Општините Аеродром и Центар, кои се нарачатели на спомениците, потврдија дека тие се веќе тука, но не прецизираа точен датум кога дефинитивно ќе се монтираат
Спомениците на македонскиот револуционер и на основоположникот на македонскиот јазик Јане Сандански и Крсте Петк- Мисирков од вчера официјално се во Скопје. И двете спомен-обележја се изработуваа во белградската лераница "Јеремиќ", а се дел од проектот "Скопје 2014".
Општините Аеродром и Центар, кои се нарачатели на спомениците, потврдија дека тие веќе се тука, но не прецизираа точен датум кога дефинитивно ќе се монтираат.
"Точно е дека коњаникот Јане Снадански е во Скопје, засега ќе се поставува постаментот, па после тоа ќе го качиме и споменикот", кусо изјавија од Аеродром.
И од Општина Центар со слична изјава.
"Според веќе утврдената динамика на работа, поставувањето ќе биде во првата половина на годинава", изјави Јовица Ацковски, портпарол на Центар.
Споменикот на македонскиот револуционер Јане Сандански во Општина Аеродром ќе се гради според проект на авторот Гоце Давидов.
Постаментот ќе биде висок 3,5 метри, додека скулптурата на Јане Сандански, качен на коњ, ќе изнесува до 5 метри.
Автор на спомен-обележјето на Крсте Петков - Мисирков е Томе Серафимовски. Ќе се поставува во близина на МАНУ. Ќе биде бронзен, а висината е 1,20 метри.
(М.Ѓ.)