Обид за измама од приватна болница. Што понатаму?

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Nema dogovor i ottamu sistina nema pravo da gi zadrzuva parite a uste pomalku da go prisvoi kaparot za nepostoecki dogovor i neizvrsena usluga.
Систина има доказ дека тој и дал капар. Капарот е гаранција, еден вид на зајакнување на договорот кој треба да се склучи и да се изврши. Иако писмено го немаат потпишано договорот, следуваат и последици ако едната страна која дала капар и во меѓувреме се откажува. Пишманење.

Систина има право да ги задржи парите доколку одлучи, дека се` уште е возможно да се изврши операцијата. Немаат потпишано рок за извршување.

Бара правда каде има сила.

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.501
Поени од реакции
33.643
Nema dogovor i ottamu sistina nema pravo da gi zadrzuva parite a uste pomalku da go prisvoi kaparot za nepostoecki dogovor i neizvrsena usluga.
kaj si be bene? :D

Има договор. Устен договор. Но договор настанува и со давање капар.

Систина може секако да си го присвои капарот ако го викнат на операција и не отиде оти сеуште постои можност за извршување на договорот. Темплар не може да си го побара капарот назад ако постои можност за извршување на договорот.

Засега бидувајќи во облигациони односи сеуште, една од лошите варијанта е да бара ништовност на договорот. Најверојатно основа Измама.

Член 57

(1) Ако едната страна предизвика заблуда кај другата страна или ја одржува во заблуда со намера со тоа да ја наведе на склучување на договор, другата страна може да бара поништување на договорот и тогаш кога заблудата не е суштествена.

(2) страната која склучила договор под измама има право да бара надомест на претрпена штета

Но, сепак за ваквите неформални договори Член 59 вика:

(4) Полноважни се и подоцнежните усни спогодби со кои се намалуваат или олеснуваат обврските на едната или другата страна, ако посебната форма е пропишана само во интерес на договорните страни.

Што значи по овој пат, ќе го јаде курот. Тој за секое одложување бил известен и тоа го прифаќал. Усни спогодби.
Банкару понудата не важи кам? Затоа се запазуваат рокови у договори. Да не го јадеш курот.
Најдобар начин да му се пристапи на проблемов е да побара писмена потврда за усно склучениот договор според Член 59:

(1) Секоја од страните може да бара од другата страна писмена потврда за усно склучениот договор се додека другата страна не ја исполни својата обврска од договорот.

(2) страната која ја бара писмената потврда ќе и достави на другата два истоветни примерока кои ги потпишала со повик да и се врати еден од примероците откога ќе го потпише. (у 8 дена ако не вратат, бараш од судот да го утврди постоењето на договорот, али мора да докажеш прво дека имаш правен интерес и тераш даље)

Тука веќе ги има на папир. Или ако нели логично не сакаат да ти напишат рок на папир се обраќаш пак кон судот

Ако договорните страни по постигнатата согласност за суштествените состојки на договорот оставиле некои споредни точки за подоцна (рокот), договорот се смета склучен, а споредните точки, ако самите договарачи не постигнат согласност за нив, ќе ги уреди судот водејќи сметка за претходните преговори (првичниот рок на кој се согласил), утврдената практика меѓу договарачите и обичаите.

И после ова добиваш некој нормален рок и се надеваш да се оперираш. И ќе те оперираат. Според сите рокови. Оти договор не се туку така раскинува и мислам дека немаш основа, ниту за капарот назад, ниту за отштета. Секако, може да им се заканиш писмено со тужба, чисто да видиш како се поставени а и да се надеваш во меѓувреме дека ќе ти ги вратат чисто оти си сериозен и не им се матка по судови.

Мое толкување, не ти препорачувам да го прифатиш како апсолутно бидејќи сум дете зад компјутер на интернет.
Консултирај се со квалитетен адвокат пред да се чукаш у гради дека моеш сите пари да им ги земеш у Стразбур.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.710
ако умре пациентот, чекајќи одлагање на операција, кој ќе и плати одштета на болницата што не се извршила операцијата ?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.214
Поени од реакции
78.779
ако умре пациентот, чекајќи одлагање на операција, кој ќе и плати одштета на болницата што не се извршила операцијата ?
Зависи која болница. Ако е болницава на Камчев, онда државата/јавниот обвинител е должен да покрене постапка против роднините на болниот кој не се оперирал и да ги наплати трошоците од нив.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.608
А чек што операција е? АКо е нешто естетски или слично без последици по здравје како на пример влошување или слично тие фактички можат вистински да одлагаат до 2158 ако сакаат бидеќи и немате договор дека мроа за недела-две-месец да биде операцијата. Ако се повлекуваш ти тогаш ти си крив и капарот е за нив гратис. Ако немаш договорен датум и немаш докуемнт дека операцијта мора да е сега а тие одолговлекуваат „неосновано“ тогаш не ти останува ништо освен културно да бараш убрзување на операцијата, ако бараш поврат на парите ќе ти речат дека може утре да те оперираат па пак да ти речат ај не утре за недела и така натака... Спушти се на земја, со карање викање кај ќе го изгубиш капарот па и ќе треба да доплатиш на крај.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Обично приватните болници повеќе се грижат за пациентите пошто се пари во прашање и секој изгубен клиент значи и изгубени пари. Ја до сега не сум имал лошо искуство со Систина, па ме чуди што така ти се десило на тебе.

Во секој случај не оставај се на усмено да помине, оди и барај да се сретнеш со некој од одговорните, сигурно постои некоја реална причина зошто ти ја одложувале операцијата.
 
Член од
6 април 2013
Мислења
357
Поени од реакции
302
Може ли некој да ми каже кои се топ 5 адвокати во земјава за вакви измами? Не планирам да штедам за вакви работи.
Имаше еден адвокат од Битола ми се чини ама треба да се распрашам, млад дечко што ги бркаше овој тип на измами при повреди односно случаеви со болници, дечкото е цар и ако може да го реши случајот ќе исцица максимум што може.. Е сега играш играчки со јака болница што е доста моќна, меѓутоа ако имаш јаки живци и муда, спремено документи од тоа како ти презакажуваат и сите други потребни документации можеш да ги решиш..
 
W

wicked_1

Гостин
И после ке ја тужам МК во Стразбур па они ке платат и за миле и за циле и за орце.
Ке се ебавам ако треба и до Стразбур.
Не ми е јасно...имаше пред десетина години статија за какви се бизарни работи Македонија била тужена во Стразбур и во 90% од случаите државата изгубила, само предалеку отидовме...највероватно стоката ке има малку совест па ке ми ги врати парите.
Стразбур е пренатрупан со предмети и по глава на жител Македонија има најмногу тужби испратено од сите земји во Европа.. Веќе се почесто ги отфрлаат предметите а тие што ги примаат ги влечат со години додека да одлучат, башка и тоа што го одлучуваат до одреден степен е повеќе од советодавен него обврзувачки карактер се почесто
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.214
Поени од реакции
78.779
Адвокат-шмадвокат, ако е против бандава на Грујо можеш да се сликаш у боја, пошто видовме судијките од кај излагаат со ќеси Сфаровски у раце, а и не е еден случај кој докажува дека тука правдата иде строго по двојни аршини.

Некој би ти препорачал да ги забораиш парите, да си се оперираш у странство и правдата сам да ја дотераш инкогнито, со евентуално нанесување на штета, физичка болка и слично,тој истиот би ти рекол дека поради горно-напишаното и поради милонте примери од денешна Македонија, само додатно фрлање пари и живци би било влегување у суд против неправдите и злоделата на бандава разбојници.

Али не сум ја тоа. Ја си ги почитувам законите и плачам на телевизија за нашиот премиер кој масоните го натераја да се откаже.:(
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Зарем сеуште има такви што би дозволиле "стручниот кадар" на Систина да ги оперира? Мислам без увреда, нит си прв нит си последен.
Батали судови мудови, колку што ќе се изнаплаќаш за адвокати и судски трошоци, толку и ќе ти вратат, а ќе се маткаш можеби години и години по рочишта.
Ја со комшииве година и пол двор неможам да поделам, што пази не иде преку парнична постапка па не за вакви посериозни работи...

Па и капар пред операција бе! Шо е ова, кола, па ај чувај ми ја, идниот месец ти го доплаќам и преостанатиот дел и ја земам.
Бог да чува!
 
T

templar55

Гостин
Сабајлето имав повик но батеријата рикна и додека го вклучам уште 3-4 пропуштени повици. Се јавив на бројот и бројот да ти бил од систина.
Жената беше ептен културна и ептен фер, значи ми објасни до детали што е проблемот и зошто настанал, ме замоли ако може трансакциската да и ја дадам и за 10 мин да проверам сметка и на крај ми се извини за настанатата ситуација. Третирање како што заслужува секој човек.
Значи тотална спротивност од она што ми се случуваше минатата недела, кога ветуваа дека ке ми се јават за 10 мин а никаде ги немаше.
Викам ај да проверам сметка за пола сат, и парите беа на сметката.
Фала на оние што ме упатија што и како да правам и на оние што се ситеа :)
Модераторе, ставај клуч.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.710
Стразбур е пренатрупан со предмети и по глава на жител Македонија има најмногу тужби испратено од сите земји во Европа.. Веќе се почесто ги отфрлаат предметите а тие што ги примаат ги влечат со години додека да одлучат, башка и тоа што го одлучуваат до одреден степен е повеќе од советодавен него обврзувачки карактер се почесто
Стразбур е добар за судии, си ги наполнија џебоите, имено главно е таму Формалното , а не суштината. А проблем е суштината, бидејќи за мали спорови нема Ревизија, а укинат е и БЗЗ од поодамна.
Но не е само кај нас така, третата власт е држава во држава и во регионот па и во ЕУ..; еве сега измислија да мора адвокат да плаќаш за склучување на купопродаѓен договор за стан, теоретски и за поскапа кола ?? Па мајку му зар нема пазарна инспекција, МВР...
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Сабајлето имав повик но батеријата рикна и додека го вклучам уште 3-4 пропуштени повици. Се јавив на бројот и бројот да ти бил од систина.
Жената беше ептен културна и ептен фер, значи ми објасни до детали што е проблемот и зошто настанал, ме замоли ако може трансакциската да и ја дадам и за 10 мин да проверам сметка и на крај ми се извини за настанатата ситуација. Третирање како што заслужува секој човек.
Значи тотална спротивност од она што ми се случуваше минатата недела, кога ветуваа дека ке ми се јават за 10 мин а никаде ги немаше.
Викам ај да проверам сметка за пола сат, и парите беа на сметката.
Фала на оние што ме упатија што и како да правам и на оние што се ситеа :)
Модераторе, ставај клуч.
Честитки!
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Жената беше ептен културна и ептен фер, з.......... и на крај ми се извини за настанатата ситуација. .....
Значи тотална спротивност од она што ми се случуваше минатата недела, кога ветуваа дека ке ми се јават за 10 мин а никаде ги немаше.
Викам ај да проверам сметка за пола сат, и парите беа на сметката
Модераторе, ставај клуч.
Може од Систина читаат Кајгана форум, па кога почнаа да се спомнуваат адвокати, тужби.....
 
T

templar55

Гостин
Може од Систина читаат Кајгана форум, па кога почнаа да се спомнуваат адвокати, тужби.....
Не знам, јас само реков на почеток дека ке бидам фер и во целост ке ја пренесам ситуацијата како се одвива и си го одржав зборот. Они го одржаа зборот дека ке ми ги вратат парите така да би било педерски да продолжам да плукам по нив сега. Се е решено на цивилизиран начин.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom