- Член од
- 24 ноември 2009
- Мислења
- 4.959
- Поени од реакции
- 4.882
Абе џамче не џамче тоа ти е, иначе кај мене сега моментално е 29 степени и тоа само на една кварцна сијалица од 250 W Сместена во правоаголна алуминиумска кутија со вентилаторче ( моја направија ) се уклучува на 60 - 30 минути некогааш и на 5 минути зависи како се отвара вратата.со џамче на капакот...
--- надополнето: 13 декември 2012 во 00:02 ---
во моментов надвор е -12 степени...така ми покажува тајмерот во дневна... оној што ми е од северна страна вели -14... ајде да речеме дека е -12... ја испрочитав темава, поготов на владе постот и си викам ајде чисто од куртоазија, иако имам сопствено парно, да ги запалам климите да видам што ке се деси...
ја палам првата, панасоник е, 2,5 киловатна... нема чорав сензор на нејзе, значи она трга и работи цело време.. 4-5 минути и почна да дува млако, па се потопло и потопло.
втората е вивакс од 5,5 киловати.. ја палам нејзе, за 10 секунди се запали сијаличето за дефрост и почиња да прави брз-звррр--зссссс-кррр баммм и пуф се изгасна по 3 минути... по 30 секунди се упали и почна полека полека да дува топло.
и сега... добив дека климите кои не се упалени неколку месеци си тргнаа да си греат без проблем, А НЕ СЕ ИНВЕРТОРИ... меѓутоа ги оставив да поработат 10-тина минути и ги изгасив... зашто? затоа што од 5 простории во станот, они греат 2.. тоа е прво и основно...а второ, повеке ми трошат од мојот систем за греење што го имам монтирано (знам дека 2,5 не е толку туку е 1 киловат електричен и 5,5 е 2,4 киловати електрични) ама сепак повеке ми трошат, поготово за во тоалет кога треба дополнително да упалам и греалка т.е. конвектор.. моето парно помалку троши...
и последната работа.. што ке биде утре вечер кога најавија -19? ке тргнат ли? ај тоа ке ви кажам утре.. ке тестирам и ке пишам... до тогаш, ке си се греам на сопствено парно кое ми грее 100% од мојот стан, со еднаква температура низ него.. во моментов имам 25 степени...
Е сега дали е до сијалицата или е до тоа што летоска сменив прозори,ставив тервол внтрешна изолација 10 со водоотпоен гипс картон, на таванот одозгора на плочата залепив стиропор 7 тврдо пресован а од внатрешната страна на плафонот исто гипс картон со тервол само што пред него да го ставам залепив силконско платно опшиено со алуминиумска фолија. Дали е до сијалицата или до изолацијата не знам.
Сега пред 20 минути мерев температура на подземна вода 54 метри температура 19/20 степени,се мислам една пумпа да пуштам да врти низ радијатор или низ тајфун да видам како ќе иде загревањето на просторијата ако се исплати се мислам низ цел објект да ставам, пошто 19 степени не е мала температура кога надвор е - 20
ПС Сакам и на фен за сушење коса да пробам,да видам што ќе биде



