- Член од
- 28 јули 2008
- Мислења
- 10.785
- Поени од реакции
- 3.522
Со оглед на големиот број на теми за споредба помеѓу одредени веб прелистувачи, посебно расцепкани по форумите Оперативни системи и програми и Интернет и мрежи се решив да ја отворам темава на која можеме да водиме сеопфатна дискусија и посебно споредба помеѓу најпознатите веб прелистувач од тоа кој е подобар, побрз, постабилен и сите останати перформанси.
--------------
Пред да започнеме прво со мал вовед за оние кои заслужуваат да се најдат на темата.
--------------
Mozilla Firefox
Популарен интернет прелистувач којшто спаѓа во категоријата на слободен софтвер, или софтвер со отворен код. Некои од можностите на Firefox се: прелистување со јазичиња, блокирање на несакани скокачки прозорци, активни обележувачи, интегрирано пребарување со пребарувач или било кој друг сличен сервис кој ќе го додадете и огромен број на проширувања кои можете сами да ги инсталирате за да го прилагодите Firefox на своите потреби. Firefox работи на оперативните системи Windows, Linux и Mac OS. Mozilla Firefox овозможува брзо и безбедно прелистување по интернет.
Овој пребарувач има голем успех во последните неколку години и според статистиките се наоѓа на второ место по најкористени веб прелистувачи по Internet Explorer кој има предност пред се поради интегрираноста со најкористениот оперативен систем Windows.
Исто така големиот број на најразлични додатоци за овој прелистувач го прават можеби и најдобриот на пазарот.
------
Internet Explorer
Претставува серија на графички веб пребарувачи развиени од Microsoft и вклучени како дел од Microsoft Windows линијата на оперативни системи почнувајќи од 1995 година.
Последното издание е верзијата Internet Explorer 8, која е достапна како бесплатна надградба за Windows XP со сервисен пакет 2 или понов, Windows Server 2003 со сервисен пакет 1 или понов, Windows Vista, и Windows Server 2008, и е планиран за имплементирање со Windows 7 и Windows Server 2008 R2.
Иако статистиките покажуваат дека е прв по користење во светот сепак неговата функционалност посебно стабилност не е на највисоко ниво. Бидејќи е интегриран во Windows може да се каже дека посебно оние корисници кои не навлегуваат премногу во софтверот што го користат истиот со што првото место сепак е нереално.
------
Opera
Претставува бесплатен интернет прелистувач развиен од норвешката компанија Opera Software. Прелистувачот е мултиплатформски, односно можно е да се користи во повеќе оперативни системи.
Прв пат Опера се појави за Windows оперативниот систем во 1996 година, а денеска актуелна е верзијата 10.10.
Опера се справува со вообичаени интернет-ориентирани задачи како: приказ на веб страници, праќање и примање електронски пораки, ракување со контакти, IRC дискусии, преземање датотеки преку BitTorrent и читање веб известувања. Opera е бесплатна за персонални компјутери и мобилни телефони, но е комерцијален производ за останати уреди.
Главни одлики на Опера се голема брзина, прелистување во јазичиња, зумирање на страници, гестови со глушец и вграден управувач за преземања. Безбедносните одлики вклучуваат вградена phishing заштита, силна енкрипција при прелистување безбедни веб сајтови, како и можност за лесно бришење приватни податоци од тип на HTTP колачиња и прелистувачка историја со едноставно притискање на копче.
------
Google Chrоme
Во 2009. година гигантот Google објави верзија на нов веб прелистувач наречен Chrome. Денес Google Chrome претставува значаен фактор во веб прелистувачите и ја зголемува драстично својата популарност. Една добра карактеристика е што за секое ново отворено јазиче користи посебен процес во оперативниот систем со што се одбегнува при закочување на одредено јазиче да се изгубат и сите останати.
Иако е нов и најмлад на пазарот сепак има добри изгледи да влезе во конкуренција. Но дали ќе успее останува да видиме.
------
Apple Safari
Претставува еден од значајно користените веб прелистувачи што постојат денеска. Тој е основан од страна на Apple. Прво бил издаден, на 7 Јануари 2003. година како веб прелистувач за Mac OS X оперативните системи. На 11 Јуни 2007. година издадена е Windows верзија на овој квалитетен веб прелистувач, поддржувајќи Windows XP, и Windows Vista оперативен систем.
Но големата конкуренција од другите можеби го оттргна малку настрана.
--------------
Со цел да се овозможи квалитетна дискусија ве замолувам било какви коментари за тоа зошто еден прелистувач е подобар од друг/други што ги споредувате, да оставите линк за насочување кон страна кадешто истана информација е издржана за пример при тестирање и сл.
Коментари од типот (Google Chrome е подобар од сите други или Firefox e најдобар!...) ќе бидат избришани.