Новогодишен хејтеризам (sponsored by Точкест)

Статус
Затворена за нови мислења.

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Секој различно размислува на оваа тема. Енивеј, искрено мене интересно ми е, амбиентот, китењето елка и сите тие работи..:pipi:
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Ја сакам еуфоријата... Знам дека не е ништо посебно, ама промена е :) А јас ОБОЖАВАМ промени... И градот е поубав, накитен (освен некои дуќани што претеруваат)... Па мислење за поклончиња, честитки, пораки... Кај да се слаци, со кого, организација (најчесто јас организирам)... Некако ми е супер, ме држат зафатена, ми го исполнуваат времето... И китењето дома :) Мераци... Секогаш сум се радувала...
Ама оваа година слабо... Незнам зашто... Уште не ми се мисли на тоа... Дома не е исто а и нема да можам да китам ради мачето... Нема да можам да славам со личноста со која што најмногу сакам... И осеќам дека ќе биде најтапа нова година... Дома неможам да останам зашто ќе бидам сама, на друго место не ми се иде.... Појма немам што ќе биде... Еуфоријата уште ја нема :) Ваљда ќе се појави кај и да е... Има уште време, ама да не оставам за 5 до 12 :)
Како и да е, не е битно каде, битно е со кого, ако ти се погоди друштвото ќе си поминеш најубаво без разлика колку пари си дал... А за облека, си купувам ново зашто сакам (нешто да се подновам и со усул, да не кошта незнам колку) и никогаш не сум/би купила нешто што знам дека после нема да го носам...
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.217
Поени од реакции
941
Нова Година ми е најомилен празник од целата година, покрај последниот ден од јунска сесија, кој за мене исто така претставува празник.

И јас ја сакам еуфоријата, китењето елка, украсениот град и слично, но не можам да ги сварам тие што патуваат дури во странство да се подноват за Нова Година и особено оние кои што сакаат да слават негде, но чекаат друг да им најде каде.

Не викам дека јас не би сакал некој да ми организира, но секако не тормозам други по 10 пати на ден, затоа што едноставно сметам дека “подобри се во организирање од мене“. Друго нешто што ме нервира е што ќе се договорам со определени луѓе, кои што ќе викнат уште некои други од причина што “греота се и нема смисла да седат дома“.

Што се однесува до Божиќ, отсекогаш ми бил второстепен за сметка на Нова Година. Знам дека не треба да е така, но уште од мал на тој ден дома не се правело ништо посебно, па поради тоа и сега немам некоја посебна Божиќна еуфорија. Подароци не разменуваме а и искрено не познавам лично некој да разменува. Идејата е убава но потребни се финансии. Доволни се родендените а и нели поубаво е чувството ако се добие подарок неочекувано.

Бадник и Стара Нова Година ми немаат значење. Веќе почнува учењето за февруарска сесија, а тука се и колоквиумите. Ми значеа кога бев средно, бидејќи беа во состав на распустот :kez:
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Секој различно размислува на оваа тема. Енивеј, искрено мене интересно ми е, амбиентот, китењето елка и сите тие работи..:pipi:

И, не би ти било убаво на триес први да останеш дома и да и се восхитуваш?:pipi:
 
N

NeMiRnA

Гостин
А јас мразам муабети пуни со глупости!
Добро бе како може да ви биде сеедно кога некој што го сакаш те мољака да одите некаде,полн таков со возбуда,демек убаво ќе си поминеме и да го одбиеш.Па не сум до толку себична е*а го.Ќе преќутам,ќе издржам,толку викенди сум искиснала надвор,па за една Нова година да направам нечиј кејф на човек што ми значи,најмал проблем ми е.Не се однесува на сите,си знае кој го пиша,а не ме цитираше,ќе се пронајде,не мора да ми одговори.
Што ќе се правам сега лицемер као ми се оди,ама ради темава,ај и јас да се придружам кон огорчените.Смешки!Не ми се слави бре,не ми се оди по гужви,ама заради другарка ми и заради други луѓе кои ги љубам ќе одам!
 
Член од
24 август 2008
Мислења
132
Поени од реакции
2
Mislam deka lugeto se euforicni za Nova Godina ne poradi docekot, tuku bas poradi godinata sto sleduva, znaete nadez za poveke sreka, pari, ljubov itn. A i tolku vozbuda vo vozduhot ne me ostava ramnodusna. Ne deka se zamaram za toa kade ke slavam i sto ke oblecam, ednostavno interesno e.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Mislam deka lugeto se euforicni za Nova Godina ne poradi docekot, tuku bas poradi godinata sto sleduva, znaete nadez za poveke sreka, pari, ljubov itn. A i tolku vozbuda vo vozduhot ne me ostava ramnodusna. Ne deka se zamaram za toa kade ke slavam i sto ke oblecam, ednostavno interesno e.
како да не.
тоа го има само на анкета како одговор на прашањето што очекувате од наредната година или кога ќе се избере мис на светот.

инаку, мислам дека луѓево не се дотолку па да мислат дека кога ќе помине 12 мед и млеко ќе тече :)

финтата е што едноставно не можеш да одолееш бе, се е околу тебе како од бајка (барем охрид последниве 2 години на плштад така е) а ти си рамнодушен... е јас не можам бе:helou:

да не спомнувам бомбардирања со дедо мраз и сл по телевизии... убаво е... :pipi:
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Последниве неколку години ми е одбивна целата Новогодишна еуфорија, пред се` бидејќи изгледа вештачко до немајкаде. Порано, пред 10тина години тој празничен период го доживував каде-каде поинаку, ма да тоа можда така било зашто за мене совршено беше да паѓа снег, да се џарам во разнобојните светилки, да ја накитам елката, да седнам до Дедо Мраз на неговата санка сред плоштад за да се сликам и да си добијам пакетче, а за се` остало ич уво не ми чуе.
Од тоа, единствено ми останала љубовта кон снегот, вербата во Дедо Мраз одамна ја нема, ми се повраќа од грдата елка сред плоштад и од тоа да пазам да не ми фрлат некоа петарда под нога, а веќе немам желба да ја красам елката, бидејќи лампионите кои некогаш со мерак ги закачував на гранчињата се скршени и од сите страни слушам за секакви проблеми...

И врв на се` е кога ќе се срчкаат сите од друштвото, бидејќи не може да се согласат сите во поглед на тоа колку пари да се собираат, а уште помалку па каде да се дочека д глоријс Нова Година.

За да ги избегнам сите нервози околу дочекот, оваа година фино лепо ќе си бидам со една личност, тоа ми е доволно.:pipi:
 

mean

:пипи:
Член од
12 октомври 2008
Мислења
587
Поени од реакции
24
Порано имав многу повеќе еуфорија за дочекот на Новата Година. Едвај чекав да ја китам елката дома, да го гледам градот накитен со миљон светилки и сл.

Сега сето тоа е сменето, буквално Новата Година ми е како и секоја вечер, нит се замарам со тоа да имам нова облека за таа вечер, нит ми е интересно да ја китам елката, нит праам нешто посебно. Баш како и секое искачање у град ја доживувам.

Оваа година би сакала да идам негде на помирно место, ван градов зашто ми е преку глава од Скопјево и сета таа еуфорија на собирање пари за дочекот (башка тоа што сите те крадат), на резервирање сепариња или вотев`р итн...

Новата Година најверојатно ќе ја поминам со една посебна личност. :back:
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Па оставам да видам дал сум само јас будала што сум вака не еуфорично загреан за ГОЛЕМАТА ВЕЧЕР или има и други истомисленици (кис4иња до сите и нека трепка)
:pipi:
Празници се ближат......празници се ближат
Мислам дека ти е грешка есапот. На страна од тоа кој што си купил за Нова Година и кој колку ќе потроши вечерта, значи оставајќи ги нашиве малограѓански навики Нова Година носи моменти на радост, среќа, светкање, чувство кое колку и да си ладнокрвен ќе го почувствуваш длабоко во себе. Не заради тоа каде е како ќе ја пречекаш туку заради самото тоа што дочекот го претставува. Светот влегува во нова година, со секој почеток се навраќаме на се што ни се случило и се што посакуваме да ни се случи, пред и по новиот почеток. Значи тоа е еден универзален светски празник, чие значење не е во трошењето пари и пијанчењето, туку во радоста што ја чувствуваме оние денови кога се дружиме со најблиските, купуваме подароци и кроиме планови.

Пробајте да излезете од нашава изградена замисла за она што треба да претставува Нова Година. Мака ми е секоја година да го правам истиот муабет. Затоа и решив годинава да се тргнам од она класичното славење, ќе си се посветам на лампионите, на Дедомразовците и на безбројте светилки кои веќе почнаа да никнуваат во Скопјево. Кој каде и како бил облечен и колку пари дал за резервација, ве молам, тоа се муабети кои само кај нас се вртат и се величат.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Нема чувство на еуфорија кај мене за Нова Година.Можи само едно добро дружење со пријателите зачинето со пијани муабети што би било ако би било,и дали е вистина тоа друже или не.Па добро ќе се напијаме и на крајот ќе се гушкаме и ќе плачиме(инаку трезен не плачам го сметам тоа за слабост)
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Мислам дека ти е грешка есапот. На страна од тоа кој што си купил за Нова Година и кој колку ќе потроши вечерта, значи оставајќи ги нашиве малограѓански навики Нова Година носи моменти на радост, среќа, светкање, чувство кое колку и да си ладнокрвен ќе го почувствуваш длабоко во себе. Не заради тоа каде е како ќе ја пречекаш туку заради самото тоа што дочекот го претставува. Светот влегува во нова година, со секој почеток се навраќаме на се што ни се случило и се што посакуваме да ни се случи, пред и по новиот почеток. Значи тоа е еден универзален светски празник, чие значење не е во трошењето пари и пијанчењето, туку во радоста што ја чувствуваме оние денови кога се дружиме со најблиските, купуваме подароци и кроиме планови.

Пробајте да излезете од нашава изградена замисла за она што треба да претставува Нова Година. Мака ми е секоја година да го правам истиот муабет. Затоа и решив годинава да се тргнам од она класичното славење, ќе си се посветам на лампионите, на Дедомразовците и на безбројте светилки кои веќе почнаа да никнуваат во Скопјево. Кој каде и како бил облечен и колку пари дал за резервација, ве молам, тоа се муабети кои само кај нас се вртат и се величат.
Мхм и три палми:)
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Мене ми е прекрасна целата атмосфера околу новогодишните празници, особено градот го љубам ова време од годината. Скопје украсено, на плоштад уличката од соништата, уште снекче да падне, ќе биде ко од бајка.:pipi:

Конкретно за 31 декември, факт е дека се претерува во припремите, расфрлањето со пари и целата еуфорија, ама факт е и дека 90% од луѓето што пишале тука, а и генерално, вечерва ќе ја дочекаат у „Носталгија“ или у „Картел“ со 2500че фрлено на наводно неограничено пиење и стоење меѓу непознати пијани луѓе до 6 сабајле. Така секогаш поминува дочекот.

Мене ме нервира што во последниве 3-4 дена, најмалку 10 души ме прашаа каде за Нова, на што јас секако немам одговор. Таму негде накај 29ти сигурно ќе знам. :icon_lol:
Последниве 5-6 години дочекот сум го поминувала на разни места, дискотеки, кафани, изнајмени станчиња, викендици, ама ниеднаш, баш ниеднаш, не сум го дочекала дома. И искрено мерак ми е оваа година да направам промена и да си останам во домашна атмосфера (по можност со интимно соодветно друштвенце), па конечно да ги фатам сите филмови по телевизииве, пошто маме им ебем ова програмиве цела година тиње филмови даваат, а баш за Нова кога никој не е дома ќе спукаат 5-6 филма по ред најбољи на цел свет. :icon_lol:

Може и ќе упадне некоја идеја што ќе ми го уништи планот за „славење“ дома, ама како и да е не планирам уште цел месец унапред да се опседнувам со една обична вечер, а уште помалце да планирам, зошто ноќите за Нова Година никогаш не испаѓале особено интересни во споредба со некои други во текот на годината.
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Пф, пробуричкај, минатата година истиов муает го праевме... и имаше дискусија дури... :) Сериозна...
Еј да, ми текнува. Изјавив дека нема да го поддржам протестот и ке одам да ја слушам Сека Алексиќ. :pos:
Инаку не ме нервира еуфоријата. Нова година е за луѓе со пари шо ке си поминат екстра и за луѓе со помалку пари ама со малку магија што исто така ке си поминат екстра или барем ке се потрудат да си поминат екстра.
И после брат ми ми вели дека сум почнала се` преку пари да гледам.:uvo:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
619
Поени од реакции
45
Нишо посебно. На ниедна Нова година не сум си прошол онака тенк. Све нешо фалело или не било уреду ама онака на сила нешо безвезе, или сум трезнел, или од шо не сум можел да поднесам сум се начукал и ме трезнеле и сум заебал вечер на други, ма све упм... Инаку ако годинава пак ги испратам моите негде, би било топ да седам дома да глеам некој црно бел хорор филм, да се начукам со пиво и да изедам 5 кила Доритос и со изваден к** да шетам на 1 јануари на моја улица.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom