Здраво, еве 2 фотографии од моето подно греење, кое го проширив минатата година. Инаку, користам подно греење уште од крајот на 2017 година. Верувајте ми, нема ништо подобро. Ако градите нова куќа, штета е да не вградите подно греење. И онака ќе ги платите плочките и работата за уредување на подот. Подното греење е особено користено во студени земји како Норвешка. Нема ништо помодерно. И можам од сопствено искуство да ви кажам дека нема нешто подобро.Здраво, размислуваме за оптимално решение за загревање на куќа од 140м2 ( 70м2 од спрат ) која се наоѓа на +700м.н.в, што значи ладни зими. Во тек на градба е па можеме да ставиме инсталации и за радијатори, но немаме доволно информации за што е најдобра опција за загревање на радијаторите. Топлотна пумпа, камин со котел или нешто трето? Куќата е предвидено да има графитен стиропор како фасадна изолација, без гипсени плочи од внатрешноста.