Кажи што е тоа што не е испочитувано?
1. Ја колку што гледам ногата на коњот на Даме е подигната, а на Гоце стои со сите на земја.
Што друго треба да се испочитува, а не е?
2. Можеби си во право, можеби не. Во крајна линија ова е субјективна работа.
3. Е ова е како да ми кажеш дека сум неоригинален затоа што брачниот кревет сум го ставил во спална.
за ова не знам, можеби си во право.
1. Само императорите, кои го предводеле својот народ кон нови територијални освојувања, и притоа загинале на фронт, се поставуваат на коњи со една подигната нога. Во раката држат копје или меч (знак на напад, напредување, освојување), никогаш не држат само штит (знак на одбрана, покажување слабост). Можат да бидат облечени во панцирна, војничка облека, доколку не се работи за императори, туку луѓе блиски до него кои го поминале целиот свој живот служејќи и на војската, или во тога, доколку се самите императори. Неретко, на самите императори (како на статуите на Тиберие или Кајсер Август) на главите им се ставаат маслинови венци, како знак дека иако војувале, воделе мирољубив живот.
2. Тоа не е субјективна работа. Тоа е анализа на уметничко дело. Некои поминале добар дел од животот, за да можат да прават такви анализи. Почни да се движиш по музеи, можеби и ќе запознаеш некој од нив, па ќе сфатиш дека, и во таа субјективност, кога ќе ја добиеш од повеќе личности, постојат преклопувања. Точности.
3. Примерот ти е плиток и нерелевантен. Неоригинален, исто така. Поставеноста на едно уметничко дело (ако веќе така милувате да ги нарекуваме овие) е некогаш многу позначајна од самото уметничко дело. Старите статуи не биле осмислени како ќе се постават. Новиве, ако не биле плитко копирани, можеби и ќе ги осмислеле. Доволно докажано колку површен е целиов проект.
И, ќе ве молам. Ионака ја чистам темава од секакви ѓубриња и вмровци и есдеесовци. Не ми реплицирајте на мој пост, затоа што јас не сум комуњар нит вмровец, ами стручњак. И ми се повраќа кај шо читам, и затоа седам и ќутам. Оти, ретко некој ќе прочита цел реферат од мене, ако подолу стои мислење од некој дека проектот „е супер, само така да се продолжи“. Затоа, продолжете да си ја величате травестијата, и остајте го моето мислење настрана.
Само, потсетете се дека за политика се јаде бан од подфорумов.