Новинарите се ретардирани, Љиља е горда, а Тоше почива во мир!

Статус
Затворена за нови мислења.

ViRuS

ПрОвОкАтОр
Член од
20 август 2005
Мислења
2.048
Поени од реакции
21
Де бре сите ли ова гледавме :(

Иначе новинарката Весна шо секаде го следеше тоше секоја чест највеќе ја слушав шо ќе ја праша љиља а љиља мајку и нејзина како успешно и се извлекуваше на курвинските прашања на весна ;)
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Од моментот на несреќата до денес немам напишано ниту еден збор. Значи, ништо не можеше да ме испровоцира да напишам ниту една буква за Тоше по неговата смрт зошто не можев да најдам во себе доволно јака мисла која ќе биде соодветна на Неговата големина (ова може да звучи крајно банално, ама јас си знам дека внатрешно така чувствувам).
Меѓутоа, од она вчера што требаше да биде емисија ми се кренаа цревата. Збирутина на "луѓе жедни по вистината", им фалеше само по една флаша ѕидарско пиво и превртена гајба. А да, и кооперација!

Сосема непотребна емисија кога Македонија има вакви новинари! Ние не сме човек да ни каже нешто. Колку помалку знаеме, толку попаметни сме, бар во очите на другите.

Не коментирам кој е крив, кој е прав, зошто не знам што се случувало пред и по смртта на Тоше. Но, она што вчера го гледавме на А1 (намерно не го именувам како емисија, зошто по мене тоа и не беше емисија) можеше да се изведе на едно покултурно и подостоинствено ниво од сите таму присутни.

Само тоа би кажала, се` друго е веќе мал милон пати пред мене искоментирано.
 

NIKA

F.B.I (Fausse Bonne Idée)
Член од
11 април 2006
Мислења
791
Поени од реакции
12
Јас поедно време почнав да се прашувам..абе овие случајот на Тоше ли го расветлуват..или си довршуваат караниците со Лиљјана?...Па нели ќе ја прашуваа за Тоше?Шо како кој....у несреќата направил...а не зошто таа не плаќала данок..зошто овој имал пари па си направил фирма у Лондон..или накратко шо ти носиш розов чорап а не тегет!!!!....па не беше за нив емисијата....за Тоше беше...ако сакат да се карат и да си тропат глупости да си ги прават во нивни емисии...а овој кумановецот пак...е*ати глупавиот....не за друго ама барем кога си во МАКЕДОНИЈА зборувај МАКЕДОНСКИ....па не ни го потценувај јазикот....предател низаеден......вакви многу ме нервираат.....ке ни дојдат срби бугари и незнам кои на гости ние на србски, бугарски ке им зборуваме а и тие...кога ке отидеме кај нив наместо обратно да е и ние на македонски да си збориме...ние пак на нивен демек...да не разберат..ееееехеее они многу добро разбираат...неам потреба на нивен јазик да им говориме..затоа ние си немаме држава и јазик и име и се..затоа шо сами си ја предаваме...да не бегам од темата....
Емисијата не ми се допадна ама ич ..прво се беше оф топик..второ абе овие новинарии беа или хашки трибунал..и како заклучок Тоше си отиде..кој го суредил никогаш нема да се дознае затоа шо ова се мноооогу заплетени историики....оддааааамна....така да ..... џабе веземе...кога него веке го нема!!!!!
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
154
Поени од реакции
1
Срамота!!!!Голема СРАМОТА од страна на нашиве прости новинари,беа крајно агресивни и некултурни не само спрема Лиља туку и спрема целиот македонски народ и на крај спрема респектот кон Тоше,покажаа колку тие вредат,а вредноста нивна после емисијата се сведе на голема НУЛА..
 

aneta:)

animal lover
Член од
3 јули 2007
Мислења
449
Поени од реакции
13
Ова беше срамота за Македонија. Незнаев дека имаме вакви новинари (односно тие не ни се новианри туку уличари). Права новинарка беше таа од Хрватска. А алал да и е на Лилјана како ги закопуваше, секоја чест. И не ми е јасно како Анета можеше таков дебил да донесе у емисија, незнам точно како се викаше, мислам дека беше Зоран (ќелавиот). Брука жива..па уште и виак плати 180000 евра и иди си од државата. Па кој е он да ја брка. Срамота срамота
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Незнам што толку ја жалите Љиља...кога она сама прифатила да биде гостинка, знаела дека ке присуствуваат новинари со кој била скарана(и не зборела со нив) 4години...сигурно очекувала голем број на провокации.
Сите знаеме што мислевме за Љиља пред да се појави во биСЕРИ, она дојде да си го обели образот пред јавноста, кој тие истите новинари и го црнеа(и затоа ја знаевме како таква)

МОжеби да беа пописмени новинарите ке и парираа, вака ги закопа.
 

sagaqua

Successful and Creative
Член од
23 декември 2005
Мислења
2.218
Поени од реакции
31
e ajde be, napagjanje im e rabota????ja bi rekol kompromitiranje so fakti....a ne lupetanje gluposti i ne pokazuvanje respekt i pocit kon pocinatiot...
Респект човече :cuc:

Но што можеш да очекуваш со прособран џган од „новинари„ без елементарна култура пред се и со по 80 и кусур кр.пријави за клевета :tapp:
 
Член од
18 април 2007
Мислења
11
Поени од реакции
0
Ах тој Свет, што им направи на новинарите..Не се и они криви, така им налагаат, да бидат што по безобразни за да удрат некој огромен наслов на своето списание па да го продадат во милион примероци!!Се е тоа за пари, за ништо друго..Американците со потонувањето на Титаник направија огромни пари,правејќи мјузикли и глупости, па ајде ке го следиме и ние нивниот пример.

Ја чекав емисијата уште од првата најава, надевајќи се дека ке кажат нешто за кариерата на Тоше, неговиот нов албум, кога ке излезе, каде ке може да се купи..Сето тоа падна во вода од македонштината, тоа е.

Емисијата требаше да биде посветена на ТОШЕ, не на Лилјана, каде и што била должна. Ни требаше да ни дојде странски (хрватски) новинар, за да постави едно "саглам" прашање, на што не добивме одговор,поради што Лилјана беше ПАК прекината од водителката.

Што се однесува до тој дебилот, што воопшто не беше ни новинар, тука кривицата ја гледам во А1 телевизија.Зошто воопшто го поканиле? За да испаднеме уште поглупи пред светот? Во секој случај, они ја постигнаа нивната цел, емисијата им беше најгледана во историјата на А1..Само ние си останавме со прст во уста.

Браво на нас!!!

Мене лично воопшто не ме интересира колку и што Лилјана е одговорна пред Државата.Ако така размислуваме, 90% од македонските "бизнисмени" се должни на овој или оној начин, така да како што некој спомна погоре, постојат судови за таа работа.

Порака до цела Македонија: дај бе луѓе оставете ја Лилјана на мира, со или без неа во кола Тоше ке си отидеше, така му беше пишано. Памтете го Маестрото по неговата големина и човечност зошто уште не сме свесни што изгубивме...
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
259
Поени од реакции
4
Гледав напоредно тоа и Лацио и го утнав голот на пандев:tapp:, али видов какви шутраци новинари постојат во Македонија. Катастрофа!!! Кои беа тие прашања бре? Мене не ми е јасно како А1 пушти таква емисија!!! Јас ако сум уредник на А1 по снимањето ја земам касетата и и давам секира, не го пуштам тоа на телевизија!
Ама можда боље, видовме какви новинари имаме, видовме Анета колку е способна да усмери една емисија во вистински правец.
 
Член од
28 август 2007
Мислења
308
Поени од реакции
8
Дечки,ве читам и сите сте во право.Како прво ваква емисија со онакви некултурни и прости новинари (ако мозе да се наречат новинари),не требасе да се прави.Кога веќе се направи,99% од прашањата не беа важни,тоа беа трачарски и некултурни прашања што на никого не би му користеле во моментов.Тој 1% беше прашањето за и околу одговорноста и безбедноста на Тоше,само на тоа прашање Љиља незнаеше соодветно да одговори затоа што во тој поглед таја беше непрофесионална во работата и нема оправдување со тоа дека Тоше несакал шофер или се плашел од авион и дека тој што ќе речел тоа ќе бидело,јас мислам дека тука нема професионализам,шо на крајот,ако забележавте и таја тоа си го призна.Во секој случај емисијата беше катастрофа,уствари новинарите ја направија така да биди.Како и да е ,Тоше,ангелот наш повеќе го нема и гревота е и страмота онакви простачки работи да се зборуваат.Ако немаме вистински новинари за да прашаат тоа што треба и да биди на културен начин,тогаш нека не се прават онакви емисии.А за она келавото копиле,немам зборови,кој му дал новинарска лиценца,застрамота!
 

Тањушка

pretty mama
Член од
17 јануари 2006
Мислења
365
Поени од реакции
29
Та нели сите тие го сакаат Тоше? Се запрашаа ли колку би го болело него да може да ги слуша однекаде тие отровни стрели што излегуваа од нивните отруени од злоба змиски души? Да го сакаа и почитуваа, вчера ќе дознаевме за неговата добрина, за неговото секојдневие, за работи што ги интересираат луѓето вистински. Ќе си легневме со блажено чувство дека дознавме нешто од една жена што беше негова придружба и сенка, а не со главоболка која до сега не ми помина. За долговите на Фајнал Кат ама ИЧ не не интерсира. Тоа нека си го решат судовите.

И уште една утка. Неговите девојки. Те Благица една и единствена, те Андријана, те незнамтикоја. Да сакаше Тоше да му ја знаеме интимата, ќе ни ја кажеше додека беше тука. Не сакаше. И не треба сега да се користат моментите за да се задоволат ситните страсти и да се дознаваат жолтите моменти. Аман, почит, аман!!!!!

Тоше најмил, прости им, не знаат што прават.
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Се извинувам,знае ли некој кога ќе има реприза од емисијава.Не е фер,само јас не ја гледав
 

AquaCool

Sound Factory
Член од
25 ноември 2007
Мислења
144
Поени од реакции
0
Вчера сите новинари си ги покажаа правите лица.Иако сите мислевме Љиља ваква , онаква сепак мислам дека вцера цела јавност го смени мислењето.Тоа весниците како ја прикажувале...бог да чува. Само многу ме наљутија прашањата на "интелигентната" новинарка од Вест.Зошто Тоше патувал????????тоа прашање ли е???? Па нормално дека ке патува ако сака да стане светска ѕвезда.Да не патуваше ке останеше како таа неписмена новинарка, мала како во трачарските колумни, а мала и како човек.Самата не знаеше што ја интересира зошто Љиља имаше факти, и зборуваше од срце.Не и беше цел да се препукува и кара.А таму се наредиле се некои новинари кои повеќе личеа на НЕУСПЕШНИ АБОРТУСИ него на луѓе.А за келавиот господин новинар, кој што очигледно сам си ја бара бељата, како и до сега, ќе трпи последици.Народот не сака такви оксиморони.Плус спомнува имиња...зошто?Веројатно само он знае.Али и тој чоек си има проблеми оцигледно.Во секој случај сега сите ќе имаме добро мислење за Љиља, а весник кој понатаму ќе купува, свака му част....
 

ПојзонГрл

Оne in a Million
Член од
22 јули 2007
Мислења
264
Поени од реакции
1
Колку само сакаа да ја фатат у тесно. Ама не им успеа. Љиља на многу фин начин им објасни... И таа од вест новинарката колку глумеше лудило ејјј.... она беше таа што пиша дека Љиља ја избркале од куќата на Проески? Епа убоо и кажа ...
А тој па ќелавиот. Тој не ми изгледаше на новинар туку ко само што излегол од шутка. Со безобразни прашања и однесување. Па полека бе луѓе. Тоше умре. Дај имајте разбирање...
"Платете 180,000 евра и заминете од Македонија" Боже сачувај ... Цццц .... Свашта
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom