Преголемото црпење ресурси кога сум на You Tube ми е најголем проблем кога користам Dell Mini нетбук (скромни 2GB RAM / 1.67 GHz процесор). Различните прелистувачи како демек се обидуваат да подобрат нешто во тој поглед, ама изгледа Chrome тргнал у погрешна насока. Еве еден вчерашен експеримент на Windows 8.1 Pro x86.
Opera користев првите години, по што се префрлив на Chrome. Еве до кај стигнале со најновите верзии:
Прегледај го приврзокот 77640Прегледај го приврзокот 77641
Со еден збор речено: РАЗОЧАРУВАЧКИ.
Релативно популарниот дериват на Chromium, Torch (брат на Chrome), иако со еден куп џиџи-миџи како вграден торент клиент и симнувач на видеа (вклучително и од YT) е далеку подобар и со него можам да вклучам паралелно и камера на Skype без никаков проблем.
Прегледај го приврзокот 77642
Firefox, Safari и два алтернативни демек light прелистувачи - QtWeb и QupZilla, се тука некаде, барем по однос на засегнатиот сајт.
Прегледај го приврзокот 77643Прегледај го приврзокот 77644Прегледај го приврзокот 77645Прегледај го приврзокот 77646
IE 11 дефинитивно најдобро лизга на нетбук со вакви карактеристики. Останатите сајтови ги вчитува далеку побрзо со помалку ресурси, а и најчисто изгледа од естетски аспект.
Прегледај го приврзокот 77647