Најекономично греење и ладење

Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
Сум имал прилика да учествувам (не и да мотирам) при монтирање и пуштање во употреба на геотермална пумпа.Искористување на бунарска вода ,инвертор и цела една подстаница за затоплување на една станбена зграда во Скопје (9 стана).Навистина греењето е неверојатно евтино.(мислам дека за цела зграда потрошувачката е околу 2 кв).Присуствував и кога се пушташе и ладењето....еееее тука...ладењето врска немаше...ни приближно како со клима уред..Можеби и треснав некоја глупост :) меѓутоа ова е тоа што сум го видел. (не и монтирал)
ова треба г-дин @Vanlok да ти го прочита и да му текне дека не трескам глупости цело време тука и дека ве лажам
btw:денеска има потрошено не цели 2 киловата на надворешна Т после 11 од 15+с.
локација Гевгелија соба 20м2, стара градба, надворешни зидови 90см(кал+слама) + дупли таван, трска , спуштен плафон со гипс картон над него 10см.тервол. 2-та надворешни зида 90-ка имаат 5см стиропор надвор, тие се на северозапад, ако на некој не му е јасно уште нешто слободно нека праша ќе дообјаснам поубаво :P
кој ми ги памти постовите летово што ги пишав добро кој не пак ќе повторам дека собата по цел ден кога е надвор +40 внатре не крева повеќе од 26с.
ајде поздрав и дајте некој коментар за зидов надворешен дали имате видено нешто слично во Скопје :D
 
Последно уредено:
Член од
9 октомври 2015
Мислења
4
Поени од реакции
10
Сакам да го земам новиот модел на вивах и дилемата ми е меѓу овие два модела ACP-12CH35AEHI ACP-18CH50AEHI при што ќе загревам површина од 35 м2 (дневна, трпезарија, кујна и ходник). Се работи за нова зграда стан високо приземје со солидна изолација демит фасада 8 цм и термопан 4 сезони стакло. Се одлучив за вивах само ради цената на климата која ја зимам по набавна и единствена дилема ми е која клима ќе ми заврши повеќе работа?
 
F

Flatter

Гостин
Здраво,

Дали знае некој колку би можел да потрошам со термо печка од 6књ на ден/месец доколку ја користам по 6-7 или пак 15 часа во денот пример да кажеме?

Благодарам однапред.
 
Член од
22 јули 2015
Мислења
30
Поени од реакции
40
Error code: P0 на внатрешна единица на Vivax ACP-18CH50AECI
Ќе ве молам некој да ми каже ако знае што значи? "Еrror code" на дисплејот се задржува само 15 сек и компресорот автоматски се гаси и по некоја минута клмата продолжува со работа, (приметив дека тоа се случува после првиот старт и после постигнати 1850W), после тоа цел ден климата работи најнормално, дали ова е алармантно и дали треба да се повика сервисер.
Однапред Благодарам.
 
Член од
1 ноември 2015
Мислења
10
Поени од реакции
2
Здраво,
Нов сум на форумов, а заинтересиран сум за клима инвертер која би стоела во детска соба од 12-14m2 и би служела за загревање на собата и евентуално да се отворат вратите и ходникот да се затоплува кој е 5m2.
Да нагласам дека детската соба е на северна страна покрај река и е мноооогу студено преку зима (надвор) односно ако реална температура е -5 од таа страна покрај река е -10.
Е сега у дилема сум која клима да ставам, станот ми е нов со добра изолација и пвц прозорци и се мислам помеѓу:
-vivax acp-09ch25aeci кој што има г10 технологија и греачи на компресорот,
-Haier AS12GB3HRA/1U12BE6ERA или
-GREE GWH12MA-K3DNC8L/K3DNA3L.
Ве молам за совет, што би ми препорачале од наведените или пак да барам нешто друго?
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.654
Поени од реакции
7.500

Opisot na greskite kaj AECI gi imas ovde
Imas tabela na 28 strana, pa za ednokratno pojavuvanje na P0 greskata opisot e "IPM malfunction or IGBT over-strong current protection"....a podole vo detalite (35-str) za greskata opisot e deka moze da bide sve do kompresor. OBAVEZNO vikaj servis, najverovatno nesto utnale so povrzuvanjeto na strujnite kabli, se nadevam ne e nesto poozbilno od toa.
IPM (Intelligent Power Modules)
IGBT (Insulated-gate bipolar transistor)
 
Член од
1 ноември 2015
Мислења
10
Поени од реакции
2
А видов и една мидеа на
http://www.krusel.mk/default.aspx?product=0589f6df-4bcd-4c75-a454-05f707c381eb&ln=3&prcat=00ade2b5-cea4-4862-8d04-5e23abef79f9
Доста ефтина 26000
Здраво,
Нов сум на форумов, а заинтересиран сум за клима инвертер која би стоела во детска соба од 12-14m2 и би служела за загревање на собата и евентуално да се отворат вратите и ходникот да се затоплува кој е 5m2.
Да нагласам дека детската соба е на северна страна покрај река и е мноооогу студено преку зима (надвор) односно ако реална температура е -5 од таа страна покрај река е -10.
Е сега у дилема сум која клима да ставам, станот ми е нов со добра изолација и пвц прозорци и се мислам помеѓу:
-vivax acp-09ch25aeci кој што има г10 технологија и греачи на компресорот,
-Haier AS12GB3HRA/1U12BE6ERA или
-GREE GWH12MA-K3DNC8L/K3DNA3L.
Ве молам за совет, што би ми препорачале од наведените или пак да барам нешто друго?
 
Член од
22 јули 2015
Мислења
30
Поени од реакции
40
Opisot na greskite kaj AECI gi imas ovde
Imas tabela na 28 strana, pa za ednokratno pojavuvanje na P0 greskata opisot e "IPM malfunction or IGBT over-strong current protection"....a podole vo detalite (35-str) za greskata opisot e deka moze da bide sve do kompresor. OBAVEZNO vikaj servis, najverovatno nesto utnale so povrzuvanjeto na strujnite kabli, se nadevam ne e nesto poozbilno od toa.
IPM (Intelligent Power Modules)
IGBT (Insulated-gate bipolar transistor)

Благодарам многу
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.016
Поени од реакции
34.421
Ќе може ли некој да ми помогне во изборот?
Пријателе, не ти одговараат луѓево пошто вакви слични прашања се милион пати одговарани наназад низ темава. Ако те мрзи да прочиташ, или немаш време, искрено ни јас не сакам (нити имам време) да го препишувам тоа истото што поназад сум го напишал (јас или некој друг). Тоа што сепак можам, е накратко да ти кажам што јас би одбрал на твое место.
Јас би ги подредил климите по обратен редослед од тој по кој си ги навел, според тоа што јас би го купил.

Тоа е мојата препорака, сигурен сум дека други овде имаат други фаворити. Кој од нас е во право, ќе мораш самиот да одлучиш. Но ако те интересира работата подетално, за да можеш самостојно информирано да одлучиш - тогаш ќе мораш да ја пролисташ темава наназад. Пишувано е за сите брендови за кои прашуваш, за некои повеќе за некои помалку, но за сите има понешто.

Во врска со квадратурата на собата, 12ка (3.5ка) клима без проблем треба да може да ја загрее. Освен ако таму кај тебе редовно не се пониски температурите, под -10с. Пошто си покрај река, проблем може да бидат маглите (влажноста во воздухот) кои негативно влијаат на моќноста на климите. Но собата е помала, па сметам дека нема да има проблеми.
Единствено, пошто собата е помала, и пошто дечиња седат таму, ќе внимаваш намерно да ја подесиш на најслабото дување - за да не им правиш голема промаја на децата. Во мали простории повеќе се чуствува струењето. Припази и летно време на ладењето, од истите причини.
Поздрав и со среќа. (y)
 
Во ред, фала многу на одговорот.
Како прво се живо прочитав и нема баш многу околу наведените клими, освен за Гри кое скоро сите го форсирате, а можеби и со право, јас незнам затоа и прашувам која би ми била најдобрата солуција.
Инаку сум од Куманово и прашував за Гри што и како можам да ставам од кај нив и они (од Гри) ме упатија во К&К Техномаркет да разгледам што имаат и да си нарачам преку нив.
Искрено спремен сум до кај 30.000 со се монтажа да дадам за климата, бидејќи не сакам да фрлам премногу пари, сепак се работи за детска соба од 12-13 квадратни метри.
Отидов у К&К и таму имаат само од моделот Кози кој што ми се вклопува во буџетот ама сепак мислам дека за 500 евра може да се најде и многу подобро од Кози, кој што ПО МЕНЕ и не е нешто нарочито за вложените пари.
Им се јавив пак у Гри да видам дали и како може да се нарача друг модел и пазете они ми рекоа дека може друг модел да се купи преку нив ама они да ја испорачале и местеле климата ке биде 60 евра за монтажа и 30 евра за транспорт.
Искрено ми пукна филмот и одма се откажав од Гри зашто се ПО МЕНЕ мизераши невидени, па јас не живеам во Загреб, во Куманово живеам што е тоа 30 евра за транспортни трошоци и од принцип не сакам да ставам од кај нив.
Ме интересира, бидејќи не најдов нешто за Виваксот и за Хајерот што ги наведов, кој би можел да ми објасни која би ми била подобрата варијанта помеѓу нив или што мислите за Мидеата што ја наведов?
Фала однапред
 
Член од
2 август 2014
Мислења
1.785
Поени од реакции
4.148
Zemi go ona sto ima dobar i podrzan servis vo tvojot grad. Ama apsolutno nema vrska sto ce kupis vo toj cenoven rang za i tvoite 12-13m2 bilo koj inverter ce ti zadovoli. Sega i vrapcinjata znaat da pravat klimi, ne se sekiraj, nie ovde sto trazime vlakno vo jajce i sto se forsiraat neopravdano nekoi "brendovi" e prikazna za sebe...
Zasto tvrdam deka e seedno koja vo ovaa klasa? Pa verojatno gro proizvoditeli koristat gotovi moduli od firmi koi se specijalizirani za proizvodstvo na : kompresor,elektricniot paket modul za kontrola na snagata , motorite, softverskata edinica, toa se montira, se pravi limarijata i izmenuvacite, varenje, farbanje ....... ne e neznam kakva vselenska tehnologiajam moze bukvalno sekoj da go pravi AKO IMA PAZAR, a mnogu "kinezi" go imaat.
 
Па баш тоа и јас сакав да го кажам, мене лично по принципот платено-добиено, Виваксот ми е најпривлечен, а има 3 години гаранција и чини 28.300 денари со монтажа, Хајерот нема грејачи на тацна и компресор го продаваат во Сетек има 5 години гаранција на компресорот и чини 29.000 денари со монтажа.
Најдов и два модела на Мидеа на http://www.krusel.mk , искрено незнам која е оваа компанија ама ке се јавам подоцна да прашам што и како нудат а инаку цените на двата модела се 26.000 и 28.000 денари и најверојатно се без монтажа.
 
Член од
24 септември 2013
Мислења
344
Поени од реакции
317
Одамна имав мерак да направам ваква споредба и деновиве имав малку слободно време и конечно бидна. Еве споредба на бројот на часови на одредена температура помеѓу Скопје и Стразбур односно вредностите кои се користат за пресметка на SCOP во умерената климатска зона. Податоците за Скопје се земени од мерната станица во Петровец преку сајтот wunderground.com и претставуваат просек за периодот 2002-2014. Тие за Стразбур се преземени од документ за пресметка на SCOP.

Прегледај го приврзокот 118043
На долната оска на графикот се температурите, а на вертикалната оска се бројот на часови. Самиот график означува колку вкупно часови во сезоната биле на одредена температура. Сината линија е просекот од Стразбур, црвената е Скопје (Петровец). Вкупниот број на часови во овој температурен опсег во Стразбур е 4910, во Скопје е 4943.

Може да се забележи дека бројот на часови со температури под нула се горе-долу идентични, но има значително помал број на часови во опсегот од 0-10 степени, на сметка на часовите над 10 степени. Од ова произлегува заклучок дека Скопје има поблага клима од Стразбур што значи дека SCOP на уредите кои се користат тука е за нијанса поголем од оној декларираниот.

Друго што се гледа е дека најголемиот период температурата е над -2 степени што е прилично над бивалентната темература на било кој уред, што пак значи дека никој од уредите не би требало да има проблем да ја постигне бараната температура.
Под -7 степени има просечно 108 часа од пои повеќето од нив се распоредени во ноќните и раните утрински часови.
Vo koja klimatska zona spagja Skopje?
Vikendov malku cepkav po wunderground za Noemvri-Fevruari izminative godini vo Strazbourg.
Mi deluva poblagi zimi deka imaat vo sporedba so Skopje.
Od grafikot na moongoses se zabelezuva deka nie imame daleku pomalku saati vo raspon od 0-10 stepeni. Samoto toa i me navede odma koga go poglednav prvpat grafikot da pomislam deka ima polos SCOP Skopje od Strazbourg. Na wunderground retko da se najde min. za Strazbourg pod -3. Vo Skopje se redovni minimumi od -5 do -8. I da, najcesti temperaturi vo Strazbourg se 3-10 stepeni, koga i klimite rabotat so najgolem COP.
http://www.wunderground.com/history/station/07190/2013/12/2/MonthlyCalendar.html?req_city=&req_state=&req_statename=&reqdb.zip=&reqdb.magic=&reqdb.wmo=
Eve link, koj saka neka prolista po meseci i godini nanazad. Pa da vidime dali i drug ke go spodeli istoto mislenje so mene, deka ne treba da go racuname bas vo ista zona i Skopje. A i na mapata na energy label etiketite, koja e mnogu losa, se gleda deka nie sme pomegju sredna i ladna zona.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom