Новогодишен хејтеризам (sponsored by Точкест)

Статус
Затворена за нови мислења.

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Интересен муабет западна во овие ситни саати па се инспирирав да отворам тема.
Новогодишна еуфорија која тотално ме вади од кожа, неможам да слушам и трпам луѓе што се лигават околу таа Нова Година. Еве во една прилика што ми рече татко ми "Море дете таа Нова Година ти и сите други ја дочекувате скоро секој викенд со останување до 3-4-5 саатот"
И прво си реков Ајде бе стари одјеби и не замарај ебате комуњарот, ама после некое време сватив дека и јас имам такво "комуњарско" размислување.
Гледам продавници накитени со лампиони и ред други џиџимиџарии, актуелно е прашањето Каде за Нова Година? Барањето карти резервирање сепариња организирање друштва и ред други работи околу таа ГОЛЕМА ВЕЧЕР. А што е уствари толку големо во таа вечер? Милионче ќе ми падне во џеб? Нешто магично ќе ми се случи или исти ташак само што во 00:00 наместо да побрзам зашто кафичот затвара ќе си речам Ајде среќна нова година, све најубаво бла бла бла бла бла бла бла бла бла бла бла......срање.
Али дефинитивно врв на еуфоријава е купувањето облека за ГОЛЕМАТА ВЕЧЕР, а уствари е толку голема што ќе се буниш што ќе го утнуваш датумот кога ќе пишуваш документи т.е. наместо 2009 ќе напишеш 2008 од пуста навика што си пишувал подолго време:)
Па оставам да видам дал сум само јас будала што сум вака не еуфорично загреан за ГОЛЕМАТА ВЕЧЕР или има и други истомисленици (кис4иња до сите и нека трепка)
:pipi:
Празници се ближат......празници се ближат
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
те поддржувам. нема ништо спектакуларно, магично и волшебно во врска со тој датум. ДАТУМ Е ФФС!!!
го делам истото мислење со тебе сине.
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
јас оваа година ама 2% не се умарам со нова година! Ќе си седам дома и ќе си слушам музиче дома и ќе си заштедам некои 10 000 денари. И ќе си јадам од сармата и руската салата на мајка ми и ич нема тулот да ме боли за све со се дешава у светов!!!!!!!!!1
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Да не го заборавиме и семоќниот Бада:)
Тоа е време кога мали деца ќе внесуваат кофеин многу пати повеќе од дозволеното затоа што Дедо Мраз ги лаже дека Кока Кола е најубавото нешто за Новата Година
Лонг лив Баденце:back:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Во право си Точкест, и јас го делам истото мислење за тебе во врска со Нова Година. Па секој викенд е Нова Година, на многу поубави прослави присуствувам преку годината отколку на 31 декември.
Не ми се сфатливи женските што пукаат по 10.000 за некои сатенски хаљини а машките за некои светљуцави кошули кои нема ни да ги облечат уште еднаш во нивниот живот. Комшиката моја, минатата година ми рикаше на мсн дека е многу разочарана што татко и и` оставил само 100 евра за да си купи облека. И што? Ајде, ќе помине вечерта, ќе се испијанчат сите, ќе исповраќаат, ќе се фукнат во кревет. Ќе се разбудат и ќе видат - на Сител го има Џемс Бонд со сите продолжетци, на А1 Сузе ни посакува бериќетна година а на МТВ нема сигнал. Клише.
За славење на оваа вечер, не сум некој пребирач, славев во 7мо, 8мо, прва, не ми се допаѓаше. Набутани милион копиљаци во стан, некои од нив ги гледаш првпат во живот, каде што секој си бара место за повраќање. Затоа минатата НГ ја славев со клубот од пливање во Банско, ем домашна атмосфера:), ем со снег си ја прославивме :) Затоа и оваа Нова Година ќе си ја прославам со најблиските.

Мислам, според мене најголема глупост ни е што на Нова Година и даваме повеќе важност отколку на Божиќ. Луѓево се повеќе потресени каде за НГ отколку што ќе им подарат на најблиските за Божиќ.


П.С. Веќе почна да кружи едното од трите* фамозни прашања кои ги мразам:
Каде за Нова година?


*Другите две се: Каде за Први Мај? и Каде на одмор?
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
*Другите две се: Каде за Први Мај? и Каде на одмор?
за овие не се слагам со тебе. тие две си ги поштуем. бар, траат повеќе дена, не транзиција од 1-2 секунди за да "дочекаш" нов датум.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Во врска со еуфоријата, има една златна комбинација...песна која се вика „Нова Година“ а ја пее изведувач со име НЕРВОЗНИ ПОШТАР :)))))))))))))))))
 

kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
не знам вистина...не е нешто посебно не се случува...пиење играње забавување можиш да направиш кога сакаш и секој ден да ти биде нова година...али пак нешто има шо те тера да ја чекаш новата дека ке биде поинтересно нешто ке се деси...али сепак истото е....
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Во врска со еуфоријата, има една златна комбинација...песна која се вика „Нова Година“ а ја пее изведувач со име НЕРВОЗНИ ПОШТАР :)))))))))))))))))
Сподели го тоа дело со нас бе Трнќе :)
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Пф, пробуричкај, минатата година истиов муает го праевме... и имаше дискусија дури... :) Сериозна...
 
Б

БејбиГрл

Гостин
Е ајде де...ич не ми е јасна и мене еуфоријата, па уште сеа почнаа прашањата "каде за нова год" :uvo: треба да се замарам цел месец (ахам, да). А па тоа со облеката колку го мразам, у бутик неможеш да се разминеш, и се светка :icon_lol: И шо на крај, ништо посебно, ко и секоја вечер само многу повеќе потрошени пари.
Не мислам ни нова год ни ништо, а има нешто добро ќе излезам ако не дома, ич не ми е гајле за фамозната вечер и каде ќе бидам
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Пф, пробуричкај, минатата година истиов муает го праевме... и имаше дискусија дури... :) Сериозна...
Тоа што пребарува не најде резултати затоа и ја отворив темава.
Ти Викторче кај ќе одиш за хепи њу иар?
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Ништо посебно. Џабе фрлање пари по скапа облека,обувки и незнам ти што таму. Само 1 година си постар.
 

pirlo21

којотот
Член од
12 јануари 2008
Мислења
2.052
Поени од реакции
2.055
Ништо посебно. Џабе фрлање пари по скапа облека,обувки и незнам ти што таму. Само 1 година си постар.
А што бе, на НГ демек ни е роденден?
Епа еуфоријата се ствара од организаторите, секој сака да викне што поише луѓе за да земе поголема пара, и тоа ни влага у глава и после сите масовно почнуваме да прашуваме.:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom