Најекономично греење и ладење

Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.029
Поени од реакции
954
Еве јас ќе се пофалам дека синоќа во битола беше екстремно ладно исто така и утринава али без никаков проблем климата си работеше и поддржуваше 22-23 цтепени во околу 40м2 просторија и притоа имаше 1-2 одмрзнувања .

Поздрав
--- надополнето: 13 декември 2012 во 11:04 ---


Дај бе пријателе кази ни колку квадрати простор грееш со парното што ти испаѓа поевтино од двете клими кои викаш ти трошат 3.5kw заедно. Колку KW дневно ти троши парното? На пример кај мене во 40m2 просторија со добра изолација за 24 часа на околу -5 до -10 степени надворешна ми троши околу 18-20 kw (Daiseikai 6 -16)
Вкупната дневна потрошувачка ми е во просек 25kw моментално.

Дај кажи како ти иде поевтино да не се силам да купувам уште две клими за спална и децка соба.... пошо најверојатно ке ме коштаат колку твоето парно!!!

Поз
KLIMA ILI INVERTER?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.375
Поени од реакции
33.478
Живеам во зграда која има перфектна изолација, преку зима кога паѓаат температурите и до минус 20 не се осеќа многу, да речеме дека температурата внатре не паѓа под 18 степени. Затоа се топлам со клима и плус греалици ако има потреба. Сметката за струја во зимскиот период е повисока за некои 500 до 1000 денари....

Така да јас би ви препорачал доколку сте во можност стајте си добра изолација и немајте гајле.
Уште да можеме да ставиме и комшии. Горе, доле и на три од четирите останати страни... и на коњ сме. Перфектна изолација!

Заборавате вие во становите дека и комшиите ваши греат. :)
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Засега со LG инвертер од 12 К во соба од над 40 квадрати бркам работа, не е она да седиш по кратки ракави во собата, но си постигнува температура од 20 степени во сите делови од собата. Намерно ја наместив со полна јачина да достигне 24 С, но не може да мрдне повеќе од 22 во овој период од денот кога ќе зајде сонцето.
Мислам кога ќе фатат поларните температури од над минус 15, ќе треба да пуштам друго грејно тело т.е конвектор еден што го имам од лани.
Ако се покаже годинава на минусите и функционира, идната година ќе наместам уште еден инвертер во делот од трпезаријата и кујната за припомош на веќе постоечкиот и во спалната.
Лани се топлев со електрично парно два месеци и сметките беа ужасно големи односно плаќав во просек по 7000 ден. месечно само за затоплување и тоа со домаќинско пазење да се искористи ефтината дневна тарифа која сега ја нема.
Можеби има онак спомнато, ама ме мрзи да барам, но интересира колкава е просечната потрошувачка месечно со неговиот систем Кано за 70 квадрати просторија.
Од искуство колку му идат сметките за струја на неговите муштерии и него по инсталација на системот.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.160
Поени од реакции
8.250
за економично-сигурно не е , ама ко алтернатива за греење -е интересна идеја- канадскиве печки
мали се- не зафаќаат простор, мобилни се- така да летото може да го преседи во подрум .....

ги има ли овие кај нас да се купат, оние цевките топлина ли испушта или шема некоја е само ?
--- надополнето: 13 декември 2012 во 21:08 ---
http://grouper.mk/skopje/deal/tesy-panel-za-greenje-setec/affiliate_id:29484

ова е 2,5кw, тоа значи дека троши 2.5кw на 1 час ?
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Ништо посебно од печка на дрва освем ајде да речам изгледот кој е малце несекојдневен и тие цевките кои служат како разменувач на воздух( додуша и без нив и со нив исто се фаќа).
Во глобала стара технологија, нечисто согорување, мала искористливост на горивото, непрактична за чистење.
Едно големо НЕ.
Тоа е моето мислење.
П.с И американците го имаат овој тип на печки само под друго име.
да- изгледот и е ко бубањ од машина за перење
--- надополнето: 13 декември 2012 во 21:36 ---
ги има ли овие кај нас да се купат, оние цевките топлина ли испушта или шема некоја е само ?
--- надополнето: 13 декември 2012 во 21:08 ---
http://grouper.mk/skopje/deal/tesy-panel-za-greenje-setec/affiliate_id:29484

ова е 2,5кw, тоа значи дека троши 2.5кw на 1 час ?
не верувам дека ги има во МК
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.160
Поени од реакции
8.250
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
ова е 2,5кw, тоа значи дека троши 2.5кw на 1 час ?
Така е,,, Кај сите електричи греалки важи - ако пишува моќ 2,5 KW, за еден час троши 2, 5 KWh, се разбира ако е уклучена,
Ако, за затоплување користиме клима ( топлота пумпа ), тука постои разлика .. и од еден KWh електрична енергија, можеш да користиш три KWh топлина
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.745
Поени од реакции
2.560
Utre cekam info od clenovite koi koristat invertori, kako se pokazale vo ovie ladni denovi :)
Исто како и минатата зима. Последниве 3 ноќи надвор паѓа до -10 и нема никаков проблем да ја одржи температурата. Во соба ми е просек 21-22, климата наместена на 23 (термометарот е дијагонално спротивно од климата, затоа е и разликата) Работи 24/7, а кога и да ѕирнам на мерачот не покажува повеќе од 400W потрошувачка на час.
А останува дилемата дали во детската да ставам инвертор или најобична клима. Моментално е празна, ама од пролет ќе почне да функционира, така да ќе треба греење и таму за следната зима.
 
Член од
19 јули 2012
Мислења
132
Поени од реакции
85
Уште да можеме да ставиме и комшии. Горе, доле и на три од четирите останати страни... и на коњ сме. Перфектна изолација!

Заборавате вие во становите дека и комшиите ваши греат. :)
paid by toplifikacija a.d. skopje.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
600 Eвра оваа печка? Ма не ми се верува!... Па за 600 Евра или нешто плус, ако не јапонски, тогаш многу квалитетен инвертер (хит пумп) може да се набави од 12, или 14 BTU...би овозможил топлина, која би дала енергија од 4KW, а би трошел 1KW.... со кој можеш 30-40 квадрати квалитетно и евтино да загреваш!
Претерано скапо бурево легнато.... а и дека може да загрее 200м3 80 квадрати!? Како не бе!? Сигурно може!.... Прво на кого му треба грејно тело за загревање 80 квадрати? Што ќе грееш? Сала фитнес, конференциска за баскет? Кој има дневна од 80 квадрати! Имаат 2%... инаку и да даде толку топлинска енергија 17Kw, па како ќе загреваш во стандарден повеќесобен стан...како ќе ги загреваш другите простории во станот (куќата)? Ќе отвараш врати? Или со кофи ќе носиш топлина? Глупости! Па не пригреваат спални сите со отварање врати.. обично треба да се греат и работни соби или детски, каде што живеат децата! 200-215 кубика, (кај ги најдоа оние 15 над 200!?) мислам смешки!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom