Невообичаени романтични филмови надвор од шаблонот

Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Прв на кој ми текна, Swept from the sea, некако чуден филм, но предобар. Рејчел Вајс ми е совршенство ко актерка.

Ваљда и овој се вбројува овде, Legends of the fall.
Wuthering heights и The reader со Ралф Фајнс.
The way we were.
Dangerous beauty, Sweet November, па дури и Remember me со тој вампирот од Самрак.
The painted veil со за мене еден од најдобрите актери, Едвард Нортон.
W.E.
One day е прекрасен филм.
City of angels, The time traveler's wife, Autumn in New York.
Chocolat може не е за тука ептен, али мене ми е еден од поомилените филмови, а и доста е поразличен, така што, нека го има.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.359
Like Crazy (2011) - IMDb
Сакам филмови во кои глумата не е исфорсирана, туку како во моментот да го смислуваат ценариото. Епа овој е таков и е еден од ретките филмови што ги имам изледано повеќе од еднаш. Иако во некои моменти преовладува тишната, имаат интересни дијалози и не можеш, а да не се соживееш со нив.:pipi:

Ана и Џејкоб, студенти, заљубени еден во друг. Започнуваат врска, но студентската виза на Ана завршува и мора да се врати во Лондон. Останува и кога сака да оди да ги види родителите, настануваат проблеми со пасошот (што е многу очигледно со оглед на тоа што и истече визата), па мораат да ја транспортираат во Англија. Тука следуваат низа тажни моменти, кои во никој случај не ми беа патетични. :place:
Прикажани се препреките на врската на далечина, дали таа може да опстане или не. Крајот е непредвидлив. Хемијата меѓу двајцата главни ликови е НЕ-ВЕ-РО-ЈА-ТНА. Браво за тој дел.
Искрено, не го препорачувам на неемотивни личности. Патем, Jennifer Lawrence има споредна улога.
10/10

 

Kajgana Shop

На врв Bottom