Оваа зима со температури до -30?!
18.10.2012 | 18:51
Балканот го очекува најстудената зима во последните илјада години, прогнозира Европскиот метеорол
Од кога во 60 - тите години на 20 век е широко прифатена Теоријата на хаосот, никој сериозен не прави прогнози за повеќе од 5 дена. Но познато е дека просечните температури температури многу малку се менуваат
Како одговор на вакви прогнози јас го кажувам следниов виц:
Пред да започне зимата, индијанците отишле кај својот врач и го прашале: Каква ќе биде наредната зима?
Врачот, фрлил камчиња, испушил луле, размислил и рекол:
Многу студена.
Индијанците, наредните денови, собирале дрва повеќе од колку што е вообичаено.
Зимата дошла и поминала, но зимата била блага.
На почетокот на следната есен, пак индијанци отишле кај врачот и пак прашале: Каква ќе биде зимата?
Врачот, фрлал камчиња, пушел, гледал во коски од птици, и им рекол:
Зимата ќе биде кочан ладна.
Овој пат, индијанците се нафрлиле на собирање на дрва заедно со жените и децата, уште повеќе дрва собрале. Но зимата и овој пат блага.
Третата година, пак индијанците се собрале и отишле кај врачот со истото прашање: Каква ќе биде зимата? Но и го прдупредиле: Два пати згреши, ако пак згрешиш - ќе те смениме
Добро, рекол врачот, дојдете за два дена, добро да погледам и тогаш ќе ви одговорам, каква ќе биде наредната зима.
Утредента, врачот убаво се облекол и отишол во градот, во метеоролошкиот завод. И таму, прашал: Каква ќе биде наредната зима?
Метеоролозите веднаш му одговориле:
Ептен, ептен долга и студена!
А од каде го знаете тоа, за да се осигура, прашал врачот?
Метеоролиозите одговориле:
Па гледаме индијанците веќе две години собираат дрва за следнава зима,