Најекономично греење (затоплување)

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
А колку хали има зафатени има и колку пари е влезницата?
да ти кажам, појма немам за цената... пошто на службен влез влагам врска немам... прашај еден вика 50, прашај друг вика 70, прашај трет вика 100 а начелно сите креваат раменици и викаат “ваљда“ е толку...

4 хали, без павиљони... оваа година толку излагачи има, нема ниеден павиљон или помошна хала...
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Оваа зима со температури до -30?!

18.10.2012 | 18:51
Балканот го очекува најстудената зима во последните илјада години, прогнозира Европскиот метеоролошки центар според кого температурите ќе се симната и до минус 30 степени.

И Руските метеоролози прогнозираа дека оваа зима ќе е најладната во последните 1.000 години.

Според метеоролозите, невообичаено ладната зима ќе биде последица на топлото лето во североисточна Европа и поголемиот дел од Сибир.

Климатолозите од регионот со поделени ставови. Според едни, прогнозата што се работи на долго време, се помалку е валидна. Според други, оваа зима веројатно ќе биде постудена од минатата, и дека „сибирски бранови“ со температури под минус 20 степени, може да се очекуваат само за најстудените денови.
http://24vesti.com.mk/ovaa-zima-so-temperaturi-do-30
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Оваа зима со температури до -30?!

18.10.2012 | 18:51

Балканот го очекува најстудената зима во последните илјада години, прогнозира Европскиот метеорол
Од кога во 60 - тите години на 20 век е широко прифатена Теоријата на хаосот, никој сериозен не прави прогнози за повеќе од 5 дена. Но познато е дека просечните температури температури многу малку се менуваат
Како одговор на вакви прогнози јас го кажувам следниов виц:
Пред да започне зимата, индијанците отишле кај својот врач и го прашале: Каква ќе биде наредната зима?
Врачот, фрлил камчиња, испушил луле, размислил и рекол:
Многу студена.
Индијанците, наредните денови, собирале дрва повеќе од колку што е вообичаено.
Зимата дошла и поминала, но зимата била блага.
На почетокот на следната есен, пак индијанци отишле кај врачот и пак прашале: Каква ќе биде зимата?
Врачот, фрлал камчиња, пушел, гледал во коски од птици, и им рекол: Зимата ќе биде кочан ладна.
Овој пат, индијанците се нафрлиле на собирање на дрва заедно со жените и децата, уште повеќе дрва собрале. Но зимата и овој пат блага.
Третата година, пак индијанците се собрале и отишле кај врачот со истото прашање: Каква ќе биде зимата? Но и го прдупредиле: Два пати згреши, ако пак згрешиш - ќе те смениме
Добро, рекол врачот, дојдете за два дена, добро да погледам и тогаш ќе ви одговорам, каква ќе биде наредната зима.
Утредента, врачот убаво се облекол и отишол во градот, во метеоролошкиот завод. И таму, прашал: Каква ќе биде наредната зима?
Метеоролозите веднаш му одговориле: Ептен, ептен долга и студена!
А од каде го знаете тоа, за да се осигура, прашал врачот?
Метеоролиозите одговориле:
Па гледаме индијанците веќе две години собираат дрва за следнава зима,
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
А колку хали има зафатени има и колку пари е влезницата?
Некни бев во петокот, 90 ден. е влезница за индивидуални посетители. За групи на деца и студенти е 40 ден.
4 Хали се зафатени, генерално има најмногу алат по обичај во понудата. За затоплување имаше доста излагачи кои нудеа сончеви колектори и парно изведувачи.
За клими гледав нешто и беа Климакон кои имаа понуда за Мицибуши Инвертер по саемска цена од 38.000 ден. без монтажа што и не е толку лоша опција.
Другата фирма која беше од Гостивар имаше малезиски Панасоник инвертер, но немаа цена за истиот.
Исто така беше една фирма која нудеше обични италијански клими, ама немаа во понудата инвертер, туку само обична која беше некои 15.000 ден.
Генерално слабо и ништо посебно..
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
http://www.technomarket.com.mk/products/09118759/samsung-aqv-09pwc
ова на 1 час е потрошувачката или ? ако е онда доста е тоа солидна потрошња или има некоја клима уште помалце што троши ?
ПОТРОШУВАЧКА ЛАДЕЊЕ 0.7КW ГРЕЕЊЕ 0.9КW
Да толку е само што ова е клима со помал капацитет од 9000 БТУ за просторија до кај 20тина квадрати максимум.
Не знам како Самсунг се покажале за инвертери, за помал СОП и ЕЕР фактор имаш Тошиба Даисеикаи 6 кој чини едно мало богатство.
Можеш да се информираш за цените во Енергија на истиот.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.863
Поени од реакции
6.370
Колку пари ќе ме чини едно обично ќумбе на дрва ? :cautious: поздрав
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Колку пари ќе ме чини едно обично ќумбе на дрва ? :cautious: поздрав
По скопскиве дуќани сум видел и за 9000 илјади денари
Но мој совет ти е за ќумбе на дрва да не жалиш пари, бидејќи од ќумбето зависи колкав процент на горивото ќе искористиш.
Во темава имаше постови за печки на дрва па погледај.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Гледам дека пак почнале да се произведуваат трајножаречките печки Крека - Весо:
http://www.helios.com.ba/weso.htm
Овие печки се појавија пред едно 40 - 50 години Имате ли искуство со овие печки? Дали некој има ваква печка уште од „ оние “ времиња?
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Гледам дека пак почнале да се произведуваат трајножаречките печки Крека - Весо:
http://www.helios.com.ba/weso.htm
Овие печки се појавија пред едно 40 - 50 години Имате ли искуство со овие печки? Дали некој има ваква печка уште од „ оние “ времиња?
Јас имам, во гаража седи ако сакаш да пробаш кажи ќе ти го поклонам.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Да ли има некој искуство со камини?
Камин кој топли 65 квадрати може и повеќе и го користам 15 години никогаш не му паѓа цена во продавниците секогаш се над 350 евра. Трошам 10 метри кубни дрва и цело зимо дома сум во кратки ракави и бос а надвор -20. Не го гаснам навечер ставам едно големо дрво и до сабајле си има жар. Станот ми е без изолација.
Многу се заштедува имам и клима и термо печка, но не е исто накрај на месецот ќе добијам срцев удар кога ќе ја видам сметката за струја која сигурно ќе е 150 евра.

kamin_alfa_rustikal.jpg.jpg

И овој го имаат едни пријатели секогаш кога идам кај нив е +30 степени. И ми се допаѓа тоа што одозгоре се ставаат дрвата и не се прави ѓубре.

PLA-amity.jpg

Добри се и оние што едно време се продаваа на бензинските на Макпетрол сега не знам дали ги има исто одозгоре се ставаат дрва имаат и фурна за печење шарена им е вратичката.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.142
Поени од реакции
4.669
Луѓево ги имаше во емисијата Добра идеја на Снежана Лупевска и тврдат дека нивните панели биле најекономични од цела конкуренција и планираат да го освојат европскиот пазар бидејки далеку поголемо количество на топлина се добивало за ист број потрошени киловати од останатите.
http://www.elektropanel.com.mk/elektropanel/index.php
 

Kajgana Shop

На врв Bottom