Греење (затоплување) на се нешто, само на струја не!.... Како отиде цената нагоре и укунувањето на дневната евтина... изгледа дека струјата ќе ја користиме за се друго освен за затоплување. Или пак кој може да си дозволи скап хиперинвертер, со голема енергетска ефикасност... на кој испорачаната енергија е околу или повеќе од 5 пати поголема од потрошената... мислам на COP-factorот! Некаде на почетокот кога ја отворив темата, некој предложи ми се чини интересна од денешен аспект, Пазете ако добро разбрав:ТЕРМОАКОМУЛАЦИОНА ПЕЧКА НА ПЛИН... бидејќи од тогаш (2,5 години) струјата сигурно поскапе 50-60% или можеби повеќе!? Додека плинот иако поскапува последниве години, мислам дека не достигна толкав раст на цената....
ТА на плин искрено дотогаш не бев чул... уште поискрено, ама ни оттогаш! А вака како концепција ми се допаѓа сега особено и во иднина се повеќе се разбира... бидејки нели и овие ‘‘локалниве‘‘ шерифи а и владава се курчат дека би требало за неколку години овдека да замириса на евтин гас! Дали ќе биде ефтин и дали ќе биде гас или гс‘... ќе видиме... бидејки цената најмалку зависи од нашите желби! Инаку претставен системот како многу економичен, малку повеќе трошел на почеток додека не ги загреел шамотните цигли2-3 литри во Октомври кога се вклучува, натаму за догревање доста економичен .... 10 литри на две недели а квалитетно грееле, нешто како и обичните термо печки (5-ка 6-ка)... и не смрдело, бидејки надвор од просторијата во која се загрева е боцата плин, па со црево се носи преку зид до печката..... а согорувањето!? Немам ништо оттогаш слушнато ниту пак некој друг напиша за плинското греење.... Гледам дека ни овие обични печки не се многу неекономични
http://www.rimeko.com.mk/mk/?id=7&prov_id=315 100 гр/х... вреди ли вакво нешто? Или б‘зди цел стан!? Сум чул дека и глава болело од плинот.... или од потрошувачката!?