Нешта / Артефакти кои не би требало да постојат

Ф

Флеш

Гостин
Багдадската батерија

Најдена е 250 години п.н.е во тогашната Партијска империја. Изградена е од глина, која во средината има цилиндричен тенок бакар. А во средината на бакарот има оксидирана железна цевка/шипка. За да проработи потребно е само да се наполни со алкална течност. Се верува дека порано ја користеле за откривање на злато.

Како може оваа технологија да исчезне и повторно да се врати по 1800 години?
гледав за ова и прв пат дознав на Дискавери на емисијата МитБастерс кога правеа еден експеримент .... интересна работа е .... :)
 
2

~2A

Гостин
The Roman Dodecahedra

Овој тип на бронзени артефакти се пронајдени во Франција, Швајцарија и Германија. Интересното е што никој археолог не успеал да докажи за што точно служат. Според некои шпекулации тие ги поврзуваат со Zodiac. Уште поинтересно е дека некои викаат дека тие служеле како светилник или пак во вид на оружје ( најверојатно бомба).

2

~2A

Гостин
Antikythera mechanism

Е машина пронајдена во потонат брод во близина на Грција. Датира од пред 100години пред Хр. и има запчаници и структури кои не се откриени во никакви уреди во наредните 1000 години.
Се смета дека е направен од страна на Грците затоа што инструкциите се на грчки, но всушност тоа било од Сицилија. Некои претпоставуваат дека механизмот служел за утврдување на астрономски позиции, но чудно е што во тоа време никој не знаел за законите за гравитација, ниту пак како се движеле небесните тела.

Член од
17 март 2014
Мислења
601
Поени од реакции
1.662
Aramu Muru

Се наоѓа во Перу во близина на езерото Титицаца, според тамошните луѓе се верува дека ова било врата која што можела да биди отворена само од некои волшебници. Други пак веруваат дека во одреден период се отварала во одреден период...

Но, едно нешто што е заедничко помеѓу овие размислувања е тоа што низ оваа врата постоел некој друг свет, каков, што имало, како имало... не се знае.

Исто така не се знае ни кога е "изградена" оваа "врата".
Го гледав ова клипче - типов се фали дека знае како да влезе внатре дури и имал влезено внатре.
Пасвордот бил :ROFLMAO: ,наводно, музички тонови (3 тонови) :vozbud:
[DOUBLEPOST=1401352220][/DOUBLEPOST]КАЛЕНДАРОТ НА АДАМ - ЈУЖНА АФРИКА
Новото откритие на древниот тркалезен лиен камен календар сместен во Мпумаланга е докажано дека има најмалку 75 илјади години старост , што е постаро од другите структури гледано по датумот на други. Јужна Африка е една од најголемите мистерии во историјата на човештвото. Она што ни го кажуваат е дека пред околу 60 000 години , раните луѓе мигрирале од Африка и го населиле остатокот од светот.

Се проценува дека има повеќе од еден милион древни камени урнатини расфрлани по планините во Јужна Африка . Голем број на артефакти и предмети кои биле обновени од овие урнатини покаже долго и широко согласност дека датира од повеќе од 200 000 години.

Многу од овие предмети како се монети , статуи , мечови, симболи , потпирачи за глава, кугли , статуетки и други , покажува дека речиси секоја древна култура била присутна тука во Јужна Африка , во одреден момент во историјата . Ова ги вклучува Сумерите , Египќаните , Феникијците, Римјаните , Грците , Арапите и дури Инките. Најдобар пример за ова се урнатините кои се наоѓаат меѓу Machadodorp и Waterval Boven , Мпумаланга . Современите историчари шпекулираат за потеклото на овие урнатини , кои го нарекуваат„Колевката“ .

Овој спектакуларен антички локалитет е подреден во согласност со страните на планетата Земја,(исток ,запад,север,југ) краткоденица, долгоденица и рамноденица . Точен е и како календар следејќи ја сенката на зајдисонцето , која е отфрлена од страна на повисокиот централен камен врз рамниот камен до неа. Се смета дека датира со релативна сигурност на најмалку 75.000 години врз основа на бројни научни проценки.

Календарот беше повторно откриен од страна на Јохан Хајне во 2003 година и го носи името од Мајкл Телингер како Календарот на Адам бидејќи тоа е веројатно најстарата структура на Земјата , која се поврзана со потеклото на човекот . Тоа е познато по африкански старешини, чувари на знаењето надомородното население и Шаманите како " Место на раѓање на Сонцето ", или
" Inzalo y'Langa ", каде што човештвото е создадено од страна на Боговите.

Од геолошки аспект, Календарот на Адам ни претставува ,со непобитен геофизички доказ, дека нашата планета претрпела голема промена , или големо поместување во одреден период од нашето минато.Тоа е кога северо-јужната оска на планетата , всушност, се поместува во поинаква позиција.
Ова беше објаснето во работата на Чарлс Хапгуд во 1950 година, која беше силно поддржана од Алберт Ајнштајн, што укажува на тоа дека Земјиниот крст се менува од време на време, поместувајќи ги поларните оски на планетата со него.

Календарот на Адам , исто така, претставува прв материјален доказ дека имало свест меѓу првите луѓе во " Лулка на човештвото " , додека некои од алатките укажуваат на тоа дека тие имале многу подобро разбирање на законите на природата отколку што имаме денес.Структурата е градена на истата надолжна линија како Голем Зимбабве и Големата Пирамида од Гиза во Египет , што укажува на поврзаност помеѓу овие антички цивилизација и на градителите на сите три структуруи.
AdamsCalendarAfrica7.jpg Adam's Calendar plan with sightlines low.jpg
 
Последно уредено:

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
The Roman Dodecahedra

Овој тип на бронзени артефакти се пронајдени во Франција, Швајцарија и Германија. Интересното е што никој археолог не успеал да докажи за што точно служат. Според некои шпекулации тие ги поврзуваат со Zodiac. Уште поинтересно е дека некои викаат дека тие служеле како светилник или пак во вид на оружје ( најверојатно бомба).

ванземаљциии

Адамовиот календар 75.000 год ?
датирање 200.000 години ?[DOUBLEPOST=1403463898][/DOUBLEPOST]
Некои претпоставуваат дека механизмот служел за утврдување на астрономски позиции, но чудно е што во тоа време никој не знаел за законите за гравитација, ниту пак како се движеле небесните тела.
Занаеле по нешто за гравитацијата;
Аристотел - дело Физика 4в. пне
Витрувиј - за Архитектурата (книга VII) 15г. пне

Последно уредено:
Член од
17 март 2014
Мислења
601
Поени од реакции
1.662

ванземаљциии

Адамовиот календар 75.000 год ?
датирање 200.000 години ?[DOUBLEPOST=1403463898][/DOUBLEPOST]

Занаеле по нешто за гравитацијата;
Аристотел - дело Физика 4в. пне
Витрувиј - за Архитектурата (книга VII) 15г. пне

Се мисли на камените урнатини има некои што датираат од пред 200.000 години а Календарот е стар најмалце 75.000 години ;)
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Се мисли на камените урнатини има некои што датираат од пред 200.000 години а Календарот е стар најмалце 75.000 години ;)
Се фино лепо но пред 200.000 години нема шанси да има градби од таков тип, тогаш тек слегнуваме од дрво (хинт;се појавува тревата и се разретчуваат шумите т.е. се зголемува дистанцата помеѓу дрвата, и не скокаме од гранка на гранка туку слегнуваме од дрвото А за да отидеме до дрвото Б).

Првите градби кои се постојани се појавуваат за текот на Неолитската револуција (10.000 год пне, локација Блиски Исток и Индија) каде од општеството на ловци и собирачи (привремени живеалишта во пештери, непостојана локација и движење според миграцијата на животните и временските услови кои давале рожба на одредени видови на храна од растирелно потекло) преминуваме во земјоделско општество (произведуваме а не собираме и ловиме храна која вооедно и ја складираме, сурова или преработена) и ги имаме првите села, па расте населението и се појавуваат и првите градови (потребна работа сила) во која како придружни објекти се појавуваат и храмовите и обсерваториите (практични причини; сеење и жнеење) така да пред 10.000 немат шанси.
 
Се’ е тоа ОКЕЈ ..
ама
не станува збор за луѓе кои ги создале тие градби - создадени се со вонземска технологија од АНУНАКИте.
Направени се како мрежа од поврзани канали и ѕидови ама нема врати како кај нормалните живеалишта
(затоа што не служело за живеење туку за лоцирање/црпење на злато од Земјата и за генерирање енергија).
Ги има над 1086 милиони кругови на територија од 10.000 километри ...
Three of these South African cities that contained 1086 million circular stone ruins stretched over 10,000 kilometers.” [Tellinger, Slave Species: 125;Temples:53-82]
Bov 2 Large 1.jpg
Bantu_ruins_4._jpg.jpg
 
Последно уредено:

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Се’ е тоа ОКЕЈ ..
ама
не станува збор за луѓе кои ги создале тие градби - создадени се со вонземска технологија од АНУНАКИте.
Ааахх што не рече дека станува збор за Ануаките и сојузот на парведната кралица Вулверида, тоа е друга наука.
 
П

Пе Џо

Гостин
Ти благодарам, имаш нешто повеќе да кажеш околу темата?[DOUBLEPOST=1399052169][/DOUBLEPOST]Ica Stones

Во почетокот на 1930та год. биле пронајдени голем број на закопани камења во гробови кај античките Инки. Др. Кабрера собрал околу илјада камења за кои што се сметало дека се стари околу 500-1500 години и тие биле познати под името Ica Stones.

Ова е разоткриено. Изработени се од пронаоѓачот - само веста околу тоа никад не била `разгорена`.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom