Најдобар Ф1 пилот на сите времиња

Најдобар пилот на сите времиња?

  • Михаел Шумахер

    Гласови: 102 60,0%
  • Аиртон Сена

    Гласови: 50 29,4%
  • Алан Прост

    Гласови: 1 0,6%
  • Најџел Мансел

    Гласови: 1 0,6%
  • Хуан Мануел Фанџо

    Гласови: 6 3,5%
  • Џеки Стјуарт

    Гласови: 3 1,8%
  • некој друг

    Гласови: 7 4,1%

  • Вкупно гласачи
    170
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Сена не сум го гледал, па затоа не би се осмелил да коментирам за него. За мене најдобар е Шумахер. :smir:
 
Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
НЕ сум го гледал Сена или некој друг од горенаведените освен Шумахер.

Но низ снимки што сум видел...Сена е убедливо најдобар...
Без око да му трепне влагаше на дуели...агресивен возач.
 
C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Михаел Шумахер според мене..а може и Сена...
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
Денес изминаа 16 години од смртта на Аиртон Сена. Вечна ти слава легендо. Најдобар возач во историјата на ф1, најдобар возач на сите времиња, еден и единствен.
Засекогаш ќе живееш во нашите срца, секогаш ќе бидеш идол на секој ф1 возач!

ЕДЕН Е СЕНА !!!

Почивај во мир Великану!!!
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.380
Поени од реакции
5.014
Шумахер дефинитивно.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
Михаел ќе биде подобар од Сена тогаш кога некој во НБА ќе постигне 100 коша како на времето кога Чембрлен ги постигна...Сватете веќе еднаш дека точно е дека Шумахер има освоено повеќе победи и и бил повеќекратен шампион,но денешниове возачи ќе се онолку добри колку што нивниот болид располага со повеќе електронски уреди кои му го олеснуваат возењето...Формула 1 според мене згасна со воведувањето на големиот број електронски направи...И затоа никогаш нема да можете да ги споредите овие двајца шофери,бидејќи и двајцата возеле во различни ери на Ф1 шампионатот...Можете да ги Споредете Шумахер и Хакинен или Сена и Прост,но не можете да споредете двајца возачи кои припаѓаат на различна ера...Споредете ми ги Пеле и Кристијано или Сампрас и Федерер...
 
S

StormRage

Гостин
Види и ја ќе речам дека Шумахер е најдобар пошо за Сена само сум слушал... секоја чест и на човекот ама мислам дека Шумахер 40% му беше машината вредна:)
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.123
Поени од реакции
3.986
Лелеее се гледа колку се разбирате сите од формула штом 80% сте гласале за Шумахер пффффф :pos2:
 
Tommy1207

Појмааа немаммм
Член од
2 декември 2009
Мислења
64
Поени од реакции
4

Nema sto da se zbori ponatamu
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.483
Михаел ќе биде подобар од Сена тогаш кога некој во НБА ќе постигне 100 коша како на времето кога Чембрлен ги постигна...Сватете веќе еднаш дека точно е дека Шумахер има освоено повеќе победи и и бил повеќекратен шампион,но денешниове возачи ќе се онолку добри колку што нивниот болид располага со повеќе електронски уреди кои му го олеснуваат возењето...Формула 1 според мене згасна со воведувањето на големиот број електронски направи...И затоа никогаш нема да можете да ги споредите овие двајца шофери,бидејќи и двајцата возеле во различни ери на Ф1 шампионатот...Можете да ги Споредете Шумахер и Хакинен или Сена и Прост,но не можете да споредете двајца возачи кои припаѓаат на различна ера...Споредете ми ги Пеле и Кристијано или Сампрас и Федерер...
Се согласувам за све освем за Федерер, човекот е најдобриот на сите времиња, не ме интересира историја (кога е он во прашање) сум ги гледал сите стари играчи (од понова историја) и знам многу добро кој за што е способен. Она што го прави Федерер кога го игра најдобриот тенис е мислена именка + физички неизводливо за сите од историјата и денешнината и точка.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Лелеее се гледа колку се разбирате сите од формула штом 80% сте гласале за Шумахер пффффф :pos2:
Види, повеќето на форумов се деца, со по 16-18 години. Ако читниш погоре, некој напишал дека се навршуваат 16 години од смртта на Сена. Така да логично е да не се сеќаваат или знаат кој бил Сена и што правел. После него единствен впечатлив лик беше Шумахер, па одтаму и резултатите на анкетата.

Но, дал господ торенти, спуштете некој торент со трките од сезоните 87, 88, 89, 90, 91, 92, 93... ќе видите што беше Ф1 во вистинска смисла на зборот!
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
Абре луѓе мене ме интересира дали вие не можете да сватите дека двајца спортисти од меѓу кои има некој временски интервал од неколку години не можеме да споредуваме...Можеби на времето Чембрлен постигнал на еден натпревар 100 кошеви,Карим Абдул Џабар е на листата како најдобар стрелец,ама дали тоа ги прави подобри од „најдобриот“...Мајкл Џордан...Од каде не знаете еве дека Кармело Ентони не е подобар од Мајкл Џордан?Динамиката со која се играло во времто на Џабар,дали е иста со динамиката со која денешните НБА играчи играат?Дали Пеле и Кристијано ако играа во времето на Пеле ќе беше пак подобар од Кристијано и дали Кристијано ќе беше подобар од Пеле ако Пеле играше сега?
Секој спортист си остава свој белег и го издигнува спортот на некое повисоко ниво...

Џабар - Џордан - Вејд - ? ? ?

Пеле - Ван Бастен - Кристијано Роналдо - ? ? ?

Сена - Шумахер - Батон - ? ? ?
 
nikaТa

Mr.Lover Lover
Член од
16 април 2010
Мислења
524
Поени од реакции
60
Михаел Чевлаџијата
Michael Schumacher :pipi:.
 
Џабар- Џордан - Коби/Леброн

Сена - Шумахер - Алонсо

Марадона - Роналдо (бразил) - Зидан

Вака нешто :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom