како прво би сакала да споменам дека никогаш не бев некој голем фан на музиката на тоше, но секогаш го почитував него и неговата менаџерка како професионалци и уште поголеми хуманитарци. за новинарите и нивната култура не ни сакам да коментирам, мислам дека веќе доволно е кажано и се што би било наредно напишано би било само повторување. е сега ја имам едно прашање до сите што го величат тоше и ја мразат лиља: сите вие викате тоше беше ангелче, дар божји, итн итн... а пак од друга страна лиља е криминалец, работи со подземјето, го искористувала тоше и сл. па добро бе луѓе ако ова што го велите е вистина (тоше=ангел, лиља=ѓавол) значи вие си противречите на самите себеси и велите дека тоше потпишал со ѓаволот? па тогаш за каков ангел зборите? ок, ќе сватам дека бил излажан, изманипулиран и слично ако тоше беше со лиља една година... но тој работеше со неа веќе 5 години, дури во последната вртелешка ја нарече своја втора мајка.... ајде разјаснете ми вие како ги поврзавте овие две работи?
и еден коментар за будимир која излезе 2 дена по неговата смрт и најде да ми зборува за вистинска и чиста љубов. па ако нејзината љубов била толку вистинска и чиста како што самата вика немаше да има сила името да му го спомне а не пак интервју да дава на новинари. ако андријана била љубовта на неговиот живот немаше ли тоше сам да го каже тоа во некое интервју? не знам дали ја гледавте последната вртелешка меѓутоа весна (која ја сметав за негова добра другарка-можеби сум во заблуда тука) спомена дека тоше цел живот трагаше по љубовта на неговиот живот и умре без да ја најде. па имаше некои сценарија дека лиља забранила да се збори за тоа бидејќи не му одговара на неговиот имиџ... веќе тоше не беше меѓу нас, зашто тогаш весна би го спомнала тоа? зашто не би го преќутела тоа ако знаела дека будимир е љубовта на неговиот живот а има забрана да збори за тоа? пред да ми одговорите ве молам размислете барем малку и поврзете ги сите страни на приказната.
п.с. и да се согласувам дека нашите новинари немат никаква почит спрема тоше и неговото дело.