Насилство од наставник врз ученик

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.725
Поени од реакции
969
Eден од главните проблеми за целиот хаос во образованието е и тоа што пред околу 7-8 години се донесе закон за задолжително средно образование . Со тоа само уште повеќе се искомплицира целата работа.И така денес имаме ситуација каде што сите деца МОРААТ да завршат средно , без разлика дали тоа дете сака и може да учи средно , и дали е воопшто способно РЕАЛНО да го заврши ( не со подарени оценки ). И сега замислете ситуација каде што имате невоспитано и незаинтересирано дете кое оди со сила во средно училиште како тоа ќе се однесува на час . Едно од најглупите реформи што се случи во образованието е задолжитено средно . И немојте сега со муабети демек убаво е да имаат луѓето барем средно завршено итн. Да убаво е ако е тоа нивна воља и не е со сила наметнато . Потполно сум за ЗАДОЛЖИТЕЛНО ОСНОВНО а останатото да е по сопствен избор . Башка што не на секој му дариле мозок за учење ( некој треба да биде и овчар , ѓубреџија , општ физички работник итн . ) .
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Поентата е што еден ваков случај да се појави, одма се ставени на тапет сите просветни работници. Меѓутоа од друга страна имаме просветни работници кои секојдневно се борат со притисоци на родители, кои се косат со све што тие луѓе учеле. А ваквиот случај им дава уште повеќе сила на родителите да го наметнуваат своето мислење. Верувам дека повеќето учители и наставници не го користат насилството како метода на воспитување и не треба сите да се ставаат во ист кош.

Кај нас не постои функционален казнено-поправен систем кај нас за учениците (бркање од школо, намалување на поведение кои има тежина и сл. нешто што ќе му зададе главоболка и на ученикот и на родителот). Па така нормално е да очекуваме дека се повеќе и повеќе наставници ќе почнат да се однесуваат на начинот на којшто кажува @мкд владе . Кога родителите не сакаат да им се воспитаат децата, зошто па даскалите би инсистирале на тоа.

И да заврши наставникот во затвор, нема ништо да се смени во образованието како процес. Додека за родителите целта на образованието е дипломата, а не знаењето и воспитувањето, ништо нема да се смени.
Се е точно што си напишал ама насилство какво и да е треба да се осуди. Не се сложувам со делот дека фрла дамка и на другите професори. Сепак најголемиот дел се цивилизирани.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.811
Поени од реакции
26.375
Се е точно што си напишал ама насилство какво и да е треба да се осуди. Не се сложувам со делот дека фрла дамка и на другите професори. Сепак најголемиот дел се цивилизирани.
Не фрла дамка, точно. Треба да се осуди точно. И најверојатно ќе се осуди. Но муабетот ми е дека насилството во школите во денешницата е исклучок, а не правило. Додека проблемите што ги имаме во образованието се далеку посериозни, а имај во предвид дека образованието ја крои нашата иднина.

Еве да те прашам тебе, дали сакаш твоето дете да биде учено од просветен работник, кој ради разно разни притисоци кренал раце и е многу фин со сите деца, но им пружа 0 образование. Или сакаш да го учи некој што се замара да ги научи нешто децата, па макар бил строг, дрзок и воопшто не-дарежлив?
 
На секого ни е јасно какви професори сакаме за своите деца. Имало и ќе има и квалитетни и анемични. Ако можам да бирам би избрала строг ама не и насилен.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.811
Поени од реакции
26.375
На секого ни е јасно какви професори сакаме за своите деца. Имало и ќе има и квалитетни и анемични. Ако можам да бидар би избрала строг ама не и насилен.
Значи насилството го оставаме на страна, реков дека е исклучок во денешницата, а не правило.

Тоа што е правило во денешницата е како што кажа анемични професори, неразбрани родители и непостоење или нефункционалност на казнен систем. И тоа треба највеќе да не загрижува.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.250
Поени од реакции
3.821
Главниот проблем не е наставникот, туку родителите што мислат дека се главни ако имаат врски. Да има нормални санкции за немирни ученици, пола деца немаше да завршат основно и средно, а родителите ќе плаќаа големи казни. Не може на кој како му текне да изиграва шериф на час и да пореметува настава, или пак да се курчи на професори. Колку и да е мало детето, знае што прави за да биде шема или пред другарите, или пред девојчињата. Сите глупости што сме ги правеле во основно биле од тие причини.

Наставникот не е воопшто крив за тоа, и бидејќи институциите не преземаат ништо, наставниците преземаат сѐ во свои раце. Секогаш гледаме снимени наставници како малтретираат деца. А дали сте виделе снимка од деца како малтретираат професор? Не, нормално нели.

