Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Решението е по една купола на врвот на Типо i ГТЦ, неколку украсни столбчиња одстрана.. и ете ти Виена. Tреба само желба :)
И уште една нива 20 декари да ни купи владава да ни ја клај да ошири малце

Одлични се .. едвај чекам и другите да стигнат :pipi: :pipi:
Со ништо не се сложувам со тебе, мож си постручен, али баш со ништо sorry :toe:
Ти во Македонија живееш?
Ако не(а се мислам така) молимте не мешај ни се во манџата. Ние живееме овдем ние шетаме низ тој плоштад ние плаќаме даноци на државата, ние кршиме коли по патиштава, вие што сте од дијаспората плаќате на друго место така да ич курето да не ве боли за нашите маки.

Слушам Гемиџиите следниот месец ќе ги местеле, за милионче.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
И уште една нива 20 декари да ни купи владава да ни ја клај да ошири малце

Ти во Македонија живееш?
Ако не(а се мислам така) молимте не мешај ни се во манџата. Ние живееме овдем ние шетаме низ тој плоштад ние плаќаме даноци на државата, ние кршиме коли по патиштава, вие што сте од дијаспората плаќате на друго место така да ич курето да не ве боли за нашите маки.

Слушам Гемиџиите следниот месец ќе ги местеле, за милионче.
1. Аголот на сликата е различен одприлика е истата површина.
2. Не смееш така да зборуаш за луѓето од дијаспората и да му лепиш етикети на некого не фер. Луѓето имаат еднакво право да гласаат на избори и да се шетаат каде сакаат. Не е во ред тоа што го кажуваш. Дали си во МК или надвор правата е исти. Да не сакаш да се тури ѕид окулу МК со стражари и електрична ограда.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.174
Поени од реакции
84.024
1. На коњи се поставуваат војсководци. Историска личност претставена на коњ е една цела канонизирана постапка - од држењето на коњот, до неговата облека и што држи во рацете. Овде, тоа основно правилно, не е испочитувано.
Кажи што е тоа што не е испочитувано?

Ја колку што гледам ногата на коњот на Даме е подигната, а на Гоце стои со сите на земја.
Што друго треба да се испочитува, а не е?

2. Линиите се робусни, волумените груби и работата полуаматерска. Фигурите се вкочанети, без израз и душа, не покажуваат и доловуваат момент, како што скулптурата тоа треба да го направи.
Можеби си во право, можеби не. Во крајна линија ова е субјективна работа.

3. Копија се од принципот на претходните кои стоеле пред Камен Мост. Изгубена оригиналност.
Е ова е како да ми кажеш дека сум неоригинален затоа што брачниот кревет сум го ставил во спална.

4. Недостига генерална точка, одкоја ќе се дефинира главната визура кон нив. Нема простор кој ги дефинира и насочува кон нив. Просторно воопшто неосмислено.
за ова не знам, можеби си во право.
 
КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Кажи што е тоа што не е испочитувано?

1. Ја колку што гледам ногата на коњот на Даме е подигната, а на Гоце стои со сите на земја.
Што друго треба да се испочитува, а не е?

2. Можеби си во право, можеби не. Во крајна линија ова е субјективна работа.

3. Е ова е како да ми кажеш дека сум неоригинален затоа што брачниот кревет сум го ставил во спална.

за ова не знам, можеби си во право.

1. Само императорите, кои го предводеле својот народ кон нови територијални освојувања, и притоа загинале на фронт, се поставуваат на коњи со една подигната нога. Во раката држат копје или меч (знак на напад, напредување, освојување), никогаш не држат само штит (знак на одбрана, покажување слабост). Можат да бидат облечени во панцирна, војничка облека, доколку не се работи за императори, туку луѓе блиски до него кои го поминале целиот свој живот служејќи и на војската, или во тога, доколку се самите императори. Неретко, на самите императори (како на статуите на Тиберие или Кајсер Август) на главите им се ставаат маслинови венци, како знак дека иако војувале, воделе мирољубив живот.

2. Тоа не е субјективна работа. Тоа е анализа на уметничко дело. Некои поминале добар дел од животот, за да можат да прават такви анализи. Почни да се движиш по музеи, можеби и ќе запознаеш некој од нив, па ќе сфатиш дека, и во таа субјективност, кога ќе ја добиеш од повеќе личности, постојат преклопувања. Точности.

