ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

H

Hombre

Гостин
Руските новински агенции и портали како никогаш до сега известуваат и прават анализи за настани од Македонија. Во минатото можеле да поминат години за да се објави некоја вест, а сега дури и помалите портали пренесуваат написи од поголемите руски новински агенции врзани за настани од Македонија.

Еве избрав една анализа направена од Русскаја Планета врзана со кумановските настани и политичката криза во Македонија:

На Балканах зреет војна - На Балканот се подготвува војна

Еве како гледаат руските аналитичари на политичарите од македонската опозиција.

Мислам дека превод не е потребен.

Елена Пономарева убеждена, что массовые протесты против нынешних властеј Македонии очень похожи на украинскиј Мајдан. Одним из инициаторов демонстрациј,переросших в столкновенија с полициеј, эксперт назвала местного миллионера Зорана Заева, тесно свјазанного с НАТО, США и ЦРУ.
«Заев финансирует оппозицију, котораја стремитсја устранить нынешнее руководство», — зајавила эксперт.
 

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Разликата е во тоа што во Куманово организирана вооружена група терористи убија истовремено 8 полицајци, додека децата во Смилковци беа егзекутирани најбрутално. А ти повторно тагувај за животите на тие 10 терористи, кои воопшто не се разликуваат од оние кои ги егзекутираа децата кај Смилковци. Работата е како што кажа Разиел продолжуваат со броење. Беше 5:2 а сега сме 13:12. Бравос за логиката.

BTW, кај се напишани полицајците? Или жртвите на бруталната словомакедонска полиција не се рачунаат.
Море идиот, кај виде дека јас тагувам за терористите?! Кај виде потреба да ми објаснуваш што е разликата? Ти прочита ли уопште што пишувам пред да навредуваш? Децата што ги егзекутираа кај Смилковци беа македонски синови? БЕА. Полицајците во Куманово беа македонски синови? БЕА. Какви црни терористи, какви црни албанци ми збориш ти?
„Тоа што не ги пишува имињата на полицајците на транспарентот што значи?“ Озбилно? Па и децата убиени на Смилковско не ги пишува, а тоа што значи? Транспарент е ебате, ја одбележува тагата за изгубените македонски животи, не е лекција по историја. Исто како што под биста на некој загинат херој од 2-ра светска стои каде и кога е роден, а не цела биографија.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.520
Поени од реакции
26.011
Море идиот, кај виде дека јас тагувам за терористите?! Кај виде потреба да ми објаснуваш што е разликата? Ти прочита ли уопште што пишувам пред да навредуваш? Децата што ги егзекутираа кај Смилковци беа македонски синови? БЕА. Полицајците во Куманово беа македонски синови? БЕА. Какви црни терористи, какви црни албанци ми збориш ти?
„Тоа што не ги пишува имињата на полицајците на транспарентот што значи?“ Озбилно? Па и децата убиени на Смилковско не ги пишува, а тоа што значи? Транспарент е ебате, ја одбележува тагата за изгубените македонски животи, не е лекција по историја. Исто како што под биста на некој загинат херој од 2-ра светска стои каде и кога е роден, а не цела биографија.
Па ако видиш поблиску и ако ги отвориш очите ќе видиш дека на страната кај што пишува Куманово има Албанско знаме. Па сега ти види кој е идиотот, дали јас или на тие што им подметнуваат вакви работи на протести.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.849
Поени од реакции
11.477
Па ако видиш поблиску и ако ги отвориш очите ќе видиш дека на страната кај што пишува Куманово има Албанско знаме. Па сега ти види кој е идиотот, дали јас или на тие што им подметнуваат вакви работи на протести.
Замисли, еден од убиените полицајци е Албанец...
 
V

viktora

Гостин
Голем дел почнува да се свестува и да ги тргне мислите од голема албанија,голема македонија,војна,омраза итн...заради тие скапани пропаганди и тие што се свесни и што сакат соживот страдаат...но пак и тука не ни можат ништо...тие што се паметни и свесни,секогаш ќе живеат заедно и ќе имат соживот. Нека не ве лаже умот на поединци,па макар и група од илјадници. Тој што покажува почит и памет истото треба да се возврати.
Другар,Еди Рама кој повикува на обединување на албанските територии не е поединец него лидер на Албанија.Да беше некој пеач или спортиста па ај некако да не поверуваш,ама премиер?Тешко.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.849
Поени од реакции
11.477
Тоа значи само он се брои ?

Под Албанско знаме се борел загинатиот полицаец Албанец?
Не се борел под албанско знаме. Каква врска има тоа? Го познаваше ти него? Можеби албанското знаме му е мило како и македонското. Ај сеа ќе се исколеме пошто имало албанско знаме. Што не се буните тогаш и за другите знамиња, еве имаше и турски знамиња, знамиња на ромската заедница (српски немаше, маму им :D) и уште некои други. Али не, албанските знамиња и знамето на лгбт заедницата премногу ве повредија. Прва половина на 20ти век сме.

Крај краева, не ве гледам да се буните за албански знамиња пред институции...или па таму каде што нема македонски знамиња (а истото е задолжително).
 

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Па ако видиш поблиску и ако ги отвориш очите ќе видиш дека на страната кај што пишува Куманово има Албанско знаме. Па сега ти види кој е идиотот, дали јас или на тие што им подметнуваат вакви работи на протести.
Ај вака, наместо да се навредуваме и расправаме, прочитај ми го убаво постот што го цитираше. Ја не тврдам дека моето е вистинското толкување, ама поаѓајќи од лична, човечка перспектива, мислам дека баш тоа му е значењето. А ако поаѓаме од некои други перспективи (кои на пример сакаат да прикажат дека секој присутен на протестот попрво би жалел за терористите отколку за своите) логично ми е зошто толку цепидлачиме.
Проблемот е што вие наклонетите (извини, ама таков ми изгледаш) не ги бирате правите битки. Типот со „автохтона“ Албанија - ОК. Транспарентот за Смилковци и Куманово - NOPE!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Ако е ова масло на некои големи сили, тоа би било можеби во делот за организацијата и парите за терористите. Иако ниту е прво ни последно (не мислам само на конфликтот 2001).
Но не знам дали тие центри раководат и со македонските институции со оглед на настаните од пред една година наназад во врска со Гошинце и Куманово. Со оглед на тоа што лицата биле следени најмалку 1 година, што на терен со безбедносна закана било оставено главно лично вооружување, за чиј напад во Гошинце е реагирано по 10-12 часови, како и за дотурот во должина од над 30 км од границата на прилично голема количина оружје, муниција, мини и се друго што следи во голем мултиетнички град и утврдување и опремување на голем број ликови во истиот тој град.
Од друга страна скоро 25 години "јасен евроатлантски ку**рс" и прозападна политика, иако не е за чудење со оглед на тоа како Македонија (случајно или не) се однесуваше на некои предупредувања од европските државници и јавноста.
Досега овде се вели дека Македонија добила помош и поволни кредити од над 3 млрд евра. И во двете програми на големата македонска двојка на страна 10 пишува интеграција во ЕУ и НАТО, не интеграција со Русија. Од дуи и дпа веројатно е нешто слично ветено.

Линк и за протестите, корупцијата, гасоводот
Poslali smo reportera u Makedoniju da vidi što je s tim prosvjedima, zataškanim ubojstvima i korupcijom

Redatelj Aleksandar Popovski piše za nas o prosvjedima u Makedoniji

За некои претпоставки од адванце.хр, иако сметам прво треба да се тргне од домашните институции, нивната одговорност и функционалност и можноста повторно разгорување на етнички конфликти.

За гасоводот, за помошта од САД и така натаму, во овој краток напис. објавен јуни 2014.
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2005
Мислења
284
Поени од реакции
133
Интересно е потеклото на парите, кои и од каде се се донаторите...
Некој беше и затворен мислам за примање такви пари во кеш ... ?
А знам и за безброј примери на казни од ујп за 10 денари повеќе во каса или затоа што продавачката имала новчаник со 200 денари во џебот и затворање на дуќани...

И уште нешто и на запад и на исток медиумите пренесуваат за растечката опасност од војна или цивилна војна во Македонија, но забележувам дека на нашиот народ тоа не ме су верува.. Зошто ?
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Кога сме кај кримосите, слушнавме и за едните, но и за оние другите, за оние провизии од 200%, па и за онаа криминална приватизација и одлевањето 15 милијарди долари, делењето тендери на свои блиски. итн. Народот ги става на кантар и едните и другите, затоа и го одбира помалото зло.

Што се однесува на Русија, Русија 1999 г. со Јелцин и онаа од 2015 г. со Путин се сосема други држави. Сега Русија е супер сила. Во 1999 г. Русија немаше никаков интерес од Србија, а денеска Русија има огромен интерес од Македонија зошто тука треба да минува 70% од рускиот гас за Европа. Кога Русија има интерес, си делува како во Ј. Абхазија, Ј. Осетија (ги ослободија од грузиската окупација), Белорусија (ја штитат од западните портокалови револуции), Нагорно карабах (ги штитат Ерменците во Азербеџан), Сирија, Куба, Бразил, итн. Исто така, порано Кина немаше интерес во Македонија, но сега низ Македонија треба да поминува кинескиот транзит на роба од кинеското пирејско пристаниште и така Македонија стана важна за Кина. Односот на светските сили во последниве 5 години се менува, па така се менуваат и македонските интереси.

п.с. Се извинувам на Братот.
А праша ли ja Европа дали сака да користи гас по таа траса? Дали си свестен,дека Газпром има договор каде, на коja локациja да продава гасот и тиja точки не са на Балканот.
Русиja не е со ништо поразлична от САД или Кина ....просто се пробат да чуват своите имперски интереси. Тоа е се.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.093
Поени од реакции
5.737
Не' има во VICE News Daily :unsure:

 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Aко нешто во случајов мене ме прави наивен, е тоа што се обидувам да чесно да дискутирам со тебе. Суета, јбг. :)

Споредбата на фудбал со геополитика, е всушност навистина добра компарација. Токму заради тоа што секој мисли дека се разбира (во едното или во двете). Но и кај фудбалот и кај геополитиката, постојат и такви што навистина се разбираат.
Јас конкретно, знам сосема добро колку (многу) не знам. Но поважно - знам и колку (повеќе) ти не знаеш.

Кога се прави анализа, таа не мора да биде заснована на супер тајни информации. Тие информации најчесто не ги знаеме, таквите како нас на форумов. Но последиците од геополитичките потези, нив сите ги гледаме секојдневно на вестите. Нив - последиците, нив можеме да ги анализираме.

За да ти биде полесно да разбереш, држ уште една спортска паралела (само извини што нема да биде со фудбал). Еве сега само што ја изгледав седмата утакмица од плејоф дуелот меѓу Хјустон и ЛА. Не ги пратам ни двата тима премногу, ама после утакмицата и со моето познавање од повеќегоднишно следење кошарка - во состојба сум да направам солидна анализа на играта, и на стратегијата од двата тима.
Дали тоа мене ме прави иден тренер на НБА тим, или макар добар аналитичар? - Никако, и најверојатно не. Но секако ме прави ебано подобар познавач од некој рандом стандарден навивач на кој пуканките му се најинтересниот дел од доживувањето (на пример некој како тебе, од геополитички аспект - пошто не знам колку пратиш кошарка).

Епа така и со геополитиката. Од тоа што го пишуваш се сомневам дека воопшто ги имаш следено во детали настаните во Венецуела, Тунис, Египет, Либија, Сирија, Украина... итн.
Да ги имаше следено, лесно ќе видеше целосно поклопување на некои детали со нашите случувања. Ти дури ни македонскава „обоена револуција“ немаше да ја следиш да не ти се уклапаше во партиските навијачки муабети.

Затоа сега со своето незнаење и по еуфоријата од масовната конгрегација, паѓаш во несвест од брзање затоа што на еден митинг немало насилство (и дајбоже и да нема). Но забораваш дека на претходни митинзи и тоа како имаше насилство од страна на демонстрантите. Забораваш и уште колку големи собири повеќе од веројатно ќе има во претходниот период што е пред нас.
Забораваш, или се правиш дека си заборавил. Не знам што е полошо.


Пак ќе кажам, дајбоже се да биде без страња. Ама сето тоа што го гледам, споредено со сето тоа што сум го видел во земји кон чие дереџе полека се движиме - мене многу ме плаши. Истото тоа тебе те смее, затоа што не знаеш.
Благословот на глупите и на неуките. Други се грижат за вас.
А бе дете. Имаш класична мисловна матрица на сите теоретичари на завери. Утврдуваш еден шаблон и потоа се обидуваш да го примениш на сите наизглед слични ситуцаии. Користа од твојот метод за предвидување на идни настани е никаква, како што се виде вчера.

Споредуваш баби и жаби. Мислиш дека е исто да се урне Гадафи и да се урне Груевски, и дека тоа се прави со исти методи. Циркус. Гадафи да дупнеше со стапче во земјата, излегуваше нафта од неа. Државата му беше финасиски независна и силна. На Груевски две сметки во странство да му замрзнат, ќе поднесе оставка.

Од идиотски премиси, излегуваат идиотски заклучоци. Идиотската премиса е дека САД од петни жили се обидува да го турне Груевски. Идиотскиот заклучок од тоа е дека САД го исценира настанот во Куманово. И џабе ќе се објаснуваме. Ти си заглавен во светот на заговори, и имаш моќ за критичко размислување на полумртво врапче. Ништо да не се деси на безбедносен план уште десет години, ти сеуште ќе тврдиш дека твоите анализи се валидни за единаесетата година.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.849
Поени од реакции
11.477
До некаде се сложувам со тебе Ставро, иако не можам да ја исклучам инволвираноста на САД во овој настан. Од друга страна, секако дека во мене постои сомнеж дека е тоа исценирано од страна на коалиционите партнери, но не сакам да верувам во тоа.
Е сега, можеби е и комбинација од двете. Надлежните знаеле дека постои таква група, ја прателе и чекале да удар на неа во даден момент, кој на нив би им одговарал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom