Voynichev - Најмистериозната Книга
Кога американскиот колекционер и продавач на старини Wilfrid M. Voynich, по кој и тој ракопис го добил името, во 1912 година во вилата Мандрагона, блиску Рим пронашол непознат ракопис, не бил свесен на каква тајна наишол. Бидејќи се обврзал на дискреција, антикварот не можел да каже ни збор како дошол во негова сопственост ракописот, па неговото потекло станало уште потаинствено, посебно откако се утврдило дека е напишан на јазик и писмо кој никој не ги разбира. Откако Wilfrid M. Voynich во 1912 година го купил таинствениот ракопис, ги разделил копиите насекаде во надеж дека некој ќе успее да ги дешифрира текстовите, но до денес ракописот кој е сместен во библиотеката на Универзитетот Yale во Америка, и покрај бројните обиди, се уште никој не го одгатнал.
Книгата е напишана на пергамент, дебела е само четири цм, димензија 15 пати по 22,5 цм, кориците се празни и на нив нема наслови, име на авторот, ниту никаков друг податок. Таинствениот ракопис се состои од 235 страници напишани со уредни, но непрепознатливи зборови, на сосем непознат јазик или јазици, а повеќето од страниците се илустрирани со колоритни цртежи на чудни билки, астролошки симболи и зодијачки карти и мали голи жени.
Зборовите со густ ракопис се вклопуваат во необични цртежи, па постојат претпоставки дека се работи за некој вид тајна алхемиска списа. Сепак, додека не се пронајде клуч за дешифрирање на текстот, само илустрациите можат да не упатат на тематиката на таа чудна книга која потсетува на научен ракопис за билките, билните препарати и фармакологијата, астрономијата, биологијата или козметологијата.
Необјасниви цртежи
Врз основа на калиграфијата, цртежите, пергаментите и пигментите Voynich ракописот го датирал на крајот на 13 век и го припишувал на Rоger Bacon. Верувал дека дешифрирањето на тој ракопис било исклучително важно за историјата на науката бидејќи тој филозоф и теолог бил заговорник на експерименталниот пристап на науката и заинтересиран за медицината, астрономијата, алхемијата и астрологијата. Bacon дваесетина години бил притворен во манастир, а имал добра причина да ги шифрира резултатите на своите научни истражувања бидејќи во своите списи предвидел појава на автомобили, локомотиви, параброд и авион. Но, научниците кои подоцна го анализирале пергаментот и пигментот со кој е илустриран, заклучиле дека ракописот потекнува од 15 или 16 век. Можеби, како што некои претпоставуваат, може да се поврзе и со генијалниот Леонардо да Винчи. Иако имало многу обиди за дешифрирање од различни аспекти, до денес не е познато дали “Voynichev“ ракописот е шифриран или можеби испишаниот текст воопшто нема никаква смисла.
Се уште нема одговор ни на прашањето дали прекрасните цртежи на билки, астролошки знаци и придружните текстови се меѓусебно поврзани. Од каде се фантастичните цртежи на неидентификувани билки, секвенци од маи голи жени во кади поврзани со комплицирани водоводни цевки кои повеќе изгледаат како анатомски делови, забелешки за ѕвездите и небеските сфери. Што претставуваат мистериозните карти на кои некои спознаваат астрономски објекти видени низ телескоп, а некои живи станици видени низ микроскоп. На тие карти присутен е и необичен календар на зодијачки знаци населени со мали голи луѓе.
Вонземски ракопис
Можно е Voynichev ракописот да носи пораки од некој друг свет, наведува група SF истражувачи. Нивната анализа од 2001 година ја поддржува теоријата дека го испишале вонземјани. Таинствениот манускрипт укажува на тоа дека суштества од вселената ја посетиле Европа уште во средниот век, е заклучокот на таа група одгатнувачи. Вонземјаните ги испишале манускриптот и го илустрирале со цртежи на билки и цвеќе какво што на Земјата не постои.
Потенцијалните одгатнувачи на различни начини си поставиле задача за транскрипција на Војничевата алфабета. Позната е теоријата на криптологот William F.Friedman, кој во 1944 година се обидел да ја реши загатката на ракописот со посредство на моделот proto-esperanta кој во 17 век ја создал филозофот John Wilkins.
Многу интересна теза за тоа како делува Voynichev ракописот на катарските свети списи поставил во 1987 година рускиот филозоф dr. Leo Levitov. Мали жени во кади, кои толку многу збунувале, за Левитов претставуваат тајна на Катарите, смрт со сечење на вените за да искрварат во топла вода. Ниту цртежите на билки, кое не можеле да се разрешат како ботанички препознатливи видови, за Левиот не се никаков проблем бидејќи и тие се симбол на Катарите, знаци на божицата Изис, која е клуч и за толкување на астролошките карти. Левитов дури направил и преводи на некои делови од ракописот утврдувајќи дека не се напишани во шифри туку со посебно писмо кое е составено од средновековен фламански со бројни позајмени зборови од старофранцускиот и старогерманскиот јазик. Меѓутоа, за многумина таквата теорија не била уверлива па е обновен обидот за создавање транскрипција на ракописот кој би можел да го прочита компјутер.
Ексцентричниот Rudolf II
Ширум светот со помош на интернетот е покрената голема акција за создавање транскрипција на Voynichev ракописот и негово префрлање на компјутер. Многумина и понатаму тврдат дека текстот е напишан во шифри бидејќи се состои од прилично чудни знаци, од кои некои неодоливо потсетуваат на латинските букви и римските бројки, но внатрешната структура на зборовите не е слична на ниту еден образец на нам познат јазик.
Меѓутоа, подеднакво се упорни и претпоставките дека тајниот ракопис е всушност измама. Дури се посомневало дека текстот го создавал самиот Војних, што наскоро отпаднало како можност бидејќи стручњаците кои го датирале ракописот докажале дека тој постел и претходно. Секако, можел да биде создаван и во 16 век, кога според легендата на дворот на Рудолф II стигнала непозната личност и му го продала овој ракопис за 300 дукати, што во тоа време било голема сума. Таа прва историска трага води до ексцентричниот цар на Светото римско царство, кој воедно бил и крал на Хрватска и Чешка на преминот помеѓу 16 и 17 век. Рудолф повеќе се занимавал со алхемија и со астрологија отколку со државни работи и на својот двор во Прага бил опкружен со астролози и многу научници. Подеднакво го фасцинирале игрите, шифрите и музиката, па на таков занесеник лесно можело да му се продаде таков предизвик мамка.
Иако многу стручњаци тврдат дека е малку веројатно некој во 16 век би можел толку совршено да ја познава внатрешната структура на јазикот, Gordon Rugg од Универзитетот Keel во Велика Британија овие денови ја обновува теоријата дека таинствената книга, која никој не успеал да ја дешифрира, е всушност лажна. Одбивајќи го моделот на компјутерско програмирање, тој научник од Англија повторно ја оживува тезата за улогата на непознатата личност која се појавила на дворот на царот Рудолф II, еден од најексцентричните европски монарси на сите времиња и му го продала овој ракопис.
Дело на измамник!?
Во времето кога на дворот на Рудолф Iбил сместен голем англиски морепловец, астролог, магионичар и окултист John Dee, се спомнувала извесна тајна книга, која содржела само хиероглифи, а кои тој ни по многубројни обиди не успеал да ги протолкува. По Dee, книгата завршила кај Jacobus de Tepenecz , управител на Рудолфовите ботанички дворови. Тука и се губи секаква трага и доста е нејасно како повторно е најдена во Рим. Иако тврдењето за фалсификатот наводно го побиваат статистичките податоци за количината на зборовите карактеристични за природните јазици, Gordon Rugg најавил дека идните месеци ќе докаже како ракописот е бесмислен и создаден само да се измамат големи пари од занесениот цар Рудолф II. Во научната работа која излегла брзо во списанието „Криптологија“, dr. Rugg верува дека тоа ќе го оствари со помош од табела од 40 редови и 39 стапки. Откако што дијагонално изрежал три квадрати и плочи почнал да се движи, притоа читајќи зборови кои му се појавувале во таинствениот ракопис, утврдил дека може да ги дешифрира и останатите лингвистички обрасци. Ако истражувањата со таблите и плочите се покажат точни тоа ќе значи дека текстот најверојатно дело на некој од историските измамници, тврди д-р Rugg.
Се надеваме дека тајната на ракописот наскоро ќе биде откриена...