Морам нешто да ти објаснам. Геополитиката ти е како фудбалот, секој мисли дека се разбира. Нити ти, ниту јас немаме пристап до навистина вредните информации. Било која информација која ти или јас можеме да ја добиеме на нет, не вреди скоро ништо. Вистинските коридори на моќта, информациите кои управуваат со светот, се затворени и за мене, и за тебе. Јас сум свесен за тоа, ти не си. Ти си имаш една замислена слика за светот, и таа слика се обидуваш да ја поткрепиш со одбрани информации. Тоа не те прави попаметен или поинформиран, те прави понаивен.
Овој пат одбра да веруваш дека САД ни прави упад во безбедносниот систем во земјата. Таа идеја те доведе до претпоставка дека на Македонија му се заканува македонски Мајдан. Дебело се насанка. Сега, наместо да си размислиш за почетните тези, ќе ја виткаш теоријата се додека не дојдеш во ситуација повторно да можеш да живееш со тоа, без да си ги преиспираш ставовите.
Инаку, јас не глумам никакво интелектуално ниво, ниту со некој претенциозен израз, ниту со некое замислено надзнаење. За разлика од некои тука.
[DOUBLEPOST=1431894969][/DOUBLEPOST]
Кога Србин ја поддржува политиката на ВМРО, веднаш ти станува јасно дека нешто е отидено у пизду матер.