Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.612
Поени од реакции
18.056
еден од проблемите тука е што авторите на ова дело со оградава биле толку неспособни да измислат свои дизајн па отишле на отворена копија...друг проблем е тоа што се што некој видел од странство како градба се обидува да ги копира во Скопје...и на крај ќе добиеме нешто како етно село,копии од сите познати градби ширум Европа...или во полош случај,луна парк!

ова што се прави во Скопје може многу лесно да се види дека е идеја на неиживеани полни со комплекси малограѓани,кои шетале по Европа,гледале дека има барок,дека градбите во центарот се збутани,дека има црква на плоштадот,дека има стара коцка како плочник...

не ми треба википедија,имам идено од Барселона до Прага,архитектурните стилови ги познавам многу добро...а она што се гради почнувајќи од споменикот на аце па до оградана шуплива со евтина жолта фарба која виси на пола и која се поставува на мост граден во златното време на другарот,ако за тебе е стилно,тогаш незнам што да ти кажам...

пак ќе те прашам,дај ми еден пример од овие градби во Скопје 2014 каде има нео-класицизам?
--- надополнето: 27 декември 2011 во 05:45 ---


значи ај да не ја умарам работава многу многу зошто пак можам да ти докажам дека грешиш па затоа ќе се осврнам на друг сегмент...
дали знаеш дека неможеш на еден мост граден во стил од пред 30 години да му ставиш квазибарокна или еве да речеме барокна ограда?

тоа е исто како ова да го направиш

(y) Попрецизна споредба не сретнав до сега на темава.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Статуа на Лазар Личеноски во дворот на средно уметничко

Бронзена статуа на Лазар Личеноски висока два метра денеска во присуство на премиерот Никола Груевски и министерот за образование и наука Панче Кралев, беше откриена во дворот на истоименото средното уметничко училиште во Скопје.


Фото: Нова Македонија

Статуата ја изработи скулпторот Димитар Филиповски, професор во училиштето, по повод 110 години од раѓањето на Личеноски, еден од основоположниците на македонското современо сликарство.
- Донацијата е чин на почит кон овој наш великан. Сметам дека оваа статуа на Личеноски треба да отвори пат, односно до него во догледно време да се најдат Никола Мартиновски, Димо Тодоровски, како и други истакнати уметници кои овде биле директори и уметници, бидејќи на тој начин ние ќе градиме традиција во културата, истакна авторот.
Средното уметничко училиште беше реновирано неодамна со средства од Министерството за образование и наука, односно Владата, во износ од околу 40 милиони денари.
- Можеме да видиме дека условите во кои учат учениците се подобрени, со тоа што постоечкиот дел е реконструиран и надграден. Сега има доволно простор за одвивање на наставата. Исто така, има и мала галерија каде учениците ќе можат своите дела да ги истакнуваат и промовираат. Ова е една тековна инвестиција на МОН и на Владата во рамки на активностите обновување на образовната инфраструктура во државата, истакна министерот Каралев.
- Просторните услови се подобрени и сега може наставата да се одвива поквалитетно. Во наредните години ќе работиме да се подобри и снабдувањето со потребните материјали со кои работат учениците. Ова е специфично училиште, специфична струка и бара многу финансии во однос на материјалите, рече директорот на училиштето Ицко Петрески.
Авторот Филиповски дипломирал на вајарскиот оддел на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во 1998. Десет години работел во ателјето на академик Томе Серафимовски. Од 2006 година е професор во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“. Автор е на поголем број скулптури, меѓу кои се бронзените скулптури „Шмизла“, „Заљубени“ и „Еееј!“ и мермерните статуи на Цар Самоил и Методија Андонов-Ченто во центарот на Скопје.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
значи ај да не ја умарам работава многу многу зошто пак можам да ти докажам дека грешиш па затоа ќе се осврнам на друг сегмент...
дали знаеш дека неможеш на еден мост граден во стил од пред 30 години да му ставиш квазибарокна или еве да речеме барокна ограда?
Го загуби тендерот за оградава нели?

Твоево шмарање за оградата е како сликата... доле:

 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Александров ако не си архитект по струка,немаш што да дробиш повеќе на темава.Конкретно оградата може или да ти се допаѓа или не.Да ми влегуваш ти во дебата за класицизам,барок,кич и сл,не фала.Јас немам појма од архитектура.Си кажувам само дали ми се допаѓа или не.
А тоа што си бил од Барселона до Прага па си знаел за архитектура многу нема врска.И јас се имам возено во авион па не сум пилот.
Толку од мене.
Тенк ју вери мач на внимание. (y)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.726
Поени од реакции
9.837
Не смеело да се стави барокна ограда..дрн дрн милојке..зашто имало канделабри..дрн дрн.. а поубава беше жутата оградата со оние неонките кога се собираа муви гомнарки околу неонското светло и кога пола светеше а пола не .. тоа никој не го памти изгледа..
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Значи ај да не ја умарам работава многу многу зошто пак можам да ти докажам дека грешиш па затоа ќе се осврнам на друг сегмент...
дали знаеш дека неможеш на еден мост граден во стил од пред 30 години да му ставиш квазибарокна или еве да речеме барокна ограда?

