Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Не ти ја разбирам споредбата? Кај нас моментлано е друга ситуација, економија значи штедење ако не си знаел. Јас се радувам ан споемниците али од друга страна се гледа дека цените не се реални и не разбирам како некој тоа би го одобрил да палтиш нешто 100 пати поскапо пак ќе кажам тука е проблемот.
абе што да ти одговорам,ти ме читаш мене или не?
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Кај најдоа бе такви бои за зградава ццццц..зелено црна, по ружна комбинација неам видено :tapp:
:) Со слични бои имам видено и зграда во Скопје, инаку и мене не ми се допаѓа баш. Мислам дека проблемот е што речиси секоја нова зграда ја градат без да водат доволно сметка дека треба да биде складна со околина.

А за местово имам минувано од таму и мислам дека баш ќе се облагороди со споменикот, само ќе треба да се средат и околните тротоари.

--- надополнето ---

Тадааа!:) Во Бахреин

И? Има барем уште десетина слични споменици на кои донекаде личи, ама тоа не значи дека е плагијат. И споменикот "вљубени" личи на скулптура која што ја имам видено во епизда од Twilight Zone па што.

Впрочем која скулптура и да ја земеш можеш за истата да најдеш најмалку уште една којашто ќе личи на неа
 
T

Tetro

Гостин
Не е битно каква е, битно е за што е направена, битно е која е симболиката.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Власта инвестира во два споменика на Филип Втори во Скопје

Според веста долу, во Скопје ќе се постават два споменика на Филип II Македонски, само ме чуди зошто веќе готовиот споменик на Филип не се постави во Битола ???

Битолски власти соберете храброст и поставете го веќе одамна изработениот споменик на Филип. Или барем требало да го подарите на Скопје да не се трошат пари двапати.

Греота е да рѓосува така, во спротивно имајте доблест и признајте пред граѓаните дека ептен за џабе сте ги потрошиле парите за неговата изработка.


Не е голем трошок да се урне стариот постамент и да се гради нов за споменикот на Филип Втори во скопска Гази Баба – се бранат и општинските власти и поранешниот градоначалник Коце Трајановски кој пред три години го изгради стариот постамент кога го уредуваше плоштадот во автокоманда.

Над 900.000 евра се трошат за споменикот на Филип Втори – од општината потврдија дека парите не се од локалниот буџет.

Владата од централниот буџет ги финансира спомениците и во скопските општини Ѓорче Петров и во Аеродром. Филип Втори ќе биде поставен во Гази Баба во октомври. Скопски Бетон деновиве ги почна работите со уривање на стариот постамент. Ќе градат и фонтана украсена со четири женски фигури и четири антички воини кои над главата држат штитови.

Милка Смилевска
извор
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.292
Поени од реакции
5.350
2 споменика во еден град , иста историска личност, за оние кои немаат за автобус да платат за да го гледат во центар , ќе го гледат во Гази Баба.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Споменикот на Александар , пошто е толку високо , за подобро да го гледаш , треба да идеш у средина на камени мост , или најдобро од Кале.

Претеризам е целиот проект , на толку тесно место толку споменици ... колку се чудни диктаторите , Енвер Хоџа бил опседнат со бункери , цела Албанија ја бункеризирал , рачунајте колку бетон и челик е потрошено, цела Албанија работела за бункери , наместо со тој бетон и челик да се изграделе згради и домови за граѓаните , денеска исто во Македонија , цела држава работи за споменици , да му се задоволат желбите на владетелот демократ.
Енвер барем го унапредил сексот во Албанија.

Да не беа бункерите ќе немаше каде да се бапнуваат младиве.

--- надополнето ---

Гледам сега ќе ставале споменик и на Мисирков , па Велија го има поставено , се наоѓа во близина на плоштадот , зошто мора уште еден , зошто мора 800.000 евра , или колку ќе кошта да се потрошат на дупликат , гледам сега и другите оштини во Скопје ќе изградат споменици , споменик во Битола , споменик во Прилеп ... сите скапи.