Бушење гуми на кола, ставање лепак на столче, правење глупости за да му се наштети на професорот никаде не се снимани, а верувам и само мал дел санкционирани. Епа не иде така...

А сега одма се бара бркање од работа, санкционирање и слично. Па затоа и се откажуваат од образование, јас лично не сакав да учам за наставник/професор за да немам вакви тортури од деца на богаташи и влијателни луѓе.

Од "знаеш ли кој ми е татко / знаеш ли кој сум јас" типови на луѓе си бегаат нашите од оваа вукојебина.

Детето што снимало ќе биде прогласено за херој, а детето што е малтретирано ќе биде исто идолизирано помеѓу децата и разгалените родители, до следната ваква случка, со истото дете, а различна жртва од професор.

Кој им е крив што не знаат да постават авторитет, и што мајка бара да му става кец кога не знае...
 
Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.712
Се сложувам. Треба да се смени системот, па учениците да можат да бидат и бркани и казнувани на др начин (не физички).
Барем ние кога растевме, можеше слободно да те избркаат од час ако не си мирен. Сега несмеат. Може да му се качува на глава на професорот и притоа на крајот на годината да си има фиксно 2ка.
Ако не смеат да ги бркаат од час, а учениците го знаат ова, јас незнам професорите како би се справиле. Група од 2-3 уиграни ученици можат да ја направат наставата пекол за цел клас. Некои тука спомнаа воспитно-образовна институција, ма какво воспитно бе, ја какви знам што имаше моја генерација, тоа ни мајка, ни татко, ни господ не ги васпитува, па не професор. Испаѓа најбољи онлајн настава, па ако ремети час, стави го на мјут.
Автоматски споено мислење:

БТВ, одкако ја свртив снимката неколку пати, детево ги става рацете околу образите барем неколку пати пред да добие шамар. А и фактот дека е снимено од со-ученик најверојатно значи дека ова си била редовна терапија на професорот.
 
Последно уредено:
J

joli1

Гостин
Се сложувам. Треба да се смени системот, па учениците да можат да бидат и бркани и казнувани на др начин (не физички).
Барем ние кога растевме, можеше слободно да те избркаат од час ако не си мирен. Сега несмеат. Може да му се качува на глава на професорот и притоа на крајот на годината да си има фиксно 2ка.
Пошто повеќе луѓе го пишаа ова, да расчистиме нешто.

Бркање од часови, бркање од училиште, писмени и вербални опомени, писмени опомени пред бркање, итн, се сеуште пракса денеска, затоа нема никогаш да се сложам со начинот на кој што се справил овој професор со тоа дете.

Сеуште се бркаат деца од часови, сеуште се бркаат деца од училишта, сеуште се оставаат деца на полагање, не знам од каде моабетов дека не е тоа пракса.

Сега нема никаков контролен механизам врз професорите, нити јасно дефинирани правила и услови за тоа за што и кога се ставаат неоправдани, па имаш разни случки каде што професори си ја злоупотребуваат положбата за реваншизам со фамилии на одредени ученици.

Јас кркав неоправдани само затоа што на одредени професори им викав дека на политиката не и е место у школо (одредени професори славеа победа на политичка партија у школо, прозивајќи се еден меѓу друг со другите професори), како и тоа дека на професор не му личи да оговара сопствен колега и истиот да ги тера децата да ги саботираат часовите на тој професор.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.706
Поени од реакции
36.371
Може да зборува со педагогот, можат да ги викнат родителите, насилство не е мерка ниту во распаднати системи.
throw-trashcan-at-teacher-trashcan-teacher.gif

...се викало и родител и пак ништо, опомена добивал секогаш наставникот, бил насочен ученикот не само да разговара со педагог, социолог, психолог и Директорот на училиштето, џабе тој што ја расипува наставата продолжува со исто темпо!

teacher-slap.gif

не знам зашто воопшто зборуваме за „насилство“ ова е само построга дисциплинска меркa врз ученикот, што учење е тоа сите со мобилните во рака, ако ова е „насилство“, тогаш вистинско насилство што би било?

... според коментарите очигледно не знаете колку промени има сега во училиштата и под каков притисок работаат наставниците/професорите споредбено со правата на учениците врз нивно малтрерирање кое е оправдано зошто е „дете“, а секогаш кривец и осудуван е наставникот/професорот, е па затоа ќе излегуваат генерации неписмени и свилени „на мама и тато најдобрите“!
Сеуште се бркаат деца од часови, сеуште се бркаат деца од училишта, сеуште се оставаат деца на полагање, не знам од каде моабетов дека не е тоа пракса.
...не смее :neetaka:
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.134
Поени од реакции
16.010
Мене ме нервирале отсекогаш размазени деца, и во школо кога бев и сега кога ги гледам какви се, али не знам со кој памет може да се оправдува шамарење од професор.

Општо вака кога гледам како некој губи трпение на работа, па и ако е често, почнувам да го гледам ко нестабилна особа. Црекање, придеравање, нервози непотребни, хистерија, тоа не е никој должен да го трпи, земи си дијагноза и апови и не замарај наоколу.

Има начини да го решиш детето па колку сака и да е лигле. Да не ги редам начините, ама ги има. Ова шамарање и насилство е само доказ за нетрпеливост и дека си го одбрал најлесниот начин.

Во основно имав женски учителки по англиски и математика. Тотална спротивност беа. Првава беше нарекувана вештерка од сите деца и нивните родители, пошто беше единствена што ги оставаше во август на полагање ќецарошите. Мува се слушаше на нејзиниот час, зашто ко што сама кажуваше - тука на мој час има сите да седите и да слушате, а дома ако сакате на вашите играјте им оро на лустер. :D Нити мавна некое дете, нити се дереше, едноставно беше строга и постави граници уште одма. Вештерка, али битно сите ја респектиравме. Оваа по математика, уште на глава што не и се качуваа, циркузи нон стоп, на час ништо не се слушаше, оваа врти глава само, ужас беше следење на нејзината настава. А имаше бааги ретарди од машкиве кои живееја за ќотек да си маваат по часови само. Али седеа ко кукли кај првава.

Можеш да си строг и без да бидеш насилен и да изгубиш трпение. Истото го мислам и за родителството. Моите двајца родители се тотална спротивност во понашање, а кај оној што нонстоп се црекаше и мислеше дека така е правилно и ќе добие авторитет, доби само да го гледам тоа понашање ко карактерна слабост и да немаме некоја реална поврзаност.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.250
Поени од реакции
3.821
Да ама па не може секој наставник да одржи авторитет. Сфаќам што сакаш да кажеш, и кај мене во основно имало наставници кај што не се одржувала настава, а кај други истите деца ќутеле, ама не би можел да кажам зошто е тоа така. Еве сеа ти си професорка пример, и кај тебе децата не те почитуваат, те понижуваат и ти се закануваат да им ставиш 4-5ка, и ти ќе си речеш, ај бе не е за мене ова, ќе дадам отказ?

Значи како прво децата не треба ни да помислат да не те почитуваат, а камоли да те навредуваат, да ти прават глупости на час и да ти се дерат. Се прашувам само дали и во Финска / Норвешка децата глумат шерифи на час, ставаат лепак на столчиња и викаат на наставниците "знаеш ли кој ми е татко?"
 
Овде конкретно збориме за тепање на дете од страна на наставник, јас кажав во никој случај тоа не го оправдувам, па ако сака нека е најголемото лигле од дете.

Натаму за како и зошто е некој размазен, не отидов, зашто сметам дека тоа е секако вина на родителот, а и нема врска со тепањево. Децата се копираат од родителите донекаде, не се раѓа детето да понижува другари и да им прави булинг, да замара постари и да се лигави од утроба.

А иначе, ако не знае да држи настава и ред некој, не треба. Ако не јас, некој над мене треба да ми даде отказ ако сум тотална неспособност. Има деца кои сакаат да слушаат и ништо не научуваат пошто наставничката е неспособна да држи час. Џабе им се сите контроли реално, никој не сум слушнала некад да е отпуштен пошто не го бива едноставно за предавање.
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.654
Поени од реакции
3.565
Eден од главните проблеми за целиот хаос во образованието е и тоа што пред околу 7-8 години се донесе закон за задолжително средно образование . Со тоа само уште повеќе се искомплицира целата работа.И така денес имаме ситуација каде што сите деца МОРААТ да завршат средно , без разлика дали тоа дете сака и може да учи средно , и дали е воопшто способно РЕАЛНО да го заврши ( не со подарени оценки ). И сега замислете ситуација каде што имате невоспитано и незаинтересирано дете кое оди со сила во средно училиште како тоа ќе се однесува на час . Едно од најглупите реформи што се случи во образованието е задолжитено средно . И немојте сега со муабети демек убаво е да имаат луѓето барем средно завршено итн. Да убаво е ако е тоа нивна воља и не е со сила наметнато . Потполно сум за ЗАДОЛЖИТЕЛНО ОСНОВНО а останатото да е по сопствен избор . Башка што не на секој му дариле мозок за учење ( некој треба да биде и овчар , ѓубреџија , општ физички работник итн . ) .
Не се заебавај, средно не е само за учење, не мора сите со 5ки да се, ама според мене е добро искуство за еден човек.

Околу насилството, не ја знам позадината, ама знам дека сите сме имале некој наставник кој едноставно немал авторитет и не знаел да направи добар час и често било хаос на нивни часови. Можно е ова да е таков случај, бидејќи можам да замислам какви се сега децата со сите социјални мрежи, телефони, тик тоци и професорот едноставно експлодирал. Иако во никој случај не се оправдува ова...
 
Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.225
Поени од реакции
661
Секој даскал треба да носи гумен стап (потенок од пендрек)
Кое дете не слуша да излезе на табла да ги собере прстите и даскалот мава по врвот на прстите пред другите деца.
Секој даскал треба да носи пченка во џебот
Кое дете не знае у ќош на училница да ги крене ногавиците до колена и да клечи на пченката
Секој даскал треба да чека да слушне "Добар ден даскале" во еден глас од другите деца
Секој даскал треба да биде втор родител на децата, да ги казнува родителите парично доколку нивното дете е немирно

Индоктринација да се воведе во образованието!

Само и само тогаш ниедна мајка нема да го заборави своето дете додека наполни 18.
 
Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.712
Во основно имав женски учителки по англиски и математика. Тотална спротивност беа. Првава беше нарекувана вештерка од сите деца и нивните родители, пошто беше единствена што ги оставаше во август на полагање ќецарошите. Мува се слушаше на нејзиниот час, зашто ко што сама кажуваше - тука на мој час има сите да седите и да слушате, а дома ако сакате на вашите играјте им оро на лустер. :D Нити мавна некое дете, нити се дереше, едноставно беше строга и постави граници уште одма. Вештерка, али битно сите ја респектиравме. Оваа по математика, уште на глава што не и се качуваа, циркузи нон стоп, на час ништо не се слушаше, оваа врти глава само, ужас беше следење на нејзината настава. А имаше бааги ретарди од машкиве кои живееја за ќотек да си маваат по часови само. Али седеа ко кукли кај првава.
Можеби и немало некој реален контраст меѓу двете, но таа авторитетната веројатно имала добар сенс за да ја открие слабоста на децата, а верувам дека повеќето деца па и тие немирните делат исти слабости. Повеќето се плашат од лошата оценка, и консекветноста на тоа што следува дома, без оглед дали се мирни или немирни, строгоста врз оценување е генерална слабост кај 90% од учениците. Нормално има и такви што редат по 13 кеца, имаат максимална ефикасност во негативно оценување, и исто така немаат родители кои се загрижени, или доколку ги имаат, родителите си имаат други приоритети.

Но не мора да значи дека доколку некое дете има слаб успех, и има родители кои не се загрижени дома за неговиот успех, ќе биде немирно и ќе ремети настава. Во овој случај професорите се криви, бидејќи не се заинтересирани да му помогнат на детето, и да видат што се случува, зошто тие не се директно засегнати од неговиот успех(неуспех), и најлесно им е да стават 2 на крајот на годината како награда за субмисивноста, без да ја разгледаат позадината што во голема мера може да е почетна фаза на депресија, зависно од возраста.

Во секој случај, авторитетот доага од способноста на доминантната индивидуа(професорот), успешно да ја експлоатира слабоста на послабиот(ученикот) со што ќе го доведе во состојба на субмисија. Ако професорот неможе да ја експлоатира слабоста на ученикот, и да го доведе во субмисија, тогаш имаш колапс на наставата и реметење на час.
Автоматски споено мислење:

Секој даскал треба да носи гумен стап (потенок од пендрек)
Кое дете не слуша да излезе на табла да ги собере прстите и даскалот мава по врвот на прстите пред другите деца.
Секој даскал треба да носи пченка во џебот
Кое дете не знае у ќош на училница да ги крене ногавиците до колена и да клечи на пченката
Секој даскал треба да чека да слушне "Добар ден даскале" во еден глас од другите деца
Секој даскал треба да биде втор родител на децата, да ги казнува родителите парично доколку нивното дете е немирно

Индоктринација да се воведе во образованието!

Само и само тогаш ниедна мајка нема да го заборави своето дете додека наполни 18.
Ова се некои мерки од анти-империјалистични општества? Во Демократска Народна Република Кореја вака ли работат даскалите?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom