Насилство од наставник врз ученик

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.640
Поени од реакции
34.848
Само ти мисли си :pipi:
Немој да мислиш дека партијата ќе застане на твоја страна, само затоа што те назначиле за нивни глушец, т.е. послушник.
Да летам од работа за 24 часа и трага да не се слушне од мене :pos:Зарем навистина мислиш дека во државна институција директорот туку така ќе ти даде отказ? Ја знаеш ли процедурата за давање отказно решение? Си слушнала за тужба? Ќе се докажуваме на суд. Кога сето ќе излезе на ТВ, партијата шеќерче ќе се откаже од тебе или по нашки ќе те пушти низ канализација. А судот ќе и наложи на институцијата да ме врати назад на работа :pipi:
Оваа финта на заплашување важи единствено за партиските газолижачи. :pipi:

Нема потреба да ја труеме темава со што би било, кога би било. Затоа што нити јас ќе бидам во просвета, нити ти ќе ми бидеш директорка :icon_mrgr:

Училиштето како институција, треба да се грижи за своите вработени, исто како што треба да се грижи за сите ученици.
Наставникот треба да биде мост помеѓу училиштето како институција и семејството т.е. родителите на децата
...кажи му го тоа и на наставников што го избркаја, може нема искуство, да тужи!

... не ја труеме темата, туку тебе не ти одговара моето пишување, па сега така го ескивираш дебатирањето, а таман си е со темата дадениот пример!
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Знаеш дека лицето на 14 години одговара за сторената штета? Може да биде испратено и во поправен дом, не си лишан од одредена одговорност само затоа што си дете!

Секој може да изгуби контрола, секој има слаби точки. Затоа има и прописи по кои ќе си одговара. Органите нека си го истражат случајот и нека изречат соодветна казна.

И да, сега ќе се фатат за политизираноста на системот, институциите и кадрите. Тоа не ме интересира. Пропис постои, случајот е пријавен, не знам зошто толкава јавна паника. :)
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Гледаш во средно не те ни мавнале, а ти дошло памет. Лупни му казни, бркај го од школо, падни го година.
Тоа влијае ако има неколку деца кој треба да се доведат во ред. Што правиме со ваквите школи кај што скоро сите се багабонти? Не можеш пола школо да го паднеш. А и ако ги паднеш само уште толку ќе ги унаказиш.
Знам неколку вакви школи, да не зборам за албанските школи, секое второ е такво.
Решение гледам само во парични казни за родителите.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Тоа ти е, генерација Х. Не знаат што е шамар, камо ли нешто појако. Утредента да му дојдат некои поазган деца да му побараат пари, какви што ги има, гаќите ќе ги слечат. Ептен свилени децава денешни. Мамини синчиња... поише на мамини ќерки подсеќаат.
Еее на времето Бошко Буха коа јуришал на бункери на 7 годинки, се знаело ред, маж не е маж ако нема барем два пати загинато во ратот а не како сега, не знаат потешко од таблет да дигнат, со ваква младина Солун не го враќаме!
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121

Абе што да ти кажам, затоа син ти дома дечковци ќе носи сеа.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Знаеш дека лицето на 14 години одговара за сторената штета? Може да биде испратено и во поправен дом, не си лишан од одредена одговорност само затоа што си дете!

Секој може да изгуби контрола, секој има слаби точки. Затоа има и прописи по кои ќе си одговара. Органите нека си го истражат случајот и нека изречат соодветна казна.

И да, сега ќе се фатат за политизираноста на системот, институциите и кадрите. Тоа не ме интересира. Пропис постои, случајот е пријавен, не знам зошто толкава јавна паника. :)
Не ја знаеме целата приказна. Јас никаде не реков дека детето не е виновно. Реков дека наставникот за вакво однесување и за ваков начин е виновен и треба да си одговара. Доколку и ученикот е одговорен, фино лепо си постојат утврдени казни и нека си одговара. Не го ослободувам од одговорност ученикот. Исто како и наставникот и ученикот има свои права, а и свои обврски, кои треба да се почитуваат.

Во целава приказна, секој родител би требало да си го стави прстот на глава и да си обрне внимание на своето дете.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Абе што да ти кажам, затоа син ти дома дечковци ќе носи сеа.
Веднаш со лични напади и навреди, тоа не е добро. Да се немало основна култура еее да те млатеа ко мал по глава на чколија сега ќе знаеше да дискутираш без навреди!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.640
Поени од реакции
34.848
...секое училиште мора да има испишан кодекс на однесување на учениците кој треба да се почитува, ТРЕБА, а дали се почитува?

ice_screenshot_20211024-215323.jpeg
ice_screenshot_20211024-215339.jpeg
ice_screenshot_20211024-215356.jpeg

... не можам да го најдам кодексот на однесување на учениците при физичка настава на ова училиште!
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Веднаш со лични напади и навреди, тоа не е добро. Да се немало основна култура еее да те млатеа ко мал по глава на чколија сега ќе знаеше да дискутираш без навреди!
Од кај на кај лични навреди, нит знам дека си женет ни дека имаш деца. Општ е муабетот у преносна смисла. Само ти си многу нежен пошто те галела мама, а у школо си бил тој што не стануел од клупа изгледа, па сега све нешто лично си земаш при срце.

А и башка тоа што си го цитирал, нема врска со муабетот што го направи... Ама беше да се каже нешто.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Јас некако не можам и снимкава да ја сварам. Настрана професорот реков дека испаднал морон. Од кај сега ваква снимка се зема за валидна? Нели е забрането и не се зема како доказ?
Автоматски споено мислење:

Од кај на кај лични навреди, нит знам дека си женет ни дека имаш деца. Општ е муабетот у преносна смисла. Само ти си многу нежен пошто те галела мама, а у школо си бил тој што не стануел од клупа изгледа, па сега све нешто лично си земаш при срце.
Сега ќе дојде и куртонот Кукумјавче и има да ја отрујат темава со спинување!
 
Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.711
Абе ја незнам професориве што се замараат да шамараат деца. Најверојатно се работело за реметење настава, и овој сега, шамари ќе му мава, од земја ќе го треска... абе си има дисциплински мерки. Работата на наставникот е да учи деца, не да спроведува дисциплински мерки, друг зима плата за тоа. Јас кога бев дете, имаше едно проблематично дете од соседниот клас, и штом почнеше да се глупира, овој по англиски го бркаше од час. Секој час реметеше настава, секој час беше бркано. На крај на годината ќе му скрпеа некоја двојка, и така до 8 одделение, иначе наставникот беше на место. А за детево разбрав пред неколку месеци дека сега е во Идризово.
 
Не сум експерт да кажам за физичкото казнување и појма немам од каде влече корен, очигледно е дека кај нас има некаква си историја на која малтене сите сме биле сведоци. Ама гледам го пропушташ фактот дека училиштето е воспитно-образовен процес. Родителите самите приодонесоа да се извади тој воспитниот дел и се повеќе учители и наставници да кренат раце од воспитувањето на децата. Секоја забелешка на просветниот работник во денешницата е земена на нож, па дури и најдобронамерната.... Затоа што ете гледаме на темава дека сме сите експерти за образование и воспитување.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Од кај на кај лични навреди, нит знам дека си женет ни дека имаш деца. Општ е муабетот у преносна смисла. Само ти си многу нежен пошто те галела мама, а у школо си бил тој што не стануел од клупа изгледа, па сега све нешто лично си земаш при срце.

А и башка тоа што си го цитирал, нема врска со муабетот што го направи... Ама беше да се каже нешто.
Да да во преносна смисла да ти било ова :icon_lol:
затоа син ти дома дечковци ќе носи сеа.
Мал си ти не паметиш во наше време се знаеше како со деца, напраило 6 години = веднаш во рудник! Да знае како се печали лебот, да сфати дека пари не растат на дрво, таму во окно да копа јаглен па што им фалеше тогаш?
Ене ги циганите ги кршат од ќотек деците уште ден денес, и?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Да да во преносна смисла да ти било ова :icon_lol:

Мал си ти не паметиш во наше време се знаеше како со деца, напраило 6 години = веднаш во рудник! Да знае како се печали лебот, да сфати дека пари не растат на дрво, таму во окно да копа јаглен па што им фалеше тогаш?
Ене ги циганите ги кршат од ќотек деците уште ден денес, и?
ОО трактор, кај напишав дека децата треба да се тепаат у школо ?

Пак нешто сакаш паметен да се праиш ?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.794
Поени од реакции
21.204
Абе ја незнам професориве што се замараат да шамараат деца. Најверојатно се работело за реметење настава, и овој сега, шамари ќе му мава, од земја ќе го треска... абе си има дисциплински мерки. Работата на наставникот е да учи деца, не да спроведува дисциплински мерки, друг зима плата за тоа. Јас кога бев дете, имаше едно проблематично дете од соседниот клас, и штом почнеше да се глупира, овој по англиски го бркаше од час. Секој час реметеше настава, секој час беше бркано. На крај на годината ќе му скрпеа некоја двојка, и така до 8 одделение, иначе наставникот беше на место. А за детево разбрав пред неколку месеци дека сега е во Идризово.
A da mu vlepeja samar blagovremeno mozi sega ke bese programer ili taka nesto.
Zatoa i napisav prethodno, neznam sto se zamaral. Ostaj go so go ebis, ima tatko, majka, institucii, ke go sredat.
Ete go sredija.
Da go prasas sega roditelot na toa dete dali znael deka eden samar preventivno vo 4 odd ke sredelo se, pretpostavuvam koj bi bil odgovorot.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom