Најекономично греење и ладење

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
И јас слушнав дека со Фонко е готово!? Штета, добар домашен бренд беа. Но незнам навистина дали се пред банкрот или.... Инаку на Фонко и постарите модели беа топ (со Mitsubishi компресор)... и тие беа подобар избор од повеќето панасоници... а последните понуди на Фонко беа Daikin.... и разбирливо МНОГУ СКАПИ!!! Е сега дали поради тоа се во криза или се пред крајот, јас незнам.... Но еден комшија ми се пофали дека за 600 Евра земал преубав инвертер од Фонко. Распрашај се, можеш да ќариш те набавиш некоја машина која чинела многу, многу повеќе.... ееее сега за гаранцијата!? :tapp: Тоа е!
Проблемот ми е што сега имам една 12ка (сега видов дека пишувало на климата :oops: ) и со таа ми се прегрева/преладува едната соба, а другата не е доволно згреана/разладена. Во едната седам јас по цел ден, другата е спална. Дали ако ја преместам 12ката во спалната, а си ставам 9ка во мојата соба ќе може понормално да се грее/лади? Зашто сега кога ја пуштам климата, ме смрзнува и плус не знам што и е, ама врти цело време, ни се гаси, ни ништо. На моите во спална не им смета, они се "у најбољим годинама", цело време им е топло летово :D
Значи, прашањето ми е, дали е и 9ка премногу јака за соба од 15тина квадрати?
Го најдов ова од Daikin, па сега ќе ја разгледам подобро и таа понуда, ќе се јавам во фирмата.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Деветка, те 9000 Btu... од брендот Daikin, неможе да биде ни премногу јака ниту слаба за соба од 15 квадрати, бидејки на пример моделот http://www.vimaks-klimatici.com/klimatik/daikin-ftxn25k-869.html# самиот производител специфицира дека е за греење /ладење на токму на толкава квадратура колку што имаш ти ... Додуша, тоа е еден од постарите и послаби модели на овој реномиран производител, но сигурно квалитетно ќе си ја врши својата намена греење/ладење. Хммм нема така добар COP, но сепак е многу економичен! Троши просечно колку 7 неекономични светилки! 700W/h само човеку!? Страва! Ке трошиш зиме толку, колку што плаќаш за кабловска! :)
Но ќе се вратам повторно на мојот предходен предлог, а тоа е моделот од Енергија... те Fujitsu 12,000 Bti, Asia 12 така некако беше моделот!? (го имаш на излог во Енергија)... за кој модел и 2-3ца на форумов се изјаснива многу позитивно . Многу добар модел те квалитетен бренд на Инвертери се Fujitsu... Исто мислење го имам и за Daikin! Ама размисли за модел од 12000, те +3,5Kw/h за да добиеш многу квалитетно греење во едната а просечно во другата соба (поврзани со врата нели)... па тебе пријателе како што гледам квалитетно греење (континуирани 22-24*Ц) ти треба само во едната соба, додека другата ја користиш како спална, каде што реално не ти треба повеќе од 18 степени... тоа се и стандарди кои ги препорачуваат познавачите (Во простории во кои престојуваме до 20-24, додека за спиење 18-20).... А ќе повторам, со еден квалитетен инвертер тоа можеш да го постигнеш со оглед на тоа што велиш дека иако нема фасадна изолација зградата, сепак имаш добра надворешна столарија. Но се е индивидуално нели!? Зависи и од желбите, навиките и можностите.... Некој сака и сред зиме кога надвор е -20 да спие на 24*Ц и да се покрива само со ‘‘Лио‘‘ тенко - летно јорганче.
 
Член од
27 јули 2012
Мислења
4
Поени од реакции
0
Здраво на сите, нов сум на форумов, па имам неколку прашања - потребни ми се совети..
Утепав некои 3-4 саата читајќи, но не дојдов до конкретен одговор на моите прашања... Еве вака, се работи за семеен објект, нова куќа и во голема дилема сум околу начинот на греење и ладење, но секако економичноста околу потрошентата елек.енергија ми е доста битна, верувам како и на секого ..Во можност сум сега во старт да инвестирам повеќе, но да се исплати .. Ме интересираат ваши искуства доколку ги имате и да ми дадете совет за најдобро решение, размислував за чилери во комбинација со фенкојлери за ладење и греење, но и тие не ми се баш јасни.. Ваш совет околу тоа.. Некој друг начин на ладење и греење предложете... Која фимра , цени доколку знаете од прилика како се движат, секоја информација ми е битна... Што е битно, куќата има 4 засебни стана и сакам секој стан да си има одвоен, посебен систем за греење и ладење, а не еден систем за целата куќа т.е кој колку потрошил толку да си плати. Само информативно стан 1 има 50м2, стан 2 има 90м2, стан3 има 130м2 и стан4 има 200м2. .. Како и на кој начин најекономично да се загреваат и разладуваат тие станови/ Што се однесува до изолацијата и столаријата се доста солидни ... .
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
653
Поени од реакции
576
Najgolema investicija koja bi se isplatela najpoveke e izolacija na zidovi, krovovi, prozori ...
Ako ne ti e kako sto treba izolacijata a imas prostor moznost i sredstva, investiraj tamu.
Nikogas ne e dovolna izolacija. Sekoj santimetar poveke izolacija e pomalku kW energija.
Sekoe greenje si ima svoi prednosti i mani.
Najekonomicno e tomplinskata pumpa (klima, geotermalno grenje...), samo sto e prilicno skapa investicija kade gi vrakas parite posle poveke godini, a mene licno ne mi se dopaga toa sto sekojpat se cuvstvuva nekoja cirkulacija na vazduh (koga duvaat klimite) sto mene mi e neprijatno.Isto taka tuka moras da razmisluvas i na dopolnitelno greenje za ultra studeni denovi.
Greenjeto na struja za potrosen 1 kw el. energija ni dava 1 kw toplinska energija (kaj klimite e 1:3-4 pa i 5), sto ne e ekonomicno no dava ubava toplina i sigurnost deka i vo najladno ke ve zgree, a sekako i ke kosta mnogu.
Drvata se prilicno eftini no sekogas treba doma da imas lozac i malku e makotrpna rabota.Odednas plakanje na drvata, skladiranje, cepenje, secenje, lozenje, pa dimel odzakot, pa treba da go cistime itn.
Celta gi opravduva sredstvata. Sakam da kazam individualno spored svoite potrebi i moznosti sekoj treba da si go odredi nacinot na greenje ili da go kombinira, drva-struja, klima-struja parno itn.
Pak ke se navratam, ne stedete na izolacija. Sekoe zagrevanje ne kosta mnogu so dobra izolacija.
Za primer topl. provodlivost na cigla e 0,8, a na stiroporot ili staklena volna e 0.04.Sto znaci deka 20cm cigla e adekvatno na 1cm izolacija

MAKImk, napisi malku poopsirno za vasite ptrebi moznosti.Edno parno za site stanovi ili oddelno? Preku zima bi se greele site prostorii ili? itn
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Здраво на сите, нов сум на форумов, па имам неколку прашања - потребни ми се совети..
Утепав некои 3-4 саата читајќи, но не дојдов до конкретен одговор на моите прашања... Еве вака, се работи за семеен објект, нова куќа и во голема дилема сум околу начинот на греење и ладење, но секако економичноста околу потрошентата елек.енергија ми е доста битна, верувам како и на секого ..Во можност сум сега во старт да инвестирам повеќе, но да се исплати .. Ме интересираат ваши искуства доколку ги имате и да ми дадете совет за најдобро решение, размислував за чилери во комбинација со фенкојлери за ладење и греење, но и тие не ми се баш јасни.. Ваш совет околу тоа.. Некој друг начин на ладење и греење предложете... Која фимра , цени доколку знаете од прилика како се движат, секоја информација ми е битна... Што е битно, куќата има 4 засебни стана и сакам секој стан да си има одвоен, посебен систем за греење и ладење, а не еден систем за целата куќа т.е кој колку потрошил толку да си плати. Само информативно стан 1 има 50м2, стан 2 има 90м2, стан3 има 130м2 и стан4 има 200м2. .. Како и на кој начин најекономично да се загреваат и разладуваат тие станови/ Што се однесува до изолацијата и столаријата се доста солидни ... .
Еве ти нешто со што ќе го решиш и греењето и ладењето на сите 4 стана - 500 квадрати!...Капацитет ‘‘само‘‘ 80,000 BTU!....погледни
http://catalog.mitsubishipro.com/it...-heat-pumps-single-units/puhy-p72tjmu-a--bs-?
се зезам! Којзнае колку миљарде је ова убавина.... инаку за затоплување/ладење до 50 простории (ако добро разбрав!?) Инаку видов во дворот на една хациенда малку над полицијата (Црниче) вакво чудовиште... арно ама батката има и 4 гаражи полни саде Џипови! Во секој случај, доколку ги исполнува објектот условите за кои зборува "Sass" за толкава квадратура не е лошо и за ваква концепција да размислуваш... мислев на "Heat pump single units" или како што велиш ‘‘секој стан посебно греење‘‘ тогаш топлотна пумпа поединечно за секој стан.
Нешто ме наведува на размислување оваа концепција... сега како поскапуваат на секои 3 месеци парното и особено струјата, дали би функционирала една ваква концепција за греење на помали згради!? Немора Mitsubishi да е системот, зошто да не кинеска Мidea на пр? Кај нас во влез не би функционирало, ние ни за хигиеничарка неможеме да собереме пари... :pos: но некаде на друго место можеби и би можело!? Дали е изведливо вакво нешто?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Кај нас во влез не би функционирало, ние ни за хигиеничарка неможеме да собереме пари... :pos: но некаде на друго место можеби и би можело!? Дали е изведливо вакво нешто?
Oва за меѓу комшиски односи е голем проблем, инаку зошто да не е изводливо.
 
Член од
27 јули 2012
Мислења
4
Поени од реакции
0
Фала на сите за одговорите ..
Еве вака, ја би сакал за секој стан посебно ладенје и греенје... Со тоа што највеќе би ми одговарало систем кој лади и грее.. Што се однесува до изолацијата, ед едната страна кукјата е со цигла 25цм + стиропор фасада 10 цм ... а од друга страна е цигла 15цм + тервол 5цм - гитарцигла 10-12цм ... Имам пвц рехау со аргон исполна со К филтер итн (и тие се доста ОК)
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176
Има некој искуство со Midea клима уреди? Прв пат слушам за брендот па ако има некој информација дали се квалитетни и слично.. :)
 
Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.918
Ќебе, дифтик, виндјакна.
 
Член од
3 август 2012
Мислења
62
Поени од реакции
2
Да ви кажам за најнеекономичното затоплување. Имам куќа од 150 м2 и има сопствено парно на струја од 12КВ изолацијата не е добра а и системот е стар 15 години незнам што точно модел е во подрумот е...Знам имаше и проблем со дистрибуција поради јачината на системот кога го вградуваме на времето. Како и да е куќата ја изнајмуваме и обично криаџиите ако се заборават зимно време а и е јака зимата плаќаат и по 20-25000 денари струја месечно. Затоа се преселивме во стан кираџиите нека плаќаат толку струја. Зимно време не пцијат и се жалат ама тоа е.
Инаку некој совет за намалување на потрошувачката ако се преселиме назад би бил добро дојден видови изолација некоја финта како да се среди таа потрошувачка итн...Т.е. дали знеа некој кој вид изолација е најдобро да се стави веќе на изградена куќа. Дали треба само надворени 4 ѕид или и под и покрив...Фала.
 
Член од
14 ноември 2011
Мислења
144
Поени од реакции
366
Зависи колку ти е убава сегашната фасада. Ако е некоја естетска изведба од делкан камен и несакаш врз неа да ставаш ништо тогаш идеш внатрешно со тервол или стиропор. Ако е само малтер, тогаш шибни 15-20цм стиропор одозгора и немаш гајче... е сеа, коа ќе му го удриш есапот пак колку ова ќе те чини, се доаѓа и до 10-15 години враќање на инвестиција доколку сакаш целата куќа да ја изолираш и затоплиш.

Мој совет,
- затвори ги цефките/радијаторите во собите во кои не се движат луѓе, не ваљда живеете 10-15тина души таму па секоја соба ја греете?
- изолирај ги само тие делови/соби кои планираш да ги грееш
- пробај Кано Системи

Да ви кажам за најнеекономичното затоплување. Имам куќа од 150 м2 и има сопствено парно на струја од 12КВ изолацијата не е добра а и системот е стар 15 години незнам што точно модел е во подрумот е...Знам имаше и проблем со дистрибуција поради јачината на системот кога го вградуваме на времето. Како и да е куќата ја изнајмуваме и обично криаџиите ако се заборават зимно време а и е јака зимата плаќаат и по 20-25000 денари струја месечно. Затоа се преселивме во стан кираџиите нека плаќаат толку струја. Зимно време не пцијат и се жалат ама тоа е.
Инаку некој совет за намалување на потрошувачката ако се преселиме назад би бил добро дојден видови изолација некоја финта како да се среди таа потрошувачка итн...Т.е. дали знеа некој кој вид изолација е најдобро да се стави веќе на изградена куќа. Дали треба само надворени 4 ѕид или и под и покрив...Фала.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Греење (затоплување) на се нешто, само на струја не!.... Како отиде цената нагоре и укунувањето на дневната евтина... изгледа дека струјата ќе ја користиме за се друго освен за затоплување. Или пак кој може да си дозволи скап хиперинвертер, со голема енергетска ефикасност... на кој испорачаната енергија е околу или повеќе од 5 пати поголема од потрошената... мислам на COP-factorот! Некаде на почетокот кога ја отворив темата, некој предложи ми се чини интересна од денешен аспект, Пазете ако добро разбрав:ТЕРМОАКОМУЛАЦИОНА ПЕЧКА НА ПЛИН... бидејќи од тогаш (2,5 години) струјата сигурно поскапе 50-60% или можеби повеќе!? Додека плинот иако поскапува последниве години, мислам дека не достигна толкав раст на цената....
ТА на плин искрено дотогаш не бев чул... уште поискрено, ама ни оттогаш! А вака како концепција ми се допаѓа сега особено и во иднина се повеќе се разбира... бидејки нели и овие ‘‘локалниве‘‘ шерифи а и владава се курчат дека би требало за неколку години овдека да замириса на евтин гас! Дали ќе биде ефтин и дали ќе биде гас или гс‘... ќе видиме... бидејки цената најмалку зависи од нашите желби! Инаку претставен системот како многу економичен, малку повеќе трошел на почеток додека не ги загреел шамотните цигли2-3 литри во Октомври кога се вклучува, натаму за догревање доста економичен .... 10 литри на две недели а квалитетно грееле, нешто како и обичните термо печки (5-ка 6-ка)... и не смрдело, бидејки надвор од просторијата во која се загрева е боцата плин, па со црево се носи преку зид до печката..... а согорувањето!? Немам ништо оттогаш слушнато ниту пак некој друг напиша за плинското греење.... Гледам дека ни овие обични печки не се многу неекономични http://www.rimeko.com.mk/mk/?id=7&prov_id=315 100 гр/х... вреди ли вакво нешто? Или б‘зди цел стан!? Сум чул дека и глава болело од плинот.... или од потрошувачката!? :)
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

хмм 10 литри на две недели??? што греел..добро изолиран кокошарник?? Инаку гасот е занимлив за греење и треба да се истражат сите можности..Греење со грејно тело на гас кое гори во просторија е најпримитивното и најнепријатно за поднесување..Има сијасет други посовршени пристапи..

Инаку дефинитивно најдобра инвестиција во греење, а и во ладење е ЕПТЕН ДОБРА ИЗОЛАЦИЈА....и тука нема алтернатива.
 
Член од
3 август 2012
Мислења
62
Поени од реакции
2
Цената на гасот е паднат многу во САД најдоа огромни резерви на гас кој не беа достапни порано сега имаат некоја нова технологија т.н. фракинг со која може многу ефтино гас да вадат. Цената на гасот е на ниво како од пред 30-40 години...Знам пред 15 години се греевме на нафта беше најефтино тогаш денес тоа малку потешко...сум се греел и на плин и на дрва и на нафта и на струја и на парно... струјата и парното е дефинитивно најудобно и најпријатно сега малку е скапо ама тоа е...денес најверојатно е најефтино плин и дрва...
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Во Струмица приклучок на гасовод е 700 евра.
Имам котел на дрва кој може да се преправи на гас (според луѓето кои го монтираа). Годинава ќе сум на дрва. Да видам кои ќе бидат искуствата доколку некој се грее на гас, па догодина, здравје, може и ќе преминам...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom