Гласав за Михаел Шумахер, легенда е човекот мораме да признаеме, секоја чест и на сругите но овој човек е врвот на ф1.
Интересно кај оваа личност е интервјуто за емисијата Top Gear каде на прашањето каква кола тој вози тој одговори дека фамилијарна кола му е Fiat Chroma, додека за градско возило ко одбрал новото Фичо.
Човеков едно време летал со 300 на саат а вози стари коли или мали градски колички, што се коси со психата на секој нормален обичен човек кој барем малку ги прати ф1 трките, така што психата му вели дека ако се тркаш со некој бесен автомобил тогаш нормално е во приватниот живот да си склон кон такви автомобили, брзи а и таква да ти е вожњата, ама кај човеков тоа го нема, напровтив тој вози да не речам канта од кола и едно мало градско ефтино Фичо.