Во тек е јавен оглас за изградба на постаменти за спомениците на албанските дејци Пјетер Богдани, Јосиф Багери и Неџат Аголи, кои под притисок на албанскиот политички фактор дополнително се вметнаа во проектот „Скопје 2014“. Понудите на конкурсот треба да се достават најдоцна до 9 јануари, следната година. Според идејните решенија и овие споменици ќе бидат високи по пет метри, а постаментите по седум. Основоположникот на албанската книжевност, Пјетар Богдани, ќе се издигне до споменикот на Гоце Делчев, поетот Јосиф Багери - пред стариот театар, а првиот министер за здравство во македонската Влада од 1945 година, Неџат Аголи, ќе се постави во паркот Жена-борец, до споменикот на паднатите херои.
Лиењето на овие три споменика ќе чини околу 200.000 евра.