3. Примерот ти е плиток и нерелевантен. Неоригинален, исто така. Поставеноста на едно уметничко дело (ако веќе така милувате да ги нарекуваме овие) е некогаш многу позначајна од самото уметничко дело. Старите статуи не биле осмислени како ќе се постават. Новиве, ако не биле плитко копирани, можеби и ќе ги осмислеле. Доволно докажано колку површен е целиов проект.

И, ќе ве молам. Ионака ја чистам темава од секакви ѓубриња и вмровци и есдеесовци. Не ми реплицирајте на мој пост, затоа што јас не сум комуњар нит вмровец, ами стручњак. И ми се повраќа кај шо читам, и затоа седам и ќутам. Оти, ретко некој ќе прочита цел реферат од мене, ако подолу стои мислење од некој дека проектот „е супер, само така да се продолжи“. Затоа, продолжете да си ја величате травестијата, и остајте го моето мислење настрана.

Само, потсетете се дека за политика се јаде бан од подфорумов.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Би замолил оние на коишто не им се допаѓа ЕСТЕТСКИ како изглеаат спомениците на Даме и Гоце да покажат некоја слика за тоа како треба да изгледа скулптура на коњаник.

Кажи што е тоа што не е испочитувано?

Ја колку што гледам ногата на коњот на Даме е подигната, а на Гоце стои со сите на земја.
Што друго треба да се испочитува, а не е?
Зарем не беше ако е загинат во битка, предните две нозе на коњот да се кренати, ако е од природна да не е ниедна те сите да се на земја, а ако не од ранување да е крената само една предна нога.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Никола,парите од даноците одат за општо добро и за да има што да јадат овие државници.Под општо добро има милион и еден продуктивен проект.Пред мене некој објасни,нека градат и светилишта на плоштад ако сакаат,само да се има приоритети.Ако градат автопат никој нема зус да рече.
Види, по твојата логика, на пример, јас треба да се бунам ако градат автопат до Штип или Струмица, затоа што јас никогаш не патувам натаму.
Или да се гради од државни пари некој водовод од кој јас не пијам.
Не можеш така да двоиш.

Плоштадот и замислата мене ми се бендисуваат и се општо добро. На некого не му се бендисуваат.
Дури јас можеби би одел и понатаму и би рекол дека ѕа мене е поважно да има споменици на плоштад, него да има струја за Ваксинце, пример.
Убава работа за се кое прави владата да треба да има референдум и за се да мора сите да се сложуваме.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Замислата на споменикот на Гоце Делчев во парк ми е некако посоодветна отколку на новиов што е на плоштад.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.174
Поени од реакции
84.024
1. Само императорите, кои го предводеле својот народ кон нови територијални освојувања, и притоа загинале на фронт, се поставуваат на коњи со една подигната нога. Во раката држат копје или меч (знак на напад, напредување, освојување), никогаш не држат само штит (знак на одбрана, покажување слабост). Можат да бидат облечени во панцирна, војничка облека, доколку не се работи за императори, туку луѓе блиски до него кои го поминале целиот свој живот служејќи и на војската, или во тога, доколку се самите императори. Неретко, на самите императори (како на статуите на Тиберие или Кајсер Август) на главите им се ставаат маслинови венци, како знак дека иако војувале, воделе мирољубив живот.
Овој е Аргентинец, генерал кој не е император ниту му бил близок на императорот (шпански), напротив се борел против него.

Ова Филипинец генерал:

Познат ренесансен платеник од италија (од Донатело):
 
Аман бе ЕвилБети, аман :)

Првиот и вториот ти се генерали, следствено, ти се војсководци. Третиот ти е Еразмо Нарнијски, статуа попозната како Гатамелата. Исто така војсководец - во ренесансното време, Италија била поделена на државички.

И не мешај, последнава е надгробна статуа. Поставена е спроти една базилика (не ми текнува сега на името на базиликата), и тоа е плоштад кој е оформен од оваа статуа и таа базилика, а не обратно.

По стоти пат - ние тераме како ракот, наназад. Сегде базиликите и спомениците ги дефинирале плоштадите - нас плоштадот ни ги дефинира првите. Алал вера.

И ајде, и по твое нека биде. Гледај им облека, став, поставеност, уметнички израз, стил. Ако сакаш, можиме и тие работи да ги дефинираме. Па да направиме споредба меѓу примериве кои ти ми ги даде (и несвесно ми помогна во целта) и ова што нас ни се дешава на плоштад. Ми го даваш за пример Донатело (ДОНАТЕЛО ЕЈ!!!) за да ми го споредиш со ова травестииве на плоштад кај нас?
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Аман бе ЕвилБети, аман :)

Првиот и вториот ти се генерали, следствено, ти се војсководци. Третиот ти е Еразмо Нарнијски, статуа попозната како Гатамелата. Исто така војсководец - во ренесансното време, Италија била поделена на државички.

не сум стручен колку тебе, ама барем тука се разирам ако не барем
и Гоце и Даме и Карев биле восјководци, војводи имале своите чети кои ги воделе во битки
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Многу битна работа дали Гоце и Даме биле поставени на коњи,магариња или вселенски чинии.
Битна е симболиката во целиов проект.
Кире и десет милиони пати да објасниш џабе е,неукиот човек никогаш нема да те сфати.Оној што се образувал барем ќе помисли дека не ја знае тематиката и ќе гледа да научи.Е ова освен во архитектура се случува во секое поле во Македонија.Главно правило „ем шуто,ем боде“.
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Кире и десет милиони пати да објасниш џабе е,неукиот човек никогаш нема да те сфати.Оној што се образувал барем ќе помисли дека не ја знае тематиката и ќе гледа да научи.Е ова освен во архитектура се случува во секое поле во Македонија.Главно правило „ем шуто,ем боде“.
Ако Кире Мали беше експерт немаше да дреме на форумов и да не подучува нас аналфабетите туку ќе го гледавме на диксавери ченл како проектира стокатници.

Уметноста не е егзактна наука.
Шкрабаниците на Пикасо кои за мене имаат вредност еднаква на тоалетна хартија не го спречуваат некој шеик од Брунеи да искешира 100 милиони долари само за да ги врами над плазма телевизорот веднаш над миленцето.
 
М

Мартин`

Гостин
Ваљда дека на форум седам и ја?:pipi:
Ајде „интересна“ си немора веќе да пишуваш такви постови ..

Инаку секоја чест за споменициве не ме интересира искрено како ги направиле дали биле во костим или пак коњот бил со една нога дигната, целта на проектов е одлична и ова одамна требаше да биде направено од некоја влада. Нека има споменици на најзаслужните луѓе кои загинале за нашата држава, и искрено ми се гади од експертите од опозицијата кои ништо не направија ама баш ништо а сега се први за критикување, исто така и од форумџиите кои за шмизлите, биковите не се бунеа толку колку за споменициве на Даме Груев и Гоце Делчев.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Да не мора диплома и ЕМБГ да доставиме за да можеме да зборуваме на тема?
Не мора,доволно е ако незнаеш да поќутиш за правила во областа.
А не на пост стручно објаснет да одоговориш вака:
Многу битна работа дали Гоце и Даме биле поставени на коњи,магариња или вселенски чинии.
Но во Македонија живеат најпаметните луѓе на планетата кој се разбираат од се'.Еве дури и во архитектура.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Види, прво нека се разјасни што е приоритет на проектов, која е целта.
Дали е поради патриотизам, заради естетско подобрување на плоштадот, дали е битен од архитектонски аспект и.т.н.
Потоа ќе си има две спротиставени страни, и сега има но сите ги ставате во исти кош.

Некој не го подржува проектот од економски аспект (безмисленото трошење на пари) - тој е предавник.
Некој не го подржува од архитектско/естетски аспект - и тој е предавник.
Некој не го подржува поради чуството на припадност (словен или антички) - и тој е предавник.
Некој поради политичката определба - и тој е предавник.

Сите кој не го подржуваат проектот се предавници, а тие што го оставаат својот спопствен народ да живее во лифт, на улица, со фамилија сите гладни џоа од Етиопија да се е тие се вистинските патриоти.

П.С. поентата за театарот: Нели со овој проект се шири Македонизмот, според некои локал патриоти.

Зошто тогаш ќе реконструираме србски објект?
Џамиите и базалатите што ги изградиле Османлиите нека се срушат бе, нека се изградат Македонски градби од Византиски период.
Ама не ви с'ска таму да чепкате нели?
Целта на проектот не е една, а е комплексна

Спомениците ја имаат истата функција којашто ја имаат безмалку сите споменици у свет. Естетска - го разубавуваат просторот, се одава почит кон тие личности, а имаат и функција за подигање на патриотизмот (на тие што не се имунизирани).

А за другите објекти (театар, музеј...) нема да пишам не е тоа темата.

Мене не ми пречат нит базалтите нит џамиите, се е тоа културно наследство на ова тло и на оваа земја. А тебе ако ти сметаат руши ги, ама изглеа и покрај желбата што ја имаш тебе не ти с'ска.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom