Nema dogovor i ottamu sistina nema pravo da gi zadrzuva parite a uste pomalku da go prisvoi kaparot za nepostoecki dogovor i neizvrsena usluga.
kaj si be bene?
Има договор. Устен договор. Но договор настанува и со давање капар.
Систина
може секако да си го присвои капарот ако го викнат на операција и не отиде оти сеуште постои можност за извршување на договорот. Темплар
не може да си го побара капарот назад ако постои можност за извршување на договорот.
Засега бидувајќи во облигациони односи сеуште, една од лошите варијанта е да бара ништовност на договорот. Најверојатно основа Измама.
Член 57
(1) Ако едната страна предизвика заблуда кај другата страна или ја одржува во заблуда со намера со тоа да ја наведе на склучување на договор, другата страна може да бара поништување на договорот и тогаш кога заблудата не е суштествена.
(2) страната која склучила договор под измама има право да бара надомест на претрпена штета
Но, сепак за ваквите неформални договори Член 59 вика:
(4) Полноважни се и подоцнежните усни спогодби со кои се намалуваат или олеснуваат обврските на едната или другата страна, ако посебната форма е пропишана само во интерес на договорните страни.
Што значи по овој пат, ќе го јаде курот. Тој за секое одложување бил известен и тоа го прифаќал. Усни спогодби.
Банкару понудата не важи кам? Затоа се запазуваат рокови у договори. Да не го јадеш курот.
Најдобар начин да му се пристапи на проблемов е да побара писмена потврда за усно склучениот договор според Член 59:
(1) Секоја од страните може да бара од другата страна писмена потврда за усно склучениот договор се додека другата страна не ја исполни својата обврска од договорот.
(2) страната која ја бара писмената потврда ќе и достави на другата два истоветни примерока кои ги потпишала со повик да и се врати еден од примероците откога ќе го потпише. (у 8 дена ако не вратат, бараш од судот да го утврди постоењето на договорот, али мора да докажеш прво дека имаш правен интерес и тераш даље)
Тука веќе ги има на папир. Или ако нели логично не сакаат да ти напишат рок на папир се обраќаш пак кон судот
Ако договорните страни по постигнатата согласност за суштествените состојки на договорот оставиле некои споредни точки за подоцна (рокот), договорот се смета склучен, а споредните точки, ако самите договарачи не постигнат согласност за нив, ќе ги уреди судот водејќи сметка за
претходните преговори (првичниот рок на кој се согласил), утврдената практика меѓу договарачите и обичаите.
И после ова добиваш некој нормален рок и се надеваш да се оперираш. И ќе те оперираат. Според сите рокови. Оти договор не се туку така раскинува и мислам дека немаш основа, ниту за капарот назад, ниту за отштета. Секако, може да им се заканиш писмено со тужба, чисто да видиш како се поставени а и да се надеваш во меѓувреме дека ќе ти ги вратат чисто оти си сериозен и не им се матка по судови.
Мое толкување, не ти препорачувам да го прифатиш како апсолутно бидејќи сум дете зад компјутер на интернет.
Консултирај се со квалитетен адвокат пред да се чукаш у гради дека моеш сите пари да им ги земеш у Стразбур.