Да, многу веројатно дека и останатите ќе го следат растот на струјата, мислам на останатите енергенси за загревање (гас, дрва, парно) ... така да не чека само убавина не за така долг период еве го за само 2 месеци!
Но ние нели нема да престанеме да истражуваме да даваме совети, кажуваме за искуства и да наоѓаме и предлагаме идеи за поекономично и поквалитетно загревање на просториите во кои живееме или работиме.
Па така и јас ете и со ризик да бидам исмеан и критикуван.... најдов нешто на нет, гориво за кое мислам дека во темава нема пишувано. Најдов еден јапонски производител на грејни тела и инвертери... За грејното тело, можеби и некој ќе се насмее, бидејки ваков енергенс единствено на аеродром има!? Керозин!
Но има и печки на земен гас... вреди да се погледне.
еве линк:
http://www.corona.co.jp/en/index.html
но! Доколку е ова нереално и непримениво, еве нешто што мене ме одушевува од истиот производител! По глупав сајт од јапонца или од било кој друг што важи за сериозна фирма, а овие (Corona) можам да заклучам само по зградата во која се сместени дека се таква фирма...само на јапонски имаат сајт на кои се прикажани инвертерите.... Но затоа ние имаме фини комшии кои не само што преведуват туку и увезуваат од овој производител. Значи она што ме одушеви, моделот на Corona CSH-B229G Внимание! Претставен како ХИПЕРИНВЕРТОР.... фантастичен COP od 5.55!!! со моќ од 2,6 максимум до 3,6 Kw/h и просечна потрошувачка од неверојатни 0,45 Kw/h
http://www.termo-klima.com/bul/full_info.php?recid=320 ....
И она што е најневеројатно во сето ова е цената! 1,200 Љавчета... Значи за само 600 Евра (таму во Б‘лгарија) Дури и да се донесе тука со ослободување од нивниот данок и плаќање наш + царина, сигурно нема да оди преку 650! ЕДИНСТВЕНО 3-годишната гаранција се губи....НО! Еден јапонски хиперинвертор кој би овозможил квалитетно загревање на 15-20м2, а цената која би ја платиле за ел. енергија за истото.... колку? факинг 1000!? За мобилен и кабловска даваме појче.... мене и со вода ме ебаа последните 2 месеци со приближно толку! Да резимирам. Хиперинвертер од Јапан особено, од ниеден бренд НЕМА испод 1000 Евра! Ни од Daikin, Mitsubishi, Fujitsu Toshiba.... E сега овој Јапанац не е така познат бренд овде... ама јеби га, сепак е ЈАП.
Ми се чини би било и одличен бизнис, доколку некој наш ташаклија се *осмели* што вели Владата и донесе овде ваква убавина!