ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Verdict

Galadriel
Член од
21 мај 2012
Мислења
2.197
Поени од реакции
2.114
Овие па играат на картата "абе албанци на првите редови ви се" а Прилепските пратеници од власта кажаа ДА за амнестирањето, па пред некој ден се поклонија пред споменикот на загинатите кај Карпалак во чест на загинатите во Куманово.
Живи драми.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.055
Поени од реакции
29.418
Морам нешто да ти објаснам. Геополитиката ти е како фудбалот, секој мисли дека се разбира. Нити ти, ниту јас немаме пристап до навистина вредните информации. Било која информација која ти или јас можеме да ја добиеме на нет, не вреди скоро ништо. Вистинските коридори на моќта, информациите кои управуваат со светот, се затворени и за мене, и за тебе. Јас сум свесен за тоа, ти не си. Ти си имаш една замислена слика за светот, и таа слика се обидуваш да ја поткрепиш со одбрани информации. Тоа не те прави попаметен или поинформиран, те прави понаивен.
Aко нешто во случајов мене ме прави наивен, е тоа што се обидувам да чесно да дискутирам со тебе. Суета, јбг. :)

Споредбата на фудбал со геополитика, е всушност навистина добра компарација. Токму заради тоа што секој мисли дека се разбира (во едното или во двете). Но и кај фудбалот и кај геополитиката, постојат и такви што навистина се разбираат.
Јас конкретно, знам сосема добро колку (многу) не знам. Но поважно - знам и колку (повеќе) ти не знаеш.

Кога се прави анализа, таа не мора да биде заснована на супер тајни информации. Тие информации најчесто не ги знаеме, таквите како нас на форумов. Но последиците од геополитичките потези, нив сите ги гледаме секојдневно на вестите. Нив - последиците, нив можеме да ги анализираме.

За да ти биде полесно да разбереш, држ уште една спортска паралела (само извини што нема да биде со фудбал). Еве сега само што ја изгледав седмата утакмица од плејоф дуелот меѓу Хјустон и ЛА. Не ги пратам ни двата тима премногу, ама после утакмицата и со моето познавање од повеќегоднишно следење кошарка - во состојба сум да направам солидна анализа на играта, и на стратегијата од двата тима.
Дали тоа мене ме прави иден тренер на НБА тим, или макар добар аналитичар? - Никако, и најверојатно не. Но секако ме прави ебано подобар познавач од некој рандом стандарден навивач на кој пуканките му се најинтересниот дел од доживувањето (на пример некој како тебе, од геополитички аспект - пошто не знам колку пратиш кошарка).

Епа така и со геополитиката. Од тоа што го пишуваш се сомневам дека воопшто ги имаш следено во детали настаните во Венецуела, Тунис, Египет, Либија, Сирија, Украина... итн.
Да ги имаше следено, лесно ќе видеше целосно поклопување на некои детали со нашите случувања. Ти дури ни македонскава „обоена револуција“ немаше да ја следиш да не ти се уклапаше во партиските навијачки муабети.

Затоа сега со своето незнаење и по еуфоријата од масовната конгрегација, паѓаш во несвест од брзање затоа што на еден митинг немало насилство (и дајбоже и да нема). Но забораваш дека на претходни митинзи и тоа како имаше насилство од страна на демонстрантите. Забораваш и уште колку големи собири повеќе од веројатно ќе има во претходниот период што е пред нас.
Забораваш, или се правиш дека си заборавил. Не знам што е полошо.


Пак ќе кажам, дајбоже се да биде без страња. Ама сето тоа што го гледам, споредено со сето тоа што сум го видел во земји кон чие дереџе полека се движиме - мене многу ме плаши. Истото тоа тебе те смее, затоа што не знаеш.
Благословот на глупите и на неуките. Други се грижат за вас.


Остани ми поздравен. (само овојпат, со пригодна песна) ;)
 
Последно уредено:
W

wicked_1

Гостин
Индициите наведени од Никовски во неговата книга, самиот ги истражив и затоа ги дополнив со линковите во постот.
Фокусирај се на фактите, не на личноста.

Во поглед на темава, без разлика на холивудската репутација на Русија, мислењата од нивните високи челници не смеат туку така лежерно да се игнорираат, а истите нетипично беа преќутени од страна на светските западни медиуми.
Тоа ми дава дополнителна причина да верувам дека станува збор за криза оркестрирана од надвор.
Не е уопште личност од која треба да се извлече било каков став, тезите како шо вика Орданоски му се за во трибини у с.Кучково.
Тука како некои членови тотално да го имаат копирано у врска со неговите ставови, од Грчкиот фактор, до Сорос, до анти-нато/еу, гасоводи, и крајниот пребег Русија. Изгледај го видеото ќе оцениш колку тешко проаѓаат тие провидни тези кога ги презентира надвор од лејтнајт шоу-та на мегафоните. Не се фокусирам јас на личноста, него на неговите ставови кои се смешни и предвидливи, сепак најверојатно си има посебен мотив да има таков светоглед, свесно
Сеа јас пишав колку излегоа релевантни тие изјави, Србија знае 99та, Крим 2014, а историски од наш аспект, мислам Ставрогин го пиша ставот околу МКЦ, тоа па не е потребно да се раздлабочува.
 
Член од
18 март 2009
Мислења
1.120
Поени од реакции
343
Бидете свесни дека голем дел од Македонците се палат на некојси православен брат Путин кој се бори со тигрови, лавови, игра хокеј и балет, истовремено е и пилот и формула шофер и се и сешто и тој е нашиот спасител од канџите на западната тиранија, наместо да ја согледаат реалната ситуација и нашето опкружување. Тоа е исто како да се скараш со девојка ти зошто на светов постои Станија и има некаква веројатност да имаш секс со неа, еднаква на веројатноста да видиш диносаурус.
 

Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583
Кога сме кај кримосите, слушнавме и за едните, но и за оние другите, за оние провизии од 200%, па и за онаа криминална приватизација и одлевањето 15 милијарди долари, делењето тендери на свои блиски. итн. Народот ги става на кантар и едните и другите, затоа и го одбира помалото зло.

Што се однесува на Русија, Русија 1999 г. со Јелцин и онаа од 2015 г. со Путин се сосема други држави. Сега Русија е супер сила. Во 1999 г. Русија немаше никаков интерес од Србија, а денеска Русија има огромен интерес од Македонија зошто тука треба да минува 70% од рускиот гас за Европа. Кога Русија има интерес, си делува како во Ј. Абхазија, Ј. Осетија (ги ослободија од грузиската окупација), Белорусија (ја штитат од западните портокалови револуции), Нагорно карабах (ги штитат Ерменците во Азербеџан), Сирија, Куба, Бразил, итн. Исто така, порано Кина немаше интерес во Македонија, но сега низ Македонија треба да поминува кинескиот транзит на роба од кинеското пирејско пристаниште и така Македонија стана важна за Кина. Односот на светските сили во последниве 5 години се менува, па така се менуваат и македонските интереси.

п.с. Се извинувам на Братот.
Сите овие места се во самиот двор на Русија,и одтука како регионална сила може да се дозволи да си ги штити пред се своите интереси,Сирија не успеа да ја заштити,само делумно во случајот со хемиското оружје,така да тешко нас ако чекаме од русија да не брани од западниот империјализам изразен преку албанскиот екстремизам.Русија никогаш не застанала на наша страна,кој ја направи Сан Стефанска Бугарија
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Не е уопште личност од која треба да се извлече било каков став, тезите како шо вика Орданоски му се за во трибини у с.Кучково.
Тука како некои членови тотално да го имаат копирано у врска со неговите ставови, од Грчкиот фактор, до Сорос, до анти-нато/еу, гасоводи, и крајниот пребег Русија. Изгледај го видеото ќе оцениш колку тешко проаѓаат тие провидни тези кога ги презентира надвор од лејтнајт шоу-та на мегафоните. Не се фокусирам јас на личноста, него на неговите ставови кои се смешни и предвидливи, сепак најверојатно си има посебен мотив да има таков светоглед, свесно
Сеа јас пишав колку излегоа релевантни тие изјави, Србија знае 99та, Крим 2014, а историски од наш аспект, мислам Ставрогин го пиша ставот околу МКЦ, тоа па не е потребно да се раздлабочува.
И бидејќи вртиш ко киша око Крагуевца, овие референци ја прават разликата во издржаноста на мислењата:
1. http://www.hri.org/docs/Macedonia/doc1.html
2. http://ahiworld.org/media-center/press-releases/2000/170-clintongore-on-us-relations-with-greece-cyprus-and-turkey-a-record-of-broken-promises-and-violations-of-the-rule-of-law.html

Тоа се документирани факти, интересно е што како и изјавата на Лавров, сега се правиш слеп и пред оваа изјава на Стејт Депт и Клинтон.

Нашава дискусија е пример за самоуништувачкиот инает кај Македонците, сега би можел и видео изјава од Обама да постирам дека ги ополномошнил терористите во Куманово, а ти и даље ќе ми вртиш бош муабет инспириран од ликови ко Орданоски.
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Sergej Lavrov poručio: Moskva će učiniti sve da zaštiti Balkan od „Velike Albanije“


...Lavrov je tokom susreta sa Dačićem bio još oštriji, poručivši da se globalna prestrojavanja moći i uticaja očigledno prelamaju i na naš region:

Imam utisak da se i to dešava u kontekstu odbijanja Makedonije da uvede sankcije Rusiji i spremnosti Skoplja da učestvuje u projektu „Turski tok“. Napadi u Kumanovu dobro su pripremljene terorističke akcije. Zabrinuti smo zbog Kosova i BiH, Islamska država je već bila aktivna na Balkanu, siguran sam da Brisel to vidi, ali stidljivim reakcijama pravda neefikasnost vlastitih napora....
http://www.vestinet.rs/tema-dana/sergej-lavrov-porucio-moskva-ce-uciniti-sve-da-zastiti-balkan-od-velike-albanije

Sega dali e vo prashanje "obechanje ludom verovanje" ili e seriozen stav na Ruskata Federacija vremeto ke kazhe.
 
Член од
27 октомври 2014
Мислења
141
Поени од реакции
147
Capture.PNG [DOUBLEPOST=1431932327][/DOUBLEPOST]
Ова ли се спинува по порталите па дечково си има облечено маица на која ја има Албанија , ама на народот ако му кажеш дека денес имало со Зајко луѓе кои носеле маици на голема Албанија тие тоа ќе го проголтаат како вистинско пошо нели 99% ќе се згрозат од текстот а сликата ко ќе ја видат. За сите што не сте виделе ова не е знамето на голема албанија кое што со дрон го имаше на утакмица Србија Албанија. Чисто да си знаете.
Тие 10 добри албанци што биле на протест секако дека не го претставуваат мнозинството на албанското мислење
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.527
Поени од реакции
26.015
Uste ima lugje sto mislat deka teritorijata na tipot so maicata e golema Albanija. :D
Ова ли се спинува по порталите па дечково си има облечено маица на која ја има Албанија , ама на народот ако му кажеш дека денес имало со Зајко луѓе кои носеле маици на голема Албанија тие тоа ќе го проголтаат како вистинско пошо нели 99% ќе се згрозат од текстот а сликата ко ќе ја видат. За сите што не сте виделе ова не е знамето на голема албанија кое што со дрон го имаше на утакмица Србија Албанија. Чисто да си знаете.
Кога више збориме за маицата на дечкото... Да, не е голема албанија, ама пишува „автохтона“. Е сеа вие погодувајте што он подразбира под автохтона Албанија.
Иначе ова е транспарентот што влета со дрон на стадионот кога се испотепаа со Србите. Изгледа познато?


Патем, мислам дека тие што не живеат во „мешани“ средини и познаваат двајца - тројца Албанци треба да престанат да не убедуваат дека они сите се овчички и немаат интерес за војна. Да, има доста позитивни промени кај нив, најмногу кај помладите генерации, ама далеку сме од браќа.


А на пример изедначувањето на децата од Смилковци со терористите во Куманово кои убија 8 полицајци , што значи?
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Голем дел почнува да се свестува и да ги тргне мислите од голема албанија,голема македонија,војна,омраза итн...заради тие скапани пропаганди и тие што се свесни и што сакат соживот страдаат...но пак и тука не ни можат ништо...тие што се паметни и свесни,секогаш ќе живеат заедно и ќе имат соживот. Нека не ве лаже умот на поединци,па макар и група од илјадници. Тој што покажува почит и памет истото треба да се возврати.
 

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
А на пример изедначувањето на децата од Смилковци со терористите во Куманово кои убија 8 полицајци , што значи?
Не знам зошто сум цитиран ама ај... „Изедначувањето“ е само едно можно толкување. Јас лично не гледам изедначување на случаите. Ова може чисто да значи дека и во Куманово и во Смилковци Македонија изгуби синови и дека секој нормален (Македонец или Албанец) тагува за тие изгубени животи. Тоа што се на ист транспарент е веројатно затоа што и двата случаи се случија под капата (за време на владеењето) на моменталната власт против која се протестира.
Голем дел почнува да се свестува и да ги тргне мислите од голема албанија,голема македонија,војна,омраза итн...заради тие скапани пропаганди и тие што се свесни и што сакат соживот страдаат...но пак и тука не ни можат ништо...тие што се паметни и свесни,секогаш ќе живеат заедно и ќе имат соживот. Нека не ве лаже умот на поединци,па макар и група од илјадници. Тој што покажува почит и памет истото треба да се возврати.
Се согласувам. Ама да збориме искрено, откажувањето од намерите и желбата за Голема Албанија и мирен соживот не значат дека тие освестени Албанци (во случајов) ја чувствуваат Македонија како своја татковина и дека би мрднале со мал прст за доброто на таа татковина. Кога тие Албанци ќе гласаат (евентуално) против промена на името, на пример, е тогаш можеме да речеме дека почнува заемната почит и вистинското братство и единство. Јас лично сакам да верувам дека сме тргнале по тој пат, ама во најдобар случај, во моментов сме само на почетокот од такво нешто.
 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.625
Поени од реакции
7.661
Голем дел почнува да се свестува и да ги тргне мислите од голема албанија,голема македонија,војна,омраза итн...заради тие скапани пропаганди и тие што се свесни и што сакат соживот страдаат...но пак и тука не ни можат ништо...тие што се паметни и свесни,секогаш ќе живеат заедно и ќе имат соживот. Нека не ве лаже умот на поединци,па макар и група од илјадници. Тој што покажува почит и памет истото треба да се возврати.
Aко не си знаел, Косово е на прво место со 125 борци на милион жители кои војуваат во Сирија, Ирак и ИСИЛ - податок од косовскиот Центар за студии и безбедност.

http://www.b92.net/info/vesti/index.php?yyyy=2015&mm=04&dd=15&nav_category=640&nav_id=980795

http://www.evropaelire.org/content/article/26955374.html
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.527
Поени од реакции
26.015
Јас лично не гледам изедначување на случаите. Ова може чисто да значи дека и во Куманово и во Смилковци Македонија изгуби синови и дека секој нормален (Македонец или Албанец) тагува за тие изгубени животи. Тоа што се на ист транспарент е веројатно затоа што и двата случаи се случија под капата (за време на владеењето) на моменталната власт против која се протестира
Разликата е во тоа што во Куманово организирана вооружена група терористи убија истовремено 8 полицајци, додека децата во Смилковци беа егзекутирани најбрутално. А ти повторно тагувај за животите на тие 10 терористи, кои воопшто не се разликуваат од оние кои ги егзекутираа децата кај Смилковци. Работата е како што кажа Разиел продолжуваат со броење. Беше 5:2 а сега сме 13:12. Бравос за логиката.

BTW, кај се напишани полицајците? Или жртвите на бруталната словомакедонска полиција не се рачунаат.
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Не ме интересира мене за Косово друже,јас во Македонија живеам. Ако сака и цел Балкан во пламен нека е,но кај што живееме во Македонија,во нашата држава, треба да останиме присебе,свесни и да живееме како што доликува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom