Денешните тинејџери и деца се најмалку криви за тоа што се случува. Може да се рече дури дека се и жртви на нешто што почна пред 15, 20 години.
Мое мислење е дека децата при развојот го копираат однесувањето на родителите (во поголем процент) и околината(друштво, телевизија, музика, разни идоли со кои се поистоветуваат, реклами, и други "ситници" - во помал процент).
Зборувајќи за родителското влијание, доволно сум возрасен (28, накај 29 години), да се се сетам дека во местото каде што живеевме, во време на формирање на Македонија, повеќето луѓе беа со сличен имотен статус и примања. Убаво памтам дека генерално се живееше сложно. Во период до '95, одредени луѓе се стекнаа со повеќе пари, имот..и почнаа да не комуницираат со нас да кажам посиромасите. Убаво се сеќавам како им велеа на децата да не си играат со нас бидејќи нашите родители немаат пари, дека сме глупави итн. А тие пак, посиромасите им велеа на децата(на керќите) дека треба да си најдат маж со пари за да не бидат и тие сиромаси како нив. После 96, 97...почна големата трка за пари и кариера, луѓето се убиваа од работа, децата се повеќе ги воспитуваше улицата, а тие што се воспитувани дома, се воспитувани во материјалистички манир и да ги презираат тие што немаат пари. Исто така се повеќе бракови почнаа да се распаѓаат што директно влијае врз децата, а посебно врз тинејџерите.
Е овие што тогаш биле деца, сега имаат деца и ги воспитуваат на истиот па и полош начин, или во општо не им обрнуваат внимание на своите деца.
Влијанието на околината е не помалку битно. Кога јас бев дете на тв имаше емисии како "Опстанок", "Азбука на природата", "Тврдокорни", Македонски народни приказни, имаше еден куп емисии за разни научници и филозофи, MTV даваше музика, имаше бендови како Металика, Нирвана, Перл Џем, имаше музика за сите вкусови, се читаа стрипови, се играше шах (знае денес некој дека во Македонија се игра шах?).
Денес што имаме, голотија и секс на секој чекор, реклами со кои на обичните луѓе им се набиваат комплекси дека мора да изгледаат вака или онака или мора да поседуваат нешто "битно" за нивниот општествен статус. Имаме филмови полни со крв и насилство, имаме моронска музика во која се воспеваат парите и криминалот. Со еден збор, имаме огромно ниво на стрес кое влијае врз сите луѓе без исклучок.
За крај мора да го спомнам и образованието. Оваа обрзовна ерозија што денес се случува кај нас (па и пошироко) е без преседан. Мерка за квалитетен кадар стана медиокритетот. Буквално неписмени луѓе стигнаа да предаваат, да станат професори и асистенти, директори на разни институции. Интелигенцијата е или игнорирана или "угнетена",за сметка на тоа за интелигенција и квалитет се смета поседувањето на врски и партиска книшка.
Кога ќе се соберат сите овие променливи: лошо родителско воспитувње + руинирано општество + катастрофално образование = мизерна и пропадната младина + родители (катастрофални како воспитувачи и пропаднати како личности)