тоа е исто како ова да го направиш
Да можеше да докажеш, ќе докажеше... немаше да ја елаборираш твојата наводна експертиза во стиловиве и да се фалиш дека си шетан човек...
Не ме интересира другиот сегмент, ти кажав и во првиот цитат, ја ти реплицирав само на дел од цитатот, за наводната "копи пејст метода" на канделабриве од Мадрид.
Не докажа дека канделабрата е уникат, не ни можеш.... Можеш само ја применуваш истата "копи пејст метода" при постирање на вакви интересни сликички од Build.mk .
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Не смеело да се стави барокна ограда..дрн дрн милојке..зашто имало канделабри..дрн дрн.. а поубава беше жутата оградата со оние неонките кога се собираа муви гомнарки околу неонското светло и кога пола светеше а пола не .. тоа никој не го памти изгледа..
Цитро бе, не памтиш ти толку, ама ја ја памтам "жутата ограда со оние неонките"... Во тоа време немаше прегорени неонки (па и гомнарките не се гледава од силната светлина-у ствари, можам да тврдам дека немаше гомнарки, пошто гомнарките се заштитен знак на ова време):cautious:

Знаеш каков беше мостот тогаш? Супер-модерен, коa поминувавме навечер беше ко на вселенски брод да си...е тоа го памтам. Сигурно нема да ми веруеш, пошто ти си ни од демократсково доба, ама стварно, за тоа време беше мост над мостовите. Што е за право, тој и денеска представува (и е познат како) импресивно инженерско достигнување-премостување на голем распон без средишна потпора, онака виток и елегантен, што во еден потег ја совладува реката. Види го само на сликите (оние постарите) каков е. На ваков мост ако нешто НЕ ОДГОВАРА, тоа е оградата што сеа ја доби, заедно со тоа глупите лавови од страна. Не ти е потребна некоја посебна стручност или чусвство за уметност, за да сконташ дека оваа ограда+глупи лавови не одговараат на ваков мост. Поготово ако го памтиш оригиналот. Можеш да скокаш, рипаш, се инатиш, и лупеташ ( со целава твоја дружина "надувани"), ама ова е едно од оние нешта што едноставно не идат заедно. Не идат, тоа ти е.

Ја се надевам дека еден ден силно ќе надојде Вардар-от и со бран налик на цунами бран, ќе ја зачисти целокупнава "уметничка" експресија на младите македонски архитекти, уметници, бизнисмени...или што и да се...:pipi:
 
Член од
23 декември 2010
Мислења
578
Поени од реакции
365
Го загуби тендерот за оградава нели?

Твоево шмарање за оградата е како сликата... доле:

се работи за цел еден концепт не е само за оградата...

копуците што стојат зад проектов сакаат да донесат во Скопје се од забележителностите на големите метрополи...виделе во Лондон даблдекери,ајде и овде,виделе негде триумфална арка,ајде и овде,виделе негде банани растат,ајде и овде...

а нашиов народ што нема осет за естетика и архитектура тоа е друга работа,на македончето се може да му представат како архитектура,пошто нашиов народ е толку очаен посебно околу фактот што ете види Белград види Софија каква архитектура имаат а ние немаме...тоа е самоубиствено мислење со кое сами си пукаме во нога!

ставаат квазибаркона ограда на мост од 1970 година,градат римска триумфална арка,до неа го градат аце кој личи на играчка и чија империја доживеа уништување од страна на римската,а понатаму градат катна гаража во барок стил...-капираш сега што е концепт и што сакам да кажам?

погледнете што направија од центарон,дизниленд-и кога ќе помислам дека топрва треба да почне изградбата на споменици и згради лелеј
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.726
Поени од реакции
9.837
се работи за цел еден концепт не е само за оградата...
а нашиов народ што нема осет за естетика и архитектура тоа е друга работа,на македончето се може да му представат како архитектура,пошто нашиов народ е толку очаен посебно околу фактот што ете види Белград види Софија каква архитектура имаат а ние немаме...тоа е самоубиствено мислење со кое сами си пукаме во нога!

ставаат квазибаркона ограда на мост од 1970 година,градат римска триумфална арка,до неа го градат аце кој личи на играчка и чија империја доживеа уништување од страна на римската-капираш сега што е концепт и што сакам да кажам?

погледнете што направија од центарон,дизниленд-и кога ќе помислам дека топрва треба да почне изградбата на споменици и згради лелеј
Jебига и мене не ми се свиѓа она што е изградено од 50-ти до 90-ти па кој ме прашуе.. на најголем дел од народов му се свиѓа тоа што сега се гради и нормално сегогаш ќе има и противници.. на некои и Париз не им се свиѓа , а за мене е преубав град исто и Ајфелова кула.. се е ствар на вкус..а за оградата можеше и во модерен стил да се направи,исто немаше да се погреши,но концептот е се во околината да се вклопува во стилот на Ск 2014,може и е непотребен тој стил на тој модерен мост,ама па и не е толку катастрофален каков што сакаш а го прикажеш.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
се работи за цел еден концепт не е само за оградата...

копуците што стојат зад проектов сакаат да донесат во Скопје се од забележителностите на големите метрополи...виделе во Лондон даблдекери,ајде и овде,виделе негде триумфална арка,ајде и овде,виделе негде банани растат,ајде и овде...

а нашиов народ што нема осет за естетика и архитектура тоа е друга работа,на македончето се може да му представат како архитектура,пошто нашиов народ е толку очаен посебно околу фактот што ете види Белград види Софија каква архитектура имаат а ние немаме...тоа е самоубиствено мислење со кое сами си пукаме во нога!

ставаат квазибаркона ограда на мост од 1970 година,градат римска триумфална арка,до неа го градат аце кој личи на играчка и чија империја доживеа уништување од страна на римската,а понатаму градат катна гаража во барок стил...-капираш сега што е концепт и што сакам да кажам?

погледнете што направија од центарон,дизниленд-и кога ќе помислам дека топрва треба да почне изградбата на споменици и згради лелеј
Осетот за естетика или архитектура на народот во глобала и воопшто не мора да задоволува некакви светски стандарди преку квазипознавање 100 научни области како тебе и многумина други, за да може да дефинира дали нешто ќе прифати или не, бидејќи најчесто размислува инстиктивно и прагматично, или му се свиѓа или не.

Без разлика што и претходно Скопје не чинеше од никаков уметнички аспект, локалните луѓе сепак си го сакаа градот, а како што гледаш и самиот, она што ти го критикуваш повеќе наидува на одобрување отколку на масовни пројави на незадоволство. Најзагрижувачко за твоите високи уметнички стандарди, е тоа што и најголем дел од критиките, се само политички мотивирани и немаат никаква врска со изборот на фасади, споменици, заштитни огради и бариери.

Најважно е да се критикува во континуитет и на ангро, за да се импровизира некакво незадоволство.
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.632
Поени од реакции
3.506
Jебига и мене не ми се свиѓа она што е изградено од 50-ти до 90-ти па кој ме прашуе.. на најголем дел од народов му се свиѓа тоа што сега се гради и нормално сегогаш ќе има и противници..
Од каде знаеш дека им се свиѓа? Имаше некаде референдум, јавна расправа....?
Тоа што гласале на изборите за вмро покажува дека им се свиѓа? Тие само за Скопје 2014 гласале или за цела програма?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.726
Поени од реакции
9.837
Од каде знаеш дека им се свиѓа? Имаше некаде референдум, јавна расправа....?
Тоа што гласале на изборите за вмро покажува дека им се свиѓа? Тие само за Скопје 2014 гласале или за цела програма?
Мал си ти , ај ќе пораснеш па ќе сватиш.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.726
Поени од реакции
9.837
Заврши изградбата на портата „Македонија“

Ги снема градежните скелиња од плоштадот „Пела“. Слободните минувачи непречено можат да ги забележат статуите и релјефите од горниот дел од 21-метарската порта „Македонија“. Иако за празникот 8 Септември портата беше привремено пуштена, се чини граѓаните наскоро и официјално ќе можат да минат под објектот и да стигнат до „Воинот на коњ“. Со тоа, објектот на авторката Валентина Стевановска треба да ги отвори вратите на посетителите за платформите за набљудување. (Б.Ш.)






извор,билд.мк
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.251
Поени од реакции
27.640
Зошто сега?
Требало официјално да се пушти на 31.12.2011 со спектакуларен концерт одоздола и еден куп огномети а спротивно да ја пуштат фонтанана на Аце па така синхронизирано да има 2 настана да не знаеш кај да погледнеш. Најдобро од се' би било да има пренос на МТВ место оние идиотски забави снимени у септември, и плус истото тоа ќе си го гледаме и за Божиќ, Водици и така натаму до Велигден.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom