Гледам сега ќе ставале споменик и на Мисирков , па Велија го има поставено , се наоѓа во близина на плоштадот , зошто мора уште еден , зошто мора 800.000 евра , или колку ќе кошта да се потрошат на дупликат , гледам сега и другите оштини во Скопје ќе изградат споменици , споменик во Битола , споменик во Прилеп ... сите скапи.
За густината на спомениците но комент , расфрални на сите страни , близу Александар , ќе има и друг ... циркузијада.
Јас не сум некој компетентен , но мислам дека само споменикот на Александар без овие околу него ќе бидеше по величествен или пак овие околу него губат значење од големината на Александар.
Мене лично не би ме привлекле споменици за да отидам во некоја земја , зарем на европјанецот ќе му кажеш што е класицизам , барок ... или што ти ја знам , па тие ги имаат таквите сочувано со векови , а не изградено во 21 век , и мислиш дека ќе дојдат да ти ги гледат спомениците тебе , споменици и згради чија историја почнува со владетелот кој е сеуште жив.
Еден објект е по вреден кога има историја во него , настани поврзани со него , а не ќе гледаш објект во барок стил, ќе прашува туристот кога е изграден овој објект , кој владетел го изградил каква историја има , а водичот ќе му одоговара, нарачателот е сеуште жив и сеуште е владетел , тука е сместено миситерсвото за финансии.
40 милиони евра или 80 , можеби не се многу , но за Македонија се многу , кога ќе видиш колку лопати се фрлат за 200.000 евра инвестиција во некој пат или некое училиште , тогаш дефинитивно се многу, кога ќе видиш колкава делегација учествува при отварање на еден тениски терен , сепак многу пари се 40-80 милиони евра.
За што најмногу се говори во оваа земја последните 3 години ? За споменици другарче , главниот проект ти е споменици.
Додека во околината за овие 3 години се вложени сериозни пари во инфраструктура и економијата.
Разлика значи е :
- Кај нас ПРИОРИТЕТ за овие години се спомениците, објектите околу нив и копање по минатото...
- Кај останатите земји спомениците се при крајот таму негде во листата на приоритети , ќе го средат животниот стандард , па после ќе се заебаваат со споменици , дури и ако личат глупави и безвезни споменици , па им се може на нив , парите вложени во споменици не им се ни 0.001% од буџетските пари.