Најпотценети и најпреценети филмови на IMDb

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.930
Поени од реакции
11.321
Најпреценет филм дефенитивно е The Dark Knight. Знаеме дека смртта на Хит Леџер придонесе малку за тоа. Но не е ништо повеќе од обичен екранизиран стрип. Не покажува нешто што немаме видено досега, не остава порака што не сме ја чуле досега.
Најпотценети се пародиите на тандемот Jason Friedberg, Aaron Seltzer. Многу пародии одлично котираат. Барем да имаа просечна оценка. Сметам дека лошиот пласман на нивните дилмови се должи на реваншизмот на љубителите на оние филмови кои тие ги прават партали во своите пародии (Date movie, Epic movie, Vampires suck,Scary movie...)
За болдираното не би можел да се согласам повеќе. А смртта на Хит Леџер не придонесе многу придонесе најмногу по мене за овој висок пласман на The Dark Night. Солиден филм но никако не би го ставил на позицијата на којашто е сега. Не може овој филм да биде пред филмови како на пример Форест Гамп, можам уште 50 да набројам но да не го тупам ипак вкусови се во прашање. Како што пиша екранизиран стрип со ништо што немаме видено досега, затоа не ја заслужува позицијата.

Пак Inception и некои филмови на Нолан се преценети. На Inception не му е пласманот на место.
За Inception би се согласил дека е малце преценет но сепак многу солиден филм е со тематика која не е нешто ново но е одлично прикажана од страна на Нолан.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.236
Поени од реакции
14.581
За Inception би се согласил дека е малце преценет но сепак многу солиден филм е со тематика која не е нешто ново но е одлично прикажана од страна на Нолан.
Наброј уште еден што има таква тематика?
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.930
Поени од реакции
11.321
Наброј уште еден што има таква тематика?
Vanilla Sky (2001) кој е американски римејк на шпанскиот Abre los ojos (1997) Ова е прв што ми текна а има уште, туку не е важно тоа. Значи тематиката со соновите е прикажувана и порано ви други филмови ама како што кажав Нолан ја претставува на негов начин и убаво го има изведено сето тоа. Но Inception по мое мислење неможе да биде рангиран пред филм како што е на пример Matrix кецот, повторно ќе напоменам вкусови се во прашање да, но Matrix воведе многу повеќе новитети и специјални ефекти отколку Inception.

--- надополнето ---

Сега ги прочитав правилата за дискусијата на оваа тема па ете сум требал и мои оценки да дадам на филмовите, оценки кои мислам дека би биле реални. ОК за 2те филмови што ги спомнав ova се моите оценки:

The Dark Knight (2008)

IMDB 8.9/10
JAS 7.5/10

INCEPTION

IMDB 9.0/10
JAS 8.2/10

Објaснувањата да не се повторувам ги напишав во претпоследниот мој пост ;)
 
F

Frankie Yale

Гостин
За болдираното не би можел да се согласам повеќе. А смртта на Хит Леџер не придонесе многу придонесе најмногу по мене за овој висок пласман на The Dark Night. Солиден филм но никако не би го ставил на позицијата на којашто е сега. Не може овој филм да биде пред филмови како на пример Форест Гамп, можам уште 50 да набројам но да не го тупам ипак вкусови се во прашање. Како што пиша екранизиран стрип со ништо што немаме видено досега, затоа не ја заслужува позицијата.
А секој со свое мислење, мене Форест Гамп ми беше доста глуп :)... Не ми се допадна пораката на филмот како прво, како второ беше премногу over the top ко што викаа Американците, цел филм се врти околу тоа како еден ментално заостанат човек цело време ама баш цело време има среќа во секој аспект од неговиот живот а и мислам дека е поверојатно јас астронаут да станам него човек како Форест Гамп да стане успешен човек во вистински живот.

Dark Knight од друга страна е 2 саати чиста забава, интересен за гледање, одлична глума од Хит Леџер кој го заслужи оскарот и паметно режиран за разлика од 90% од филмовите денес. Дефинитивно според мене заслужува подобар рејтинг од Форест Гамп.
 
Z

zmej gorjanin

Ихааааа што не ќе прочиташ на форумов. И веќе ако го сакаш Бетмен, глеј ги претходните Бетмени. Тие се подценети во однос на новиов Бетмен кој е wanna be realistic overrated big pile of crap
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.678
Поени од реакции
31.582
Бетмен е дело на Нолан кој е најпреценетиот режисер. Do the math.
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.930
Поени од реакции
11.321
Ихааааа што не ќе прочиташ на форумов. И веќе ако го сакаш Бетмен, глеј ги претходните Бетмени. Тие се подценети во однос на новиов Бетмен кој е wanna be realistic overrated big pile of crap
Тотално се согласувам.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Ихааааа што не ќе прочиташ на форумов. И веќе ако го сакаш Бетмен, глеј ги претходните Бетмени. Тие се подценети во однос на новиов Бетмен кој е wanna be realistic overrated big pile of crap
Aбе како кажав, секој со свое мислење и вкус. Мене филмот Форест Гамп ми беше глуп од едноставна причина дека беше и понереален од Бетмен или Стар Ворс у пм. Нормално не треба да си паметен за да успееш во живот, има доста глупи луѓе во животот кои се успешни. Но мора да си снаодлив, амбициозен и да имаш малку среќа...

Форест Гамп нит е паметен нит е амбициозен нит е снаодлив а има среќа во секој аспект од животот, значи низ цел филм го следи ненормална среќа, секој негов успех е ненамерен (абе на крај се згазив од смеење коа купи акции од apple и мислеше дека е некоја компанија за јабуки) и тој сите кои ќе ги сретне ги опсипува со бескрајна љубов како некое кученце... Абе глупости според мене, не викам дека е лош филмот само преценет е и дефинитивно не заслужува оскари.
Бетмен е дело на Нолан кој е најпреценетиот режисер. Do the math.
Не е баш преценет, има добри филмови како на пример: Memento.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.846
Поени од реакции
60.934

Не се согласувам и мислам дека не си ја разбрал суштината на филмот, кој не е за некој глупак кој имал среќа во животот.

Форест Гамп е многу интелегентен филм. Во него, од една страна, авторот ги прикажува најважните историски моменти од тој период на САД преку животот на еден човек со пречки во развојот. Форест е ставен во сите тие ситуации и активно го изменува текот на историјата без самиот да е свесен за тоа, што му дава една комична димензија на филмот.

Од друга страна, филмот учи на високи морални вредности преку Форест, кој иако „глупав“ ги разбира работите кои „паметните“ не ги разбираат. Форест се спријателува со црнец (во тоа време), по неговата смрт прави нешто што никој не би го направил: на неговото семејство му дава големи пари, му го спасува животот на инвалидот, одбива да се дрогира, станува спортски херој итн...

Се разбира, нереално е еден ментално заостанат човек да ги прави сите тие работи, но уште еднаш, филмот е лекција која ни е пренесена преку ликот на Форест Гамп. Прекрасна идеја и според мене еден од најдобрите филмови на сите времиња.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Од друга страна, филмот учи на високи морални вредности преку Форест, кој иако „глупав“ ги разбира работите кои „паметните“ не ги разбираат. Форест се спријателува со црнец (во тоа време), по неговата смрт прави нешто што никој не би го направил: на неговото семејство му дава големи пари, му го спасува животот на инвалидот, одбива да се дрогира, станува спортски херој итн...
Токму тоа не ми се свиѓа, неговата безгранична љубов кон секого кој ќе сретне, неговата наивност и огромната среќа што го следи... Без никаква цел започнува компанија за ракчиња која му успева сосема случајно, па потоа трча низ целата земја без причина. Сите работи он што ги прави со неговата глупавост се ненамерни така да цел филм е без никаква цел... Се е случајно во филмот а пораката, очигледната порака, пораката која јас ја добив од овој филм е: Биди глуп, не се сомневај во ништо, не прашувај, верувај им на сите, биди наивен и се ќе падне на свое место и ти ќе станеш успешен...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.846
Поени од реакции
60.934
Токму тоа не ми се свиѓа, неговата безгранична љубов кон секого кој ќе сретне, неговата наивност и огромната среќа што го следи... Без никаква цел започнува компанија за ракчиња која му успева сосема случајно, па потоа трча низ целата земја без причина. Сите работи он што ги прави со неговата глупавост се ненамерни така да цел филм е без никаква цел... Се е случајно во филмот а пораката, очигледната порака, пораката која јас ја добив од овој филм е: Биди глуп, не се сомневај во ништо, не прашувај, верувај им на сите, биди наивен и се ќе падне на свое место и ти ќе станеш успешен...
Пак ќе ти речам, не е тоа пораката, не може да биде пораката „Биди глуп...“, главниот лик има пречки во развојот, не е нормален лик кој нема појма од ништо, како Џим Кери во глуп и поглуп :) Тоа е исто како да кажеш дека I am Sam и Radio се глупави филмови затоа што па таму Шон Пен и Куба Гудинг се тотални ретарди па нема никаква смисла да успеат во нешто. Филмот не е за Форест Гамп, туку Форест Гамп е само посредник преку кого е прикажана една историја и преку кого се пренесени пораки за вистински вредности. Тоа е тоа што ти „бега“ во анализата, го гледаш филмот премногу површно. Ако се држиш до тоа: Форест е глуп и требаше да го згази кола 100 пати, тогаш нормално да бидеш исфрустриран од филмот... :toe:
 
Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Пак Inception и некои филмови на Нолан се преценети. На Inception не му е пласманот на место.
I agree
Идеата беше одлична ама некако ми беше лошо склопена.И да, мнoгу разлвеченo мислам дека можеле да направат нешто пократко а многу подобро....И мое мислење е дека inception е преценет го реков тоа и го напишав во соодветната тема веднаш откако го изгледав.Кај мене не остави никаков посебен впечаток Following од Christopher Nolan ми беше 3 пати подобар.Тоа е мое мислење !!!
 
F

Frankie Yale

Гостин
Пак ќе ти речам, не е тоа пораката, не може да биде пораката „Биди глуп...“, главниот лик има пречки во развојот, не е нормален лик кој нема појма од ништо, како Џим Кери во глуп и поглуп :) Тоа е исто како да кажеш дека I am Sam и Radio се глупави филмови затоа што па таму Шон Пен и Куба Гудинг се тотални ретарди па нема никаква смисла да успеат во нешто. Филмот не е за Форест Гамп, туку Форест Гамп е само посредник преку кого е прикажана една историја и преку кого се пренесени пораки за вистински вредности. Тоа е тоа што ти „бега“ во анализата, го гледаш филмот премногу површно. Ако се држиш до тоа: Форест е глуп и требаше да го згази кола 100 пати, тогаш нормално да бидеш исфрустриран од филмот... :toe:
Разбирам дека филмот ја прикажува историјата на Америка, но ете не ми се свиѓа начинот на кој ја прикажува, а и тоа сигурно не се вистински вредности, наивност и глупавост. Размисли дали е добро да бидеш добар до степен на наивност и дали тоа е вистинска вредност. Форест не ги прави делата од некоја негова внатрешна добрина еднаква на таа на светец, тој ги прави од наивност и голем дел се случајни. Тоа е, едноставно не ми се допадна филмот, а и не сум единствен во тоа. А и I am Sam не ми се допадна и пред да кажеш дека сум површен, филмот има рејтинг 38/100 на rottentomatoes така да и повеќето од професионалните критичари се согласуваат, немам ништо против филмови за ментално заостанати луѓе но имам против еднострани ликови...

А и да, човек како Форест во вистински живот ќе го згази кола 101 пат, во оваа урбана џунгла не се преживува со наивност и глупавост а камоли успешен да станеш, а не постои такво нешто како постојана среќа...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.846
Поени од реакции
60.934
А и да, човек како Форест во вистински живот ќе го згази кола 101 пат, во оваа урбана џунгла не се преживува со наивност и глупавост а камоли успешен да станеш, а не постои такво нешто како постојана среќа...
Види, кога зборувам за вредности не зборувам за „глупавост“. Тоа не е вредност, и треба да се разбере дека главниот лик е таков каков што е затоа што е болен, грубо кажано. Не знам зошто толку инсистираш на неговиот успех и колку било нереално еден таков лик да успее, ама нормално е дека ако така го доживуваш филмот да те разочара. Филмот не е за успехот на Форест, други работи се прикажани преку неговиот лик, пишав кои предходно.

Толку за Форест, не сакам да сум напорен а и толку е времето. Сепак, добра дискусија :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom