Најефтин супермаркет

Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Секој треба да се стреми да достигне висок социјален статус за да може да пазари во елитни продавници. Не сум јас крив што имам вишок пари, а во услови на пандемија, единствен начинда покажам колку висок социјален статус имам е да излегувам со кеси на кои пишува ВЕРО, Рамстор и сл.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622
Малку надвор од тема но има еден неизбежен факт.
Високиот социјален статус може да биде стекнат со труд од нула или така наследен од мама и тато......и секако третата варијанта "лесни пари"....би ги нарекол валкани (партиски тендери, останати валкани работи).
Едната категорија на лица со висок социјален статус се разликува од другата во секоја смисла, од карактертно па во се понатаму......па и во пазарењето.
Еден пријател е од тие типови наследени од тато со оглед дека дедо му на времето купил дуќани низ бит пазар и чаршија и сега комотно си живее човекот.Еден дуќан си работи он да се каже ради реда со оглед дека од другите 3 дуќани си зима доста добри кирии и нормално он пазарува стриктно рамстор,веро,сити мол зошто во овие маркетиве за сиромаштија било многу тесно за количката неговите деца да ја туркаат.
 
Член од
28 јуни 2018
Мислења
746
Поени од реакции
922
А не дај боже ако те снајде некогаш судбина како еврејската ДА ИМАШ ПА ДА НЕМАШ ќе продолжиш да купуваш таму каде што е најскапо?
Nema evrejska sudbina da imas pa da nemas... Samo da imas i da imas malke poke...
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Кај мене у населбава ги има сите.

Кам е евтин, ама си има тоа своја цена. Понудата на производи е таа што е, малку подобра него што беше пред неколку години. Голем проблем ми е што оставаат тесни ходници меѓу рафтовите, бројот на вработени е многу мал и често, за тие малку неколку работи за кои одам таму, дремам на каса со баби расположени за муабет у секое време - посебно со корона моментов, многу ретко одам.

Стокомак е евтин, но како и кај Кам, исто си има цена и тоа уште повисока од онаа кај Кам. Очигледно и тие и Кам имаат превземено бизнис-модел на Алди, Пени-маркт и слични германски ланци, ама адаптиран за македонска сиромаштија - неколку пати имам купено продукти, кои се класична измама и не вредат ни тие пари за кои личи дека е евтино. На пример, цвекло во тегла, кое дома го отвараш и сфаќаш дека е вода и оцет и пет парченца цвекло. Ходници меѓу рафтовите, барем во овој кај мене - дури и нема. Не сум сноб, ама ептен е недостоинствено. И немој да мислите дека фамилиите што ги држат Кам и Стокомак не се чорбаџии. Меѓу најбогатите луѓе у државава се, така да, не сте некои големи аскети што пазарите таму.
И кај Кам и кај Стокомак има еден момент што не ми праи кеиф, а мислам и Тинекс дека го цепа, а тоа е пакување на продукти, оние рефус што идат, па дури мислам дека и препакуваат со поправени рокови на траење.

Тинекс имам во близина на работното место. Тинекс презема вработени од бивша Славија, кои уште работат и толку се спори, проаѓање на каса не е под 10 минути. Цените се високи. Има избор, ама една од последните опции ми е.

Во Веро купувам стриктно наменски работи и тоа акција, претежно за домашна хигиена често имаат попусти на 50% и некои специфични производи. Факт е дека со Тинекс, имаат најголем избор на производи.

Рамстор во сити мол ми е блиску, ама ништо да не работи у Скопје не би отишол да купувам. Некако потсвесно го игнорирам, ваљда турска фирма дека е.

Исто релативно блиску има Кит-го, тоа е некој ланец исто, гледам дека неколку имаат во Скопје - не можам да го одвојам како ултра-евтин. Прилично добро снабден и со добар избор. Некако за мои сфаќања повеќе иде накај Тинекс и Веро, може нешто малку поевтино. Таму одам од време на време, пошо е достоинствено, има доста растојание и не се праат гужви.