За густината на спомениците но комент , расфрални на сите страни , близу Александар , ќе има и друг ... циркузијада.

Јас не сум некој компетентен , но мислам дека само споменикот на Александар без овие околу него ќе бидеше по величествен или пак овие околу него губат значење од големината на Александар.

Мене лично не би ме привлекле споменици за да отидам во некоја земја , зарем на европјанецот ќе му кажеш што е класицизам , барок ... или што ти ја знам , па тие ги имаат таквите сочувано со векови , а не изградено во 21 век , и мислиш дека ќе дојдат да ти ги гледат спомениците тебе , споменици и згради чија историја почнува со владетелот кој е сеуште жив.
Еден објект е по вреден кога има историја во него , настани поврзани со него , а не ќе гледаш објект во барок стил, ќе прашува туристот кога е изграден овој објект , кој владетел го изградил каква историја има , а водичот ќе му одоговара, нарачателот е сеуште жив и сеуште е владетел , тука е сместено миситерсвото за финансии.

40 милиони евра или 80 , можеби не се многу , но за Македонија се многу , кога ќе видиш колку лопати се фрлат за 200.000 евра инвестиција во некој пат или некое училиште , тогаш дефинитивно се многу, кога ќе видиш колкава делегација учествува при отварање на еден тениски терен , сепак многу пари се 40-80 милиони евра.

За што најмногу се говори во оваа земја последните 3 години ? За споменици другарче , главниот проект ти е споменици.

Додека во околината за овие 3 години се вложени сериозни пари во инфраструктура и економијата.

Разлика значи е :

- Кај нас ПРИОРИТЕТ за овие години се спомениците, објектите околу нив и копање по минатото...
- Кај останатите земји спомениците се при крајот таму негде во листата на приоритети , ќе го средат животниот стандард , па после ќе се заебаваат со споменици , дури и ако личат глупави и безвезни споменици , па им се може на нив , парите вложени во споменици не им се ни 0.001% од буџетските пари.
Ова и за албанските партии важи?

Бидејќи ако погледнеме дека низ селата во тетовско немаат што да јадат ама имаат мегаломански бетонско-мермерни споменици на УЧК па дури и заградени со порти.

Или да го изброиме бројот на џамиите изградени во последниве 5 години?


И нешто на страна, дали доколку со земјата 10 века владееле странски војски и ништо не се изградило, треба да бидеме заложници на ропските времиња и да се задоволиме со куќи земјанки?


Кога се критикува нека биде издржано, дека многу пари чинат некои глупи споменици и дека се ружни, премногу блиско итн. е оправдано, ама без вакви игнорантни и лицемерни коментари.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Енвер барем го унапредил сексот во Албанија.

Да не беа бункерите ќе немаше каде да се бапнуваат младиве.

--- надополнето ---



Ова и за албанските партии важи?

Бидејќи ако погледнеме дека низ селата во тетовско немаат што да јадат ама имаат мегаломански бетонско-мермерни споменици на УЧК па дури и заградени со порти.

Или да го изброиме бројот на џамиите изградени во последниве 5 години?


И нешто на страна, дали доколку со земјата 10 века владееле странски војски и ништо не се изградило, треба да бидеме заложници на ропските времиња и да се задоволиме со куќи земјанки?


Кога се критикува нека биде издржано, дека многу пари чинат некои глупи споменици и дека се ружни, премногу блиско итн. е оправдано, ама без вакви игнорантни и лицемерни коментари.

Абе, Братко, Дардан-иа има здрава логика во тоа што го збори, но ти си сумњив овде и вртиш на пУлитика. Ако не ми веруваш, препрочитај се. Болдираното ми прави голем прашалник, стварно не знам што сакаш да кажеш? Сигурно знаеш каде се наоѓаш?

Целово срање што ни се случува во последно време, ќе мораме да го дишеме сите, без исклучок. Само, некои изгледа коа гледаат гомно, имаат способност да ја видат и неговата убава страна, која и да е...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom