljubif i svativ deka nekoi promeni se potrebni za nasata vrska da prosperira i normalno kako zrelata osoba sto sum bez problem gi napravif tie promeni:P . Taka da ako ima benefit od promeni ne se plasite od niv ne se tolku negativni kako sto mislite i kako sto zvucat.
 
Devilish Angel напиша:
Кога сакам некого го сакам таков каков што е, значи ако сум со некого сум го прифатила баш таков со сите негови доблести и мани .. можеби и баш таквите ситници ме привлекле кон него ..којзнае .. како и да е не се трудам да променам ништо .. може да ми се случи да му спомнам некогаш во лутина нешто за некоја негова маана но не е ништо алармантно .. така да каков што е таков го сакам :wub: :je:
Значи штом си спомнала барем и во лутина, ти пречеле тие мали ситници, но никогаш отворено не си спомнала за нив. Штом си му спомнала, значи индиректно како да си сакала да му кажеш да си внимава во иднина на нив, во превод: смени си ги:)
 
Mu imam ukazano na tie sitnici koi me nerviraat, no dzabe...
Imam probano jas da smenam nekoi sitnici no dzabe...
I togas svativ deka e vistina:

AKO IM JA ZATVORIME VRATATA NA MANITE
I VISTINATA KE OSTANE NADVOR:star:
 
Сум пробала да сменам нешто али и јас истото да го направам, што знам дали сменив, пробав дали успеав незнам, ќе видиме знам дека горе доле е сменето, е сега таа друга половина.. ќе си покаже времето.
 
Да. Пред извесно време бев во таква ситуација. На почетокот се правев дека не ми пречат - можеби и не ми пречеа пошо бев заслепена од љубов. Но, со тек на време лека полека почнаа да ми пречат. Не се работи за нешто големо - едноставно за банални ситници кои почнаа да ми пречат. Почнав со разговор и со прашања .. и секогаш го добивав истиот одговор ”Во ред, ќе се сменам само за тебе ветувам.” И наредниот ден пак истата песна:nesvest: .. кренав раце едно време, но подоцна ја почувствував промената. Значи .. не треба напинање ”смени се, смени се, смени се.. ” ниту премногу зборување и молење, едноставно самиот ќе сфати дека стварно така не оди и ќе се смени .. барем кај мене беше така.:wink:

Да, слична ситуација и кај мене, со таа разлика што јас сеуште ги немам почуствувано промените. Можеби треба уште малку да почекам, да помине време... А тоа најмногу ме нервира, што знае дека ми сметаат некои работи, а упорно продолжува да ги прави... Ќе видиме што ќе биде...
 
Прво ги листам моите ситни навики и недостатоци кои би пречеле во врската, потоа неговите и на крај се обидувам да ги најдам заедничките кои би предизвикале проблем.
Со моите се справувам онолку колку што можам, а на неговите прво укажувам и го оставам одредено време. Ако понатаму продолжува со оние кои се штетни по нас настапувам поагресивно (ова вербално агресивно). Али во моментот кога ќе се случи нешто негативно како последица од неговите "лоши" навики тогаш седнувам и многу сериозно укажувам на навиката и резултатот од нејзиното постоење. И фино замолувам да биде ублажена, ако веќе не може да биде искоренета како не би била проблем во иднина. :poklonuva:
Во глобала кон неговите промени толерантна сум онолку колку што јас сум успеала да ги сменам моите.
 
Исто како што јас не сакам да се прилагодувам и менувам заради некој човек и икс други причини, не ни очекувам тоа да го прават и другите заради мене. Не сакам да ги вајам и мењам луѓето, ако ги сакам ги сакам. А иако му укажам дека ми смета, мислам дека не би било тлку лесно тоа да се промени, тој живеел со таа особина пред јас да се појавам во неговиот живот, а како и што кажаа, тој не би бил тој, не би бил целосен, со сите мани и доблести.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom