Ајде да не му ја до-укењаме на џимеј темата, добра е
Филмови од овој тип обично најмногу гледам кога сум во љубовно нерасположение, да не речам депресија Имаат некогаш исцелително дејство
Да не се повторувам со некои филмови што веќе ги спомнавте погоре како (500) Days of Summer, Chasing Amy итн. тргам со комплетно свежа листа.
Teenage Dirtbag - Хмм овој ми е меѓу омилените вакви, се работи за проблематичен средношколец, кој ќе вознемирува друга средношколка, па двајцата ќе бидат пратени во класот кој што посетува настава за креативно пишување. Преку чудни стихови ќе пренесуваат дел од моменталните нивни чувства. Не се летајте одма да мислите дека е како 99 проценти од ваквите средношколски филмови, туку воопшто не е таков и топло го препорачувам за сите ентузијасти.
Wristcutters - A Love Story - Типче се самоубива откако ќе му раскине девојката, па целиот филм се одвива во другиот живот, кадешто е сместен со други луѓе коишто имаат извршено самоубиство. Дополнителен момент што ми се допаѓа филмов е што во него глуми и
Shannyn Sossamon
Barfly - Во филмов се зборува за човек што редовно виси по барови и се опива, пишува поезија што никој не му ја објавува и сретнува жена слична на неговит стил на живот. Филмов има еден тон добри фрази, а според мене е и еден од најдобрите на Мики Рурк. Гледајте го обавезно!
Brothers - Не сум сигурен дека толку се поклопува со овој стил на филмови но има доза на чудна љубов, која не е префорсирана и не е целосна и доволна, која што се јавува меѓу двата главни ликови во филмот.
Blue Valentine - Добра и реална приказна, во голема мера присутна во секојдневниот живот, кога сме сведоци на тоа дека понекогаш колку и да се труди човек некои работи тешко се постигнуваат или воопшто не.
Falling in love - Приказна за маж и жена кои случајно се сретнуваат во една продавница купувајќи за Божиќ, па понатаму се сретнуваат се почесто во истиот воз. Проблемот е што и двајцата имаат семејства. Добра актерска екипа, Де Ниро и Мерил Стрип.
The bridges of Madison County - Многу сличен филм на тој погоре со исто така добра актерска екипа, Мерил Стрип и Клин Иствуд.
Leaving Las Vegas - Една од подобрите улоги на Николас Кејџ, дури и неговите хејтери мислам ќе се согласат
Сценарист алкохоличар сретнува проститука со која почнуваат да се дружат се повеќе. Стварно е добар филмов и одговара на темата, го препорачувам!
Spread - Обично ретко преферирам филмови со Аштон Качер, но овој ми се допадна. На почеток и овој делува како обичните клише, холивуд филмови но не е таков.
Dandelion - Возрасен човек, ќе изврши ненамерно убиство прегазувајќи човек со колата во едно мало и тивко гратче. Неговиот малолетен син без негово знаење ја превзема вината за неговиот татко да не оди во затвор. Дечкото е штотуку заљубен во една девојка но мора да ја напушти за да одлежи две години во поправен дом, за убиството што не го извршил. Дали се ќе биде исто кога ќе се врати... На моменти навистина меланхоличен филм.
Solaris - Хмм научна фантастика е но сепак мислам дека одговара на темава. Астронаути одат околу орбитата на друга планета, кадешто се случуваат чудни работи меѓу кои и се појавуваат луѓе од минатото, мртви луѓе.
Alfie - Плејбој или женкар како сакате, почнува да станува свесен за неговите постапки кога ќе почне некои работи да ги осети на своја кожа...
Closer - Филм кој верувам дека повеќето го имате гледано, имаше и наша претстава ваква. Два пара кои ќе ги сменат меѓусебните партнери неколкупати. Дефинитивно е во склоп со темава и го препорачувам да се гледа.
Heaven - Офицер се заљубува во жена која е обвинета за терористичко злосторство. Дефинитивно одговара на темава, гледајте го.
Good Dick - Овој филм искрено не ми се допадна, но 100% проценти одговара на темава. Работник во порнотека се заљубува во девојка која доаѓа да изнајмува порно филмови. Многу сувопарен ми беше и дијалогот и филмот, но крајот сепак го вади до некаде, се објаснуваат некои моменти.
50 first dates - Иако делува на романтична комедија, како клише холивудскиве филмови, не би рекол дека е баш таков, во добар дел од филмот сфаќаме уствари колку тажни моменти се дешаваат и дефинитивно не би сакале да сме во позиција на било кој од главните актери
Revolutionary Road - Тоа што навидум делува на прибран и совршен живот, уствари е далеку од тоа. Одговара на темава и го препорачувам.
Swept from the sea - Овој не сум сигурен дека е за тука но мислам дека не е како холивудските шаблони. Се работи за русин кој е единствен преживеан од бродолом и завршува на еден остров. Добро филмче е
Малце сум претерал со листава можда но 90 проценти од наведениве филмови вредат да се погледнат, ако ми текне уште некој ќе додадам