Гранап ми се многу глупи. Тераат некоја „носталгија“, демек уредени ентериери, а производите се безвезно скапи. Исто го избегнувам.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.195
Поени од реакции
21.347
Каде тоа затвориле ШПАР во Германија, зошто лупаш глупости?
Порано беа поприсутни не знам што се деси ептем се намали бројката. И Валмарт проба Германија се повлече. Држава на дискаунтери тешко друг да влезе. Иначе и Алди и Лидл имаат добра маржа да не се лажеме. Профитот го прават во купувањето од производителите. Екстремно добро преговараат а имаат и моќ. Не е мала работа таму да пласираш производ.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
^ Кам е на Камчеви како што знам. Страшен мобинг се случува таму, еден вработен работи како за тројца. Не за џабе цело време бараат работници и секоја недела различни вработени гледам.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Оној концепт на картички за попуст, збирање на поени или како и да се вика што го тераат некои супермаркети кај нас ми е до некаде неразбирлив. Разбирам од аспект на маркетинг и се тоа, ама пример пред некој ден одам во Тинекс и гледам леб да земам. Гледам на лебот му залепиле поен плус, кошта 29 денари, во секоја друга продавница реалната цена му е 22-23 денари и сега јас треба да имам од тоа картичките за во суштина да можам лебот да го платам по неговата реална цена, т.е да ми се врати разликата од реалната цена и напумпаната на картичка во форма на поени или што ти јас знам. Па гледам таму некои баби се караат, џенкој праат со тоа касиерката оти оваа заборавила да им ја ,,куцне" картичката.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.967
Поени од реакции
35.600
Порано беа поприсутни не знам што се деси ептем се намали бројката. И Валмарт проба Германија се повлече. Држава на дискаунтери тешко друг да влезе. Иначе и Алди и Лидл имаат добра маржа да не се лажеме. Профитот го прават во купувањето од производителите. Екстремно добро преговараат а имаат и моќ. Не е мала работа таму да пласираш производ.
Алди е еден од најНЕкреативните ланци на супермаркети во историјата на човештвото. Година ипол пазарев Алди, абре се исто пак исто, буквално немаат нова палета на производи. Веќе автоматски пазарам таму кога ќе влезам, зошто знам се каде стои. Лидл го поштувам, знаат да изненадат и посвежи им се овошјето и зеленчукот. По цени и двете се супер, за тоа немам замерка.

Иначе ако по некоја случајност влезе Wallmart во Германија али да биде во исти стил како во САД, овие двете горе споменати можат комотно да размислуват какви катанци сакаат да стават на објектите, во шарена боја или обична сива. :LOL: Wallmart е прав капиталистички потрошувачки центар, од пиле млеко ако нема ќе најдат и ќе го измолзат. Кога бев САД пред 8 години буквално се губев у него, помеѓу рафтовите има простор два шлепери да се разминат. За производи да не правиме муабет, има се шо постои и не постои.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.731
Поени од реакции
9.782

Проба Валмарт во Германија, пропадна. Стварно мислеа дека ќе успеат во Германија со оние досаднине што ти пакуваат во ќеси, на влез "Добредојде как сте добар помин" мислиш во Дизниленд одиш :vozbud: Скоро 10 години овде, на прсти бројам некој непознат да почне од никаде да ми прави муабет...културолошки незамисливо е ова, одбивно за Германците. Глеј си работа и не замари.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.195
Поени од реакции
21.347
Алди е еден од најНЕкреативните ланци на супермаркети во историјата на човештвото. Година ипол пазарев Алди, абре се исто пак исто, буквално немаат нова палета на производи. Веќе автоматски пазарам таму кога ќе влезам, зошто знам се каде стои. Лидл го поштувам, знаат да изненадат и посвежи им се овошјето и зеленчукот. По цени и двете се супер, за тоа немам замерка.

Иначе ако по некоја случајност влезе Wallmart во Германија али да биде во исти стил како во САД, овие двете горе споменати можат комотно да размислуват какви катанци сакаат да стават на објектите, во шарена боја или обична сива. :LOL: Wallmart е прав капиталистички потрошувачки центар, од пиле млеко ако нема ќе најдат и ќе го измолзат. Кога бев САД пред 8 години буквално се губев у него, помеѓу рафтовите има простор два шлепери да се разминат. За производи да не правиме муабет, има се шо постои и не постои.
Другар, Валмарт беше веќе Германија на големо како што влегле така со плачење се повлекле. Ги памтам пазарев таму тоа беше негде 90тите уште Марки имаше.

Алди веќе многу се смени. Атрактивноста на дуќаните далеку подобрена имаат и марки во сортиманот. Цените ниски квалитет добар, тоа е што сака нивна таргет група, не за џабе се уште број 1 дискаунтер. Лидл за мене не е истиот како пред неколку години еднставно цените им скокнаа а имаат повеќе марки и све ама сортиманот не се менува толку брзо, дискаунтер се едноставно.

Мене број еден веќе неколку години е Кауфланд. Добар и голем сортиман, све има, добри цени, добри акции. Пријатно за пазарење и ги модернизираа продавниците. Иначе од ист газда како Лидл се, ама друга таргет група.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.967
Поени од реакции
35.600
Незнаев дека се биле, јбг јас сум 2ипол год тука. На мене ми оставија огромен позитивен впечаток во САД, во ЕУ до сеа немам видено ваков асортиман и љубезност. Можда и тоа шо викаш менталитетот и навиките на луѓето имаат огромен удел.

За Кауфланд имам слушано дека се добри, али штета најблискиот ми е на 50 км, не се пристапни во скоро секое селце како Лидл и Алди. Сега Реве ќе го пробам од наредниот викенд, можда се за 10 % поскапи али огромен е објектот во местото кај што сум. Баш ќе направам компарација колку ќе потрошам таму за месец дена.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Истата фора е: дуќан до 300 квадрати, без музики, наградни игри, колички за деца, со тројца вработени во смена, максимална покриеност - секаде, дури и во села, производи во картонски кутии, не доаѓа комерцијалист да ги реди како сака, само по еден производ без меѓусебна конкуренција и специјални договори со производителите. Може нешто пропуштив, ама отприлика тоа е тоа, сликата и атмосферата е многу слична. Фамилијата што го поседува Алди е најбогата во Германија, покрај сите оние гиганти во индустрија.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.195
Поени од реакции
21.347
Незнаев дека се биле, јбг јас сум 2ипол год тука. На мене ми оставија огромен позитивен впечаток во САД, во ЕУ до сеа немам видено ваков асортиман и љубезност. Можда и тоа шо викаш менталитетот и навиките на луѓето имаат огромен удел.

За Кауфланд имам слушано дека се добри, али штета најблискиот ми е на 50 км, не се пристапни во скоро секое селце како Лидл и Алди. Сега Реве ќе го пробам од наредниот викенд, можда се за 10 % поскапи али огромен е објектот во местото кај што сум. Баш ќе направам компарација колку ќе потрошам таму за месец дена.
Реве се добри ама поскапи. Се како Едека ко франшајс затоа може да се разликуваат од Реве до Реве. Иначе Пени се од Реве а Нето од Едека. Си тераат политика премиум и дискаунтер скоро сите освен Алди. Затоа нема толку играчи на пазарот како што изгледа. Тие големи покриваат 85% од пазарот али меѓу нив конкуренцијата е голема.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.637
Поени од реакции
81.580
На 10 минути ми се Стокомак, Кам, Кипер, Веро, Tre Tregstar :icon_mrgr: , а погоре пред Пенко школото има и Метро. Кога купувам производ не ја гледам цената, гледам тоа што ќе го купам мене да ми се свиѓа. Ова одсекогаш сум го преферирал, дури и кога народски кажано сум немал скршена пара во џеб. 2-3 денари поскапо или поевтино нема многу да ме збогати или да ме осиромаши.

А најмногу мразам луѓе кои за пет денари поевтина роба одат од еден крај до друг крај на градот. Познавам човек кој добро заработува, а влече лубеница од БитПазар до дома пешки...причина? Била поевтина за 5 денари...ебати тоа цицијата, кила ќе фатиш од носење, али тие 5 денари мора да ги заштедиш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom