Според мене ова е ништо ново и ништо неочекувано.
Мислам дека очекувано беше на најновата анкета повторно да порасне рејтингот на Груевски судејки според работите што ги направи и според потезите што владата ги прави.
Според мене малку чудно но и проблематично е што успеси и добри потези има во сите сфери, проблемот е што целиот тој успех му се препишува само на Груевски. Народот и успехот во економијата и успехот во борбата со криминалот му го препишуваат на Груевски како личности или како премиер а не на целата влада во целина.
И покрај тоа што и влада глобално има голем рејтинг.
И да не се лажеме, колку комуњарите и да зборат, анкетите се најрелевантен фактор за тоа колку народот има доверба во еден човек, а тоа што Радмила Шекеринска нема воопшто рејтинг (што е искрено е многу смешно) тоа е нивен проблем.
СДСМ треба да поработат прво да го кренат рејтингот на партијата и на лидерката, а тогаш со јака и силна опозициона партија, партија на која народот пред се ќе и верува, ќе можат да го рушат рејтингот на Груевски, на владата и на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа што вака смешно е човек кој нема доверба помеѓу народот (зборувам за Шекеринска) да се обидува да кажува работи, кои од една страна не се точни а од друга страна и да се точни за народот не се релевантни и вистинити (затоа што нема доверба во неа-а со тоа и не го подржува она што таа го зборува)
Искрено колку и да се зезаме, нискиот рејтинг на опозицијата и мене почнува да ме загрижува. Искрено срамота е за една партија која до вчера била на власт да има волку ниска доверба. Доверба која место да расте опаѓа. Доверба која ни секојдневните пресови не можат да ја подигнат.
А зошто? Една од причините според мене е тоа што СДСМ има човек-портпарол, кој е непознаата и млада личност. Во време на пад на рејтингот, не можеш да искочиш на прес со личност, која народот прв пат ја гледа и личност која нема кредибилитет да зборува за грешки или правилни и погрешни потези. Личност на која никој не може да и поверува. Според мене рејтингот се билда со “чисти“ но докажани луѓе-ако сеуште има такви во СДСМ.
Таа формула му успеа на Гуревски.
И уште ова ако и понатаму продолжува да паѓа рејтингот на опозиција, тоа ќе биде лошо за Македонија, затоа што на Македонија во овој момент и треба силна и цврста опозиција со јаки луѓе. На Македонија и треба партија во опозиција која буквално треба да и биде коректор на власта за со цел да не се “успие“ и букавлно да се заборави во својот висок рејтинг, што би било лошо за народот.
И уште ова сакала да признааме или не, зад високиот рејтинг на Груевски се кријат добри и вистинска резултати. Но и добри и квалитетни експерти за ПР.