Разочарани сте од емисијата? Знам, и јас сум.
А што повеќе можеме да очекуваме од собир на корумпирана новинарка, исфрустрирана жртва на насилство со х кривични пријави и ред други полуписмени лешинари наречен ‘прес конференција‘?
Новинарите се посраа. Ама се посраа до крај. Како може жена со чиста совест да падне во канџите на сите оние говна кои во лов на информации за нивните посрани весничиња не ги земаат предвид средствата кои ги употребуваат?
‘Новинарката‘ од Вест, Весна, се заинтересира за ‘валканиот веш‘ на Љиља, а заборави дека таа самата е ‘политичка проститутка‘ и во својот весник пишува на страната на оние кои ќе ја почестат со поголема сума на пари.
Исто така, ‘оној ќељавион‘, нема да го наречам новинар, затоа што е се, само не новинар, најкулутурно ја замоли Љиља да си ги плати долговите кон државата и да си оди. А што, ако не плати ќе и прати некоие од рекетарчињата на Чонгур? Не знам само со кој срам и кое перде и го украл тој величествен договор. Нали, Фокус - и нештата се ‘појасни‘. Ајде, мужевино, објасни му на народот кого потплати или кого истепа за да се најдеш во емисијата.
А за писменоста на новинарите нема многу да коментирам.
Само ќе издвојам еден хајлајт изваден од устата на новинарката Соња, или како и да се викаше онаа со глас на третокласна hotline девојка:
-Кој беше лајтмотивот кој ве натера да продолжите понатаму?
И не, Тоше не почива во мир. Тоше сега се превртува во гроб, со кои ли луѓе бил под исто небо?
Одговорот го имате само вие, новинарчиња!