ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Мене ми е јасно тоа брат. Затоа постот беше така и напишан поточно вриеше со „генерализација“. Изнавреѓав се и сешто пошто 90% од овдека што коментираат сериозно мислат така, 90% од тие што излегоа во саботата на протест, или плукаа што бил откажан маратонот мислат така. А усвари само мислат дека мислат.

Кога праша Дињава дали сум излегол на протест во Прилеп, одговорот што го дадов беше „ми се згади шта направија фарса од тоа “. Деца...од група од 200-300та луѓе, напред имаше 50тина деца, што се смее, заебвааа, пцуеа и пукаа петарди, а тие што ги „координираа“ гордо одеа позади нив. Нормално е дека во Скопје ќе најдат поголеми будали, што во поголеми протести ќе направат поголеми глупости.
Ме интересира, што ти како член на УМС мислиш за снимките? Дали сметаш дека некој треба да понесе кривична и политичка одговорност?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.479
Поени од реакции
68.945
Според Сител, СДСМ преку Сорос добиле средства за да набават огнено оружје и веќе имале пунктови во кои луѓето што ќе протестираат можеле да си набават оружје.
Паралелно, откако виделе дека не можат ништо со запалени контењери, СОРОС решиле да набават багери со кои ќе се газеле полицајците.

Често викам дека ништо не ме изненадува, ама овие толку забегаа што мислам дека дното конечно е допрено.

Толку агресивна кампања на провладините медиуми не е напразна, нападот е најдобра одбрана, само од што се бранат се прашувам? :)

Некако сите што ме правеа улав пред два дена, си нашле по еден познаник полицаец кој рекол дека е разочаран од Јанкуловска и од надредените и дека смета дека биле пуштени во чиста местенка.

Македонец не можел да прати друг Македонец во смрт.

Само така мислете си и ќе си живееме во розовиот сителов свет кој комуњарите пробуваат да ни го нарушат! Клети комуњари.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Мене ми е јасно тоа брат. Затоа постот беше така и напишан поточно вриеше со „генерализација“. Изнавреѓав се и сешто пошто 90% од овдека што коментираат сериозно мислат така, 90% од тие што излегоа во саботата на протест, или плукаа што бил откажан маратонот мислат така. А усвари само мислат дека мислат.

Кога праша Дињава дали сум излегол на протест во Прилеп, одговорот што го дадов беше „ми се згади шта направија фарса од тоа “. Деца...од група од 200-300та луѓе, напред имаше 50тина деца, што се смее, заебвааа, пцуеа и пукаа петарди, а тие што ги „координираа“ гордо одеа позади нив. Нормално е дека во Скопје ќе најдат поголеми будали, што во поголеми протести ќе направат поголеми глупости.
Будали, кретени, платеници, наречи ги како сакаш. Дудлачи исто така можеш да ги наречеш.
Муабетот ми е дека се осеќам повикан кога некој ќе напише „каде сте сега, вие што протестиравте против полицијата“ а знам дека во живот нит сум имал проблем со полиција, нит сум имал конкретно нешто против полицаец, нит некој ми направил проблем, посериозен. Знаеле џандари да го дудлаат за глупости кога су бил со кола или низ маало кога од занимација не треселе неколку пати и ни барале лични карти а сме останувале надвор после 11 али тоа е тоа во принцип. Се протестираше против врвот на МВР (барем јас) зошто во време на таа министерка се случува терористички напад Гошинце, терористички еве напад Куманово, стави го тука и Мартин и обидот (што треба кривично да одговара) да се затскрие убиството, стави го тука Смилковско (не сакам да помислам што снимки има оној кретенон и што ќе извад) итн итн...

Убаво пиша Фрос. Се надевам дека од дудлачите што го цицаа деновиве цел ден со такви постови никогаш ништо нема да кажат кога доктор ќе им сјебе дијагноза зошто сите хирурзи, лекари, доктори, сестраи беа мобилизирани и по болници за време на изминатите 3-4 дена.

Грдо е малку тоа „кај сте сега?“, не се согласуваш?
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.168
Поени од реакции
5.015
http://almakos.com/index.php?news=78158


Превод од видеото од коментарите на луѓето молам, не од текстот...
Им викаат дека се непожелни, дека касно дошле, дека овие од ДУИ знаеле за групата и ништо не превзеле за да спречат да има конфликт бидејќи тоа е од корист за Владата, дека требало да се повлече цивилното население...

Главниот револт на граѓаните е кон власта.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.168
Поени од реакции
25.746
Не може така. Ако нема кривична одговорност за слушнатото на снимките, нема да имаме легитимитет. Ниту како народ, ниту како држава. Подобро ќе биде да не нема. Не знам како ова не ти е јасно. Има еден момент каде што политичкиот прагматизам се остава на страна, и каде што правдата мора да биде задоволена.
Во тој случај во светов моментално требаше Путин и Обама да бидат во затвор заради формирање на злосторничка група и противзаконско акумулирање на руското јавно добро и незаконско прислушкување на милиони граѓани на светот соодветно. Меркел требаше да биде политички делегитимирана заради директно и агресивно мешање врз внатрешните работи на неколку држави.

На Балканов Ѓукановиќ, Вучиќ и Борисов требаше да лежат долги затворски казни, за милион работи за кои имаат и признаено дека ги направиле.

Во Македонија Заев веќе требаше да биде во затвор за Глобал, Груевски требаше да биде во затвор за некоја од стотиците работи што ги има направено, и буквално секој градоначалник во последниве 70 години требаше да биде во затвор за злоупотреба на службена положба во најмала рака.

Правдата во реал политика е непостоечки концепт. И не само кај нас.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.272
Според Сител, СДСМ преку Сорос добиле средства за да набават огнено оружје и веќе имале пунктови во кои луѓето што ќе протестираат можеле да си набават оружје.
Паралелно, откако виделе дека не можат ништо со запалени контењери, СОРОС решиле да набават багери со кои ќе се газеле полицајците.
Заев веќе бил на тренинг за снајперисти во кампот за обука на Сорос во Велмеј, а Радмила во чантата носела експлозив да се разнесе на некој протест
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Во тој случај во светов моментално требаше Путин и Обама да бидат во затвор заради формирање на злосторничка група и противзаконско акумулирање на руското јавно добро и незаконско прислушкување на милиони граѓани на светот соодветно. Меркел требаше да биде политички делегитимирана заради директно и агресивно мешање врз внатрешните работи на неколку држави.

На Балканов Ѓукановиќ, Вучиќ и Борисов требаше да лежат долги затворски казни, за милион работи за кои имаат и признаено дека ги направиле.

Во Македонија Заев веќе требаше да биде во затвор за Глобал, Груевски требаше да биде во затвор за некоја од стотиците работи што ги има направено, и буквално секој градоначалник во последниве 70 години требаше да биде во затвор за злоупотреба на службена положба во најмала рака.

Правдата во реал политика е непостоечки концепт. И не само кај нас.
Така е. Ама никој никогаш не бил тоолку фатен со турнати гаќи како Груевски и компанија. Сите кои ги наброја имале барем нешто што личи на алиби, Груевски нема. Кога Никсон го фатија вака, знаеш што се случи. Еве што мисли еден германски новинар за ова.

Груевски и други политичари од ВМРО ДПМНЕ се неволно протагонисти на најголемиот политички скандал од осамостојувањето на Македонија во 1991 година. Опозицискиот лидер Зоран Заев објави прислушувани телефонски разговори на политичари од ВМРО ДПМНЕ кои документираат систематска злоупотреба на власта. Иако не се‘ во снимките е толку скандалозно како што најави Заев, во функционирачка демократија обвинувањата одамна ќе беа доволни за оставка на владата до нивно разјаснување.
 
Член од
11 октомври 2009
Мислења
79
Поени од реакции
30
голем број на Албанци веруваат во идејата за голема Албанија како и колем број на Македонци сакаат етничка чиста Македонија, тоа се најчесто исфрустрирани, затупени луге, кои на прво место би го ставиле криминалот отколку да парават некоја корисна работа во животот, исто така има голем број на Албанци и Македонци (оние нормалните) кои знаат што значи соживот и водење на еден обичен и нормален живот. Така што ние нормалите треба да излеземе и да кажеме не на ова посебно Албанците, да излезат и да кажат СТОП НА ОВА СРАЊЕ ( не политички) СТОП ЗА ТЕРОРИЗМОТ, бркајте работа лудаци едни ние не ве подржуваме
Кој е ЗА од Албанциве на форумов, за еден мирен непартиски и не политички протест, чисто и најискрено против теророт
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.649
Поени од реакции
12.480
Ме интересира, што ти како член на УМС мислиш за снимките? Дали сметаш дека некој треба да понесе кривична и политичка одговорност?
И кривична и политичка. Секој замешан. Од ВМРО до СДСМ. Лошото е што неможат да ги гонат кривично, поради тоа што снимките се нелегално добиени. А политичка одговорност би сносиле едино доколку народов се освести. Реално, не гледам да е така. За жал :(

Будали, кретени, платеници, наречи ги како сакаш. Дудлачи исто така можеш да ги наречеш.
Муабетот ми е дека се осеќам повикан кога некој ќе напише „каде сте сега, вие што протестиравте против полицијата“ а знам дека во живот нит сум имал проблем со полиција, нит сум имал конкретно нешто против полицаец, нит некој ми направил проблем, посериозен. Знаеле џандари да го дудлаат за глупости кога су бил со кола или низ маало кога од занимација не треселе неколку пати и ни барале лични карти а сме останувале надвор после 11 али тоа е тоа во принцип. Се протестираше против врвот на МВР (барем јас) зошто во време на таа министерка се случува терористички напад Гошинце, терористички еве напад Куманово, стави го тука и Мартин и обидот (што треба кривично да одговара) да се затскрие убиството, стави го тука Смилковско (не сакам да помислам што снимки има оној кретенон и што ќе извад) итн итн...

Убаво пиша Фрос. Се надевам дека од дудлачите што го цицаа деновиве цел ден со такви постови никогаш ништо нема да кажат кога доктор ќе им сјебе дијагноза зошто сите хирурзи, лекари, доктори, сестраи беа мобилизирани и по болници за време на изминатите 3-4 дена.

Грдо е малку тоа „кај сте сега?“, не се согласуваш?
Не ме сфаќаш очигледно. Затоа имав пишано протестирајте против Јанкуловска, влада, Груевски итн итн. Значи уште кога ќе отидеш на тој протест, ќе видеш кој за што излегол. Јас лично ја имам најголемата почит за таквите, и ја имаат мојата безрезервна подршка. Таквите кои што ти ги прозва и во кои спаѓате и ти и Фрос и Клип итн итн, јасно се знае за што протестирате, јасно се гледа какво мислењето имате за полицијата од самите ваши коментари тука, или да речам недостаток на коментари.

Пак ќе речам, целосна и безрезевна подршка за тие луѓе. Оние, што ја ги вреѓав и прозвав се пиуните политички од двете страни и оние будали што само јадат гомна по цел ден пробувајќи да бидат интересни. Тоа е уште поголем олош од претходните. Тие таквите ќе направат се, за да бидат во центар на внимание.

Луѓето со коментари „кај сте сега“, спаѓаат во олошот.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.168
Поени од реакции
25.746
Така е. Ама никој никогаш не бил тоолку фатен со турнати гаќи како Груевски и компанија. Сите кои ги наброја имале барем нешто што личи на алиби, Груевски нема. Кога Никсон го фатија вака, знаеш што се случи. Еве што мисли еден германски новинар за ова.

Груевски и други политичари од ВМРО ДПМНЕ се неволно протагонисти на најголемиот политички скандал од осамостојувањето на Македонија во 1991 година. Опозицискиот лидер Зоран Заев објави прислушувани телефонски разговори на политичари од ВМРО ДПМНЕ кои документираат систематска злоупотреба на власта. Иако не се‘ во снимките е толку скандалозно како што најави Заев, во функционирачка демократија обвинувањата одамна ќе беа доволни за оставка на владата до нивно разјаснување.
Бил, бил. Сноуден и Викиликс тотално го соголеа Обама. Па влакно не му фали. Заев вчера сам кажа дека има такви материјали и за него. Предходно беше со дебела документација фатен за Глобал.

Меркел, која е премиер на германскиот новинар што го напишал ова, била слушана. Зошто не ја објави во јавност содржината на снимките и не им покажа на Германците дека нема ништо компромитирачки тука? Дали тоа значи дека и Германија е нефункционална демократија?

Единствената разлика кај нас е што сме банана држава, која нема механизми и моќ да го спречи Заев да ги објавува снимките. Се друго е потполно исто со сличните скандали. Па и реакцијата на власта и кривичната одговорност на крај ќе биде иста.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
Сега веќе очигледно ти е тролањето. Патем барем смешно да беше.
Не ги антроморфицирај САД, тие не мразат - едноставно имаат јасно определени интереси и немаат никакви морални дилеми ниту скрупули, во врска со жртвувањето на трети држави како што е нашата. Си го гледаат интересот, и така треба да правиме и ние - посебно кога имаме опции за ново сојузништво каде би имале повеќе можности за исполнување на националните интереси.
Што толку му згреши америка на грујо за да оди против нив? КОј нивни интереси се косеа со нашите освен сега ситуацијава со гасоводот? Ако е поради тоа значи ни ти ни грујо немате појма од политика. Тоа ти е еднакво на самоубиство. Една либија падна која е светлосни години пред нас кога им се спротистави.
И прашањето е што ни згрешија нас америте за да одиме против нив, или што ни помогнале русите? Или пак очекува грујо грдни пари од гасоводот за да ги покрие долковите во кој е до гуша или да земе уште некоја пара, а за сметка на тоа ни се дешава ова што н исе дешава. И значи според тебе оправдано е покажување заби кон америте заради демек да не виткаме кичма.

Епа за твоја информација анс кичмата ни е свиткана многу многу одамна уште од зземањето кредити од секаде за да се расфрлаат тие пари по споменици и други глупости па сега ни со упцук (ако знаеш што е) неможе да се исправи таа кичма. Ако мислеше грујо дека ќе ги заебе америте и нема да ги врати парите и дека русија ќе застане позади нив во истиот момент си направил head shot а со тоа и на нашиов народ кој поради него треба да работиме за да ги вратиме неговите кредити кој ги зеде знаеме за што.

Кога веќе си го дал гзот под кирија чути и трај. Не се америте заев па ќе им го пуштам латас и ќе им исперам мозок....
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.798
Поени од реакции
17.566
Со мало закаснување ама нема везе.
Значи за момент заборавија Македонија и земи некоја рандом држава.
Што ако во таа некоја рандом држава нема петта колона или таа е ефективно елиминирана до толку да не претставува опасност по државното уредување. Како тогаш според тебе Американците , Русите, Кинезите итн итн ке донесат влада која ке им оди безусловно по волтите. Кои начини и средства им остануваат на располагање освен секако воена агресија. Тоа е твоја теорија и твои зборови. Еве малце да те потсетам што ти напиша:
На американците им треба влада што ќе слуша,нешто што мислам дека моменталната влада го прави. Доколку не го прави,ќе донесат некоја која ќе го прави тоа.
Така да баш би сакал да прочитам за начините и средствата со кои тие би ја донеле таа ете послушна влада според тебе ?
Намерно ја изоставувам Македонија од репликата од неколку разбирливи причини но верувам дека кога ке се потрудиш да дадеш одговор на прашањето во меѓувреме ке ти текне што ми е поентата.
Ама ја зборев за Македонија,не за било која земја. Ако збориме за било која земја,веројатно ќе идат со санкции и ако е воено слаба со воена акција. Ни тоа не мора да значи дека ќе успее,ни они не се семоќни ко што сакаме да ги претставиме ете пример во Иран.
Во Македонија нема потреба за тоа,најпрво од причините што ги дадов претходно(Албанците). Како второ,корумпирани политичари се лесно да се бутнат бидејки прљавите работи може Американците да ги извадат во јавност и да извршат јавен притисок. И ко трето и ние Македонците сме толку поделени што кога едните ќе дојдат на власт ги игнрорираат другите па лесно може да ги мењаат кога ќе си кренат акции.
А и забораив,во смешка држава како нашава ништо чудно и да ни убијат по некој политичар што се прави многу паметен.
Поентата пак не ти ја сваќам,дали е тоа дека ако немаме 5 та колона дека потешко ќе ја држат власта за муда?Да така е,само тоа е разлика помеѓу ние и еве пример Грците,кои може одвреме на време да им се спротистават на големите сили.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom