Нешта / Артефакти кои не би требало да постојат

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Античката Технологија префрлена во првенствената тема за Нешта кои не би требало да постојат, поради тоа што целиот разговор се сведува на истите работи т.е пронајдоци, продолжете тука.
 

Префриганиот!

(Простор за Реклама)
Член од
16 декември 2007
Мислења
1.203
Поени од реакции
73
мене тоа ми личи на тоа од стар трек бродот ! хахахахахаха :D предпоследното
 

DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
A oва?

Следуваат слики од храм кој се наоѓа неколку стотини километри од Каиро, Гиза кај Абидос...

Храмот на Новото Кралство е изграден пред повеќе од 3000 години, сликите кои следуваат се доста интересни:



Поблиску:



Го забележавте ова:



или да појаснам:



или па овие:






хмм.. можеби и во тоа време имало некој видови на летала кој се појавувале сигурно не е чиста коенциденција..
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
13.468
A oва?

Следуваат слики од храм кој се наоѓа неколку стотини километри од Каиро, Гиза кај Абидос...

Храмот на Новото Кралство е изграден пред повеќе од 3000 години, сликите кои следуваат се доста интересни:



Поблиску:



Го забележавте ова:



или да појаснам:



или па овие:





Интересно.. Но храмови во Абидос има повеќемина. Ме интересира како поточно се вика овој? И кога е дојдено до ова откритие. Ако имаш било каква информација во врска со ова, пиши. Инаку вреди и ова да се посети.
Едит: запази го она што е запишано во картушите. Сепак ова ми изгледа на современа работа. Картушите ти се оние заокружени хиероглифи и најчесто во нив пишувало име на фараон или некој негов потомок/претходник.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Успеав да го пронајдам сајтот од кои ги земав, иако овие се преземени преку некој трет :) и еве што вика на почетокот:

These images were found on the ceiling beams of a 3000-year old New Kingdom Temple,
located several hundred miles south of Cairo and the Giza Plateau, at Abydos.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
13.468
Успеав да го пронајдам сајтот од кои ги земав, иако овие се преземени преку некој трет :) и еве што вика на почетокот:
Аха. А кажува освен ова, на кого бил посветен храмот? дали имало име на некој фараон или барем божество?
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Да напоменам за оваа тема,не смееме да заборавиме Аристотел можеби бил во право со тоа што го третирал времето и просторот како една целина.Но питање денес е како Аристотел би ги добил за информација или идеа,(тука можеби има нешто друго)Многу прашање остануваат отворени.Понатаму ,,Се се движи,,И во овој случај се покажа дека бил во право Аристотел.Денес сме сведоци дека навистина се се движи.Можно ли е тој со исклучиво апстрактен начин на размислување да дојде до тој заклучок.Тој практично е и во право што ја изедначил материјата со енергијата со неговите тези за попримање на формата.

Ито така и Демокрит.Видете го ова - Во петиот век пред нашата ера тврди дека материјата е составена од ситни неделиви честички - корпускули.А ние дури сега на почетокот на дваесетиот век имаме сигурни докази за постоењето на молекулите.
,,МОЖЕМЕ САМО ДА ЗАКЛУЧИМЕ ДЕКА ОВИЕ ЛУГЕ СЕ АПСУЛУТНО ВО ПРАВО,,
Аристотел кажал дека земјата е тркалезна,дека месечината врти окулу земјата а земјата окулу самата себеси и окулу сонцето тој дури и ги одредил топлинските појаси.
Во тоа време луѓето како Аристотел и Демокрит можеле слободно да создадат какви сакаат пушки,оружја и други модерни изуми.Тоа го користеле само преку една наука Филозофијата(Ал-кемиа).Тие не конструирале пушки и автомобили не затоа што не можеле,туку затоа што не им требало.
 
Член од
15 април 2009
Мислења
130
Поени од реакции
37
Basilius Valentinus, исто така познат по англиска верзија на името, Базил Валентин, бил алхемичар во 15 век. Во своите дела се претставувал како каноник на Бенедиктинскиот приорат Св. Петар во Ерфурт, Германија. Неговиот вистински идентитет и до денес останува мистерија. “Дванаесет кључеви на Базил Валентин” препознатливо е како едно од најпознатите и највлијателни алхемиски делови. Прв пат е објавено 1599 год. Само како текст, али широка дистрибуција достигнува како преглед на Tripus Aureus (Златен троножец) кој го уредил Михаел Маер, а издал Лукас Џенис во Франкфурт 1618год.
Херметизам Вебвам ги претставува неговите 12 слики кои во себе носат длабоки херметички пораки и се предмет на долготрајно проучување на херметички и алхемиски симболи.


ПРВ КЛУЧ - Кралот од лева и кралицата од десна страна, стојат на отворен простор. Кралот во својата десна рака држи жезло. Кралицата во десна рака држи цвеќе со три цвета, а во левата пауново перо. Пред Кралот, волк и куче прескокнуваат трокутаста реторта поставена во сад со оган. Пред Кралицата, старец со осакатена нога ( фигура на Сатурн ) зачекорува преку оган на кој се загрева сад.


ВТОР КЛУЧ - Крилест Меркур стои,во двете раце држи кадучеа. Од лева страна е Сонце, а од десна Месец, под нозете му се двоструки крила. Од лева страна му се приближува човек кој во раката држи мач околу кој е замоткана змија, додека од другата страна му се приближува друг човек со мач на чиј врв стои птица.


ТРЕТ КЛУЧ - Крилест змеј стои во просторот ,опашот му е свиткан, а јазикот зашилен, во негова позадина има високи планини. Позади змејот лево, волк или лисица бега носејќи во устата птица ( можно е кокошка ), а на грбот му се спушта орел кој го напаѓа.


ЧЕТВРТ КЛУЧ - Костур стои на нешто сто личи на прекриен ковчег. Од лева страна гори свеќа, додека од десната страна е стебло кое трули. Во позадина е црква.


ПЕТИ КЛУЧ - Од десна страна стои жена покрај правоаголна печка. Во десна рака држи срце од кое цвета ружа со седум цветови. Шише поставено на печката во себе содржи течност од која се крева пареа. Врвот на шишето изгледа како да се спојува со главата на жената. Покртај жената стои алхемичар со мев во ртацете, а пламени излегуваат од неговата уста и врвот на главата. Пред печката стои купид со врзани очи, со својата стрела и лак цели на жената. На левата страна стои лав со круна изнад главата, кревајќи ја левата шепа како да ја напаѓа жената или купид. Над главата на лавот свети големо Сонце.


ШАСТИ КЛУЧ - Бискуп со десна рака подигната за благослов, ги венчава Кралот од лева и Кралицата од десна страна, под мрачен облак од кој паѓа силен дожд. Над облакот се формира виножито, од левата страна е Сонце, а од десна Месец. Лево од Кралот, овален сад се загрева на оган. На врвот од садот се наоѓа глава со две лица, и двете во устите држат садови за собирање. Оган гори на врвот од главата. Позади тоа во далечина се наоѓа лебед или гуска. Десно пред Кралицата, алхемичар со трозабец се занимава со печката, налевајќи вода од шише во када, во која се загрева реторта- тиквица. Настанатата пареа се згуснува и собира во шишето кое се наоѓа испод и во него веќе има течност.


СЕДМИ КЛУЧ - Жена, држи вага во десна и мач во лева рака, стои позади големо шише, на чиј врат се наоѓа “Хермесов печат”. Внатре во садот е “Хаос”, a внатре на тој круг се четири годишни времиња околу квадрат, означен како “Sal philosophorum” (сол на мудроста), во чија внатрешност е тријаголник со натпис “AQVA” (вода).


ОСМИ КЛУЧ - Во заграден кружен простор, два човека со самострели седат и целат на квадратна мета со округла цел и кључ на врвот. Седум стрели веќе ја погодиле метата. Помеѓу двата човека се наоѓа гроб од кој излегува човек или оживеан леш. Лево од тоа расте пченка. Во преден план , труп лежи на ораница, по која човек од лево посејува семе и поздравува крилест ангел кој свири на труба и држи копје. Позади човекот, четири птици јадат од семето.


ДЕВЕТИ КЛУЧ - Во кругот на дно се наоѓаат три срца од кои излегуваат змии, тие се свиткуваат, како да се обидуваат да се фатат една со друга за опашот. На врвот од кругот се наоѓаат маж и жена така свиени да заедно со своите нозе и глави ги покажуваат четирите смера. Кај нозете на жената – југ, се наоѓа паун , а кај главата –запад, лебед . Кај нозете на мажот – север, се наоѓа врана, а кај главата- исток, орел со раширени крила.


ДЕСЕТИ КЛУЧ - Околу сјајниот триаголник чиј врв е надолу усмерен се наоѓаат зборовите “Роден сум од Хермогенес. Хиперион ме одбрал. Без Иамсоф осуден сум на пропаст”. Внатре во аглите на триаголникот се наоѓаат симболите :Сонце на лево, Месец на десно и Меркур долу. Внатре во триаголникоѕ се наоѓа двослоен круг во кои се испишани некои хебрејски слова.


ЕДИНАЕСЕТИ КЛУЧ - Два лава се приближуваат еден кон друг и се напаѓаат еден од лева а другиот од десна страна. Лавот од десно ја фаќа муцката на другиот со своите заби. На грбот на двата лава јава по една жена, секоја од нив во рака држи срце од кое расте цвеќе со цвет на Сонце и Месец .( жената од лево цвеќето го држи во десна рака, а таа од десно во во левата рака). Позади жената од лева страна стои витез со подигнат меч во раката, како да ќе нападне. Позади лавот од десно, одат четири млади лавчиња.


ДВАНАЕСЕТИ КЛУЧ - Во лабораторијата стои алхемичар со клешти во левата рака, додека десната рака е усмерена кон триаголна реторта на клупа позади него, од која растат два цвета налик на ружа, а над нив е симбол на Меркур. На лева страна се наоѓа печка во облик на бочва од која се дигаат пламени. Од десна страна , лав јаде змија. Низ отворениот прозорец во позадина се гледаат Сонце и Месец.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Интересно.. Но храмови во Абидос има повеќемина. Ме интересира како поточно се вика овој? И кога е дојдено до ова откритие. Ако имаш било каква информација во врска со ова, пиши. Инаку вреди и ова да се посети.
Едит: запази го она што е запишано во картушите. Сепак ова ми изгледа на современа работа. Картушите ти се оние заокружени хиероглифи и најчесто во нив пишувало име на фараон или некој негов потомок/претходник.
... на кого бил посветен храмот? дали имало име на некој фараон или барем божество?
Храмот е на Сети Први и син му Рамзес Втори (што значи некои тринаест века п.н.е.). Посветен е на повеќе божества.
Откриени се цртеживе во 50-ти години на 19в.

Авијатичарските асоцијации, во јавноста, датираат од пред дваесетина години, за првпат се појавуваат на интернет и во еден арапски весник.

Има многу слични цртежи и во Карнак (храмот на Амон-Ра).

Скептиците тврдат дека цртеживе се обиди на уметниците од тоа време да нацртаат пчела (Сети Први бил познат под тој назив), што е доста глупаво тврдење.

Еве една поинтересна опсервација на цртеживе:

http://vejprty.com/abyhelic.htm
 
Член од
15 април 2009
Мислења
130
Поени од реакции
37
Проклетството на „Летачкиот Холанѓанец“
Многумина го виделе бродот што бил осуден вечно да плови

Кој бил – или се уште е – „Летачкиот Холанѓанец“? И зошто очигледно измислената морнарска приказна се одржувала со векови – дури и кај оние што не пловат на морињата? Опоменувачката приказна за капетанот на брод што склучил сојуз со ѓаволот им била позната на морнарите одамна пред славната опера на Вагнер. Измислена приказна, се разбира, но на секои неколку години, дури и денес, легендата се појавува како необично и застрашувачко предупредување.
Легендата потекнува од 17-иот век, кога бескруполозниот
алчен холандски капетан Хендрик ван дер Декен испловил од Амстердам накај Источна Индија во потрага по богатство. Се било во најдобар ред додека не впловил во водите околу носот Добра Надеж. Се подигнала страшна бура која со денови ги кинела едрата и го разбивала дрвениот оклоп на бродотНе е познато што се случувало точно во тие мигови. Според легендата, самиот ѓавол го наговорил капетанот, спротивно на божјата волја, да се упати право во бурата. Склучувајќи договор со ѓаволот, Холанѓанецот го навлекол на себе бесот на Севишниот – оттаму проклетството што било фрлено на бродот и неговиот екипаж, според кое биле осудени вечно да талкаат низ морињата без спокојно пристаниште, се до судниот ден.
Тоа е приказна што не треба да се сфаќа сериозно. Па сепак, со векови биле забележувани многубројни необични, сенишни бродови слични на трупот од Источна Индија, а голем дел од нив токму во водите каде што исчезнал „Летачкиот Холанѓанец“. И не само тоа: морнарското верување дека несреќата ќе го стигне секого што ќе го види фантомскиот брод се повеќе се ширело.
Некои од очевидците на сенишниот едреник биле луѓе достојни за најголема почит. Принцот Џорџ, шеснаесетгодишен питомец на Кралската морнарица, кој подоцна станал крал Џорџ V, на 11 јули 1881 година внел во својот дневник историски податок пловејќи на бродот „Инконстант“ крај бреговите на Австралија. Тој запишал:
„Во 4 часот наутро од левата страна на нашиот нос мина ’Летачкиот Холанѓанец‘. Како да е вжарен, светеше со чуден фосфоресцентен сјај осветлувајќи ги катарките и едрата на сенишниот едреник што беше оддалечен 200 метри. Сосем јасно го видел дежурниот офицер на командниот мост. Офицерот на задната палуба исто така го забележал, но кога дотрчал до набљудувачницата на хоризонтот ни лево ни десно не можел да забележи никаков брод, иако видливоста била добра а морето мирно“.

Очигледно е дека младиот принц импресиониран од привидението што го виделе 13 луѓе на „Инконстант“ и на двата придружна брода. Кон крајот на тој ден морнарот што прв го забележал „Летачкиот Холанѓанец“ паднал од врвот на катарката и наместо загинал. Набргу умрел и адмиралот на флотата.
„Летачкиот Холанѓанец“ најчесто можел да се види во водите околу носот Добра Надеж, каде што, според легендата, исчезнал. Но имало и очевидци што го виделе сенишиот брод од копното.

Во септември 1942 година четворица луѓе се одмарале на терасата на една куќа во Мул Поинт, Кептаун, кога забележале еден старински едреник како плови накај заливот Тејбл. Го следеле петнаесетина минути пред да исчезне зад островот Робен.
Три години пред тоа, во март 1939 година, речиси сто луѓе го виделе фантомскиот брод. Се сончале на плажата Гленкерн во заливот Фолс, југоисточно од Кептаун, кога едреникот се појавил од маглата. Минал низ заливот под полни едра, иако воопшто не дувал ветер. Изгледало дека бродот плови накај оддалечената пуста плажа. Но додека возбудените капачи го набљудувале, „Летачкиот Холанѓанец“ одненадеж исчезнал исто како што се појавил.

И други делови од светот имале свој „Летачки Холанѓанец“.
Еден британски фантомски брод редовно го посетува озлогласениот Гудвин Сендс во Ламанш, каде што, според некои тврдења, има 234 трупови на бродови што настрадале во бродоломи. Таму заринкал на 13 февруари 1748 година и бродот „Леди Лавибонд“. Едреникот тргнал од Лондон накај Опорто, Португалија, со својот штотуку оженет капетан Сајмон Пил, неговата невеста и неколку сватови. Според легендата, љубоморниот прв офицер, кој тајно бил вљубен во невестата, го убил капетан Пил, а бродот го насочил на патот за Гудвин. Сите патници настрадале во бродолом.
Меѓутоа, на 13 февруари 1798 година – значи, педесетина години подоцна – едреник со три катарки, сличен на „Леди Лавибонд“, бил виден како плови накај Гудвин. Екипажот на еден рибарски чамец го следел и чул звуци на славење и женски гласови што допирале од палубата. Тогаш пред нивните очи едреникот удрил во гребен, се разбил и – исчезнал.

Слично привидение забележал и екипажот на еден друг брод точно по 50 години. Одново се случило се на 13 февруари. По нови 50 години, на 13 февруари 1898 година, во близината на Дил во Кент, мала група набљудувачи исто така забележала фантомски брод на хоризонтот. Дали сеништето се појавува на секои 50 години? Љубопитните се собрале на 13 февруари 1948 година, но бидејќи видливоста била слаба, се разотишле без да забележат ништо.
И во Северна Америка, во водите околу Род Ајленд, се појавувал еден фантомски брод. Неговото име било „Палатин“. Едреникот испловил во 1752 година од Холандија, преполн со иселеници што патувале за Филаделфија. Бродот го зафатило невреме и силниот ветер го свртел од курсот. Во несреќен случај капетанот паднал преку палубата во морето, а испаничениот екипаж се побунил. Божиќ поминал во општо ужас и метеж. Два дена подоцна „Палатин“ заринкал на карпите пред островот Блок. Кога бурата се смирила, бродот почнал да се лизга назад низ карпите и приливот повторно го вратил на морската шир. Пред да се ослободи бродот сосем, група тамошни рибари се качиле на „Палатин“, ги истовариле патниците и го ограбиле бродот.


Кога им минал бесот и откако исчистиле се што вредело од „Палатин“, рибарите го запалиле и го гледале како плови кон отвореното море обвиен од пламен од носот до крмата. Меѓутоа, и огрубените морнари биле вџашени гледајќи ја силуетата на некоја жена што се појавила од некое скривалиште на „Палатин“ и викајќи од палубата барала помош се додека огнот не ја проголтал.
Кога им минал бесот и откако исчистиле се што вредело од „Палатин“, рибарите го запалиле и го гледале како плови кон отвореното море обвиен од пламен од носот до крмата. Меѓутоа, и огрубените морнари биле вџашени гледајќи ја силуетата на некоја жена што се појавила од некое скривалиште на „Палатин“ и викајќи од палубата барала помош се додека огнот не ја проголтал.
И денес, по повеќе од два века, сенишниот брод може да се види крај бреговите на Нова Англија како плови обвиен во крвавоцрвени пламења.
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Еѓипќаните знаеле за вонземјаните и напредната технологија!?

Во древните цивилизации се кријат огромно количество тајни, коишто човештвото до ден денешен не може да ги разоткрие. Едно од прашањата кое сеуште чека одговор: Како се пренесувале знаењата на огромни далечини? Постоеле ли летачки објекти? Во продолжение неклку фотографии кои личат на летачки објекти од храмот New Kingdom Temple (изграден пред 3000 години).



























ова е навистина чудно и те става во мисла...
или им се предвидувало или биделе вонземјани...
 

Mason_Petrarka

Servant of Morgoth
Член од
19 декември 2009
Мислења
157
Поени од реакции
23
Костарика и неколку околни подрачја се преплавени до камени кугли. Обликувани се скоро совршено. Некои од нив се прилично мали, со дијаметар од само неколку сантиметри , додека имало и такви со дијаметар од 2,5 метри и тешки неколку тона. Топките се наоѓаат насекаде, иако нивната поента не е позната, како ни периодот на нивното настанување.
Иначе само вода можи да напрај толку мазен камен . Шо ако ги макале во вода за да ги измазнат ? Мала шала :smir::back:
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Пири Реис мапата



Пронајдена во 1929, нацртана на кожа од газела во 1513 од Пири Реис адмирал во турската армија кој поради високата рапутација што ја имал му било дозволено да се служи со материјали од библиотеката (претежно материјали кои датират од ерата пред Христос) во Константинопол од каде што и ја прецртал оваа мапа....
Е мапа како мапа но тоа што се е чудно за неа е тоа што на неа од десна страна е прикажан Западниот брег на Африка, Источниот брег на Јужна Америка и замислете Северниот брег на Антартик, она што е уште почудно е тоа што со сателитските истражувања се дозна дека брегот на Антартикот кој е нацртан на оваа мапа е во потполност точен но меѓутоа истиот одамна е под мраз... чудно нели?
За картава има нешто и во книгата ,,окултната магија на третиот рајх,,од Сергеј Зубков. Точноста на картава ги зачудува современиве научници,и фактот што Антартикот е претставен без ледена покривка.

Првата личи на Покемон топка (мислам дека така изгледаше, немам гледано од мал ЛоЛ)
а другите ми изгледат на Крикет топки...

БТВ да не заборавиме на фреските од Косово...





Запазете го симболот кој што на нас ни е доста познат. Истиот се појавува на бројни Македонски икони... дали ова значи нешто?
Дека се појавува на икони незнам,но дека слични вакви појави има во Македонските манастири знам дека има.Мислам дека се манастирите во кумановско-липковскиот регион,се појавуват и светци кој во рацете дрзат несто како ласерски мачеви.Ако најдам слика ке поставам обавезно.

И да кажам несто и за хеликоптериве,дека ланската година на мозаик во Охрид(Плаошник), се појави слика на хеликоптер,и за ова ке се потрудам да најдам фотографии.
:salut:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom