- Член од
- 20 март 2007
- Мислења
- 8.493
- Поени од реакции
- 308
Со задоцнување.
Механизмот кој пред стотина години бил пронајден во морето покрај грчкиот остров Антикитера, заедно со уште 80 други висококородирани археолошки предмети, можел да ги предвиди позициите на планетите, најчесто на Сонцето, Земјата и Месечината. Механизмот го користеле древните грци за мерење на астрономските циклуси.
Група британски, грчки и американски научници, кои биле предводени од Мајк Едмундсон од универзитетот во Кардиф, користеле напредна технологија со цел да ги проучат пронајдените остатоци од комплексниот механички уред со запци, какви немало се до појавувањето на механизмот користен кај часовниците во 14 век.
“Оваа технологија е исто толку важна како и Акрополот за архитектурата. Тоа е единствен уред од ваков вид“, изјави Џон Сидеракис, кој учествувал во истражувањето на механизмот.
Стручњаците тврдат дека механизмот е направен од 150 до 100 години пред Исус, а наречен е според местото на неговото пронаоѓање, островот Антикитера во Грција, каде го пронашле грчки подводни истражувачи кои биле таму да истражат остатоци од римски брод.
Од своето откритие па се до денес, овој механизам ги збунувал научниците. Весникот Nature пишува дека се работи за направа ’технички посложена од било која 1000 години по неа’.
Покојниот научник Дерек де Сола Прајс бил првиот кој користел модерна технологија, рентдген и гама-зраци, како би открил што се крие во 31 запчаник во кородираниот механизам - поврзувајќи ги сончевите години со 19 годишниот циклус во Месечевите фази.
Научниците сега откриле дека механизмот содржи 37 одвоени запчаници и изворно бил сместен во кутија помала од онаа за чевли.
Двата запчаника на предната страна го покажуваат зодијакот и календарот на деновите во годината, кој може да се прилагоди на престапните години, додека металните стрелки ги покажуваат позициите на Сонцето, Месечината и пет други планети.
Двата спирални бројчаници во позадина го покажуваат Месечевио циклус и ги предвидуваат помрачувањата.
Механизмот од Антикитера е изложен во Националниот археолошки музеј во Атина.
Антикитера механизмот е технички посложен од која бил позната направа барем во следниот милениум.
Еве и рестраврирана верзија од истиот механизам.
Само да напоменам дека во периодот од кој потекнува механизмот... сеуште не беше познат законот за гравитација. Теоријата за движењето на небесните тела истотака не беше поставена. Сите и пронајдоци дотогаш беа презентирани до другите преку говор, или евентуално преку ракописи. Нацрти, шеми и сложени комбинации и пресметки, замислени траектории, уште пред 2000+ години.
0_0