Преголемото црпење ресурси кога сум на You Tube ми е најголем проблем кога користам Dell Mini нетбук (скромни 2GB RAM / 1.67 GHz процесор). Различните прелистувачи како демек се обидуваат да подобрат нешто во тој поглед, ама изгледа Chrome тргнал у погрешна насока. Еве еден вчерашен експеримент на Windows 8.1 Pro x86.
Opera користев првите години, по што се префрлив на Chrome. Еве до кај стигнале со најновите верзии:
Со еден збор речено: РАЗОЧАРУВАЧКИ.
Релативно популарниот дериват на Chromium, Torch (брат на Chrome), иако со еден куп џиџи-миџи како вграден торент клиент и симнувач на видеа (вклучително и од YT) е далеку подобар и со него можам да вклучам паралелно и камера на Skype без никаков проблем.
Firefox, Safari и два алтернативни демек light прелистувачи - QtWeb и QupZilla, се тука некаде, барем по однос на засегнатиот сајт.
IE 11 дефинитивно најдобро лизга на нетбук со вакви карактеристики. Останатите сајтови ги вчитува далеку побрзо со помалку ресурси, а и најчисто изгледа од естетски аспект.