Насилство од наставник врз ученик

Член од
3 мај 2019
Мислења
17.704
Поени од реакции
9.541

Коса ми се крена на глава, ова е страшно:(...Јадно детенце, цел живот ќе има трауми, засрамено пред цело одделение:place:
Каде се родителите од сите ученици од тоа училиште и нека бараат одговор директно од тој монструм од наставник, па зарем тој вопитува деца????
Чуден народ сме, само гледаме и не реагираме...:place::place::place::place:
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.541
Поени од реакции
34.841
Да е ова мое дете и некој си психопат наречен наставник, вака да се однесува со моето дете. Истиот момент ќе му ги скршам рацете, истите оние раце кои го треселе моето дете и му удриле шлаканица. Ќе му ја скршам главата и нозете, крв да плука. Па после сама ќе се пријавам во полиција спремна за кривично дело телесна повреда.

Дотичниов во најмала рака заслужува отказ и забрана за вршење дејност.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.704
Поени од реакции
9.541
Треба некој да го крене у вис и да го тресне од земја, да му врзе две три шлаканици и никогаш во училница да не влезе, отказ одма.
Ова е срам за просветните работници, но пак ке речам, виновни се родителите.
Моето дете кога беше мало, во четврто одделение, учителката го имаше удрено со стапче по дланка оти ракописот не му бил убав.....ја паметам болката на неговото лице, повеќе беше болно тоа што беше понижен пред цел клас, срце ми се параше, но другиот ден кога и отиде мојот сопруг со едно врбово гранче, директно у училница, насред час и побара да му ја пружи раката...учителката сакала да вика(тоа време немаше обезбедување), но овој мојој кога ја шибна со стапот по рака и кога и свика - Пред сите деца овде ти кажувам, ако удриш уште еднаш било кое дете, ке се покаеш што си се родила!
Знам дека се бунев малку за овој испад на мојов сопруг, но понекогаш треба правдата да си ја земеме во свои раце.
Инаку, учителката не го тужеше мажотми, беше засрамена за цел живот, а можеби и уплашена.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.105
Поени од реакции
10.402
Уште една слика за животот во Македонија. На дневен ред, образованието! И ова ти се вика просветен работник.:(
Независно каква грешка направило детето или колку и да е "темпераметно", ова не е начин на воспитување. Затоа постојат педагози, психолози...па крај краева викни ги родителите на детето и разговарај за неговото однесување.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.593
Поени од реакции
38.741
а зошто нема звук видеото? Можеби направил некоја беља штом толку го изнервирал. И мене ми го истегнале ушето у неколку наврати па не сум плачел кај кадијата.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Во денешно време ова е чудно, пред 20тина години ова беше секојдневие.

Таа што ми беше одделенска до 4то тегнеше на ситните влакна под слепочницата, ако повеќемина направиле глупост одеднаш, за уши и глава со глава, или пак со глава од табла.

Од петто до осмо пак имаше неколку ликови кои пердашеа во секоја прилика :D
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.541
Поени од реакции
34.841
И мене ми го истегнале ушето у неколку наврати па не сум плачел кај кадијата.
И го гледаме резултатот :pipi:

Он
Дали детето направило беља или не, не е воошто важно. Децата и треба да прават бељи, затоа се и деца.
Тој е возрсен човек прво, а потоа е просветен работник. Тој прво и основно треба да знае како се однесува со деца. Доколку детето било проблематично, постојат разни други начини на справување. А не со тепање, омаловажување, тресење и тоа пред цело одделение.
Автоматски споено мислење:

Во денешно време ова е чудно, пред 20тина години ова беше секојдневие.

Таа што ми беше одделенска до 4то тегнеше на ситните влакна под слепочницата, ако повеќемина направиле глупост одеднаш, за уши и глава со глава, или пак со глава од табла.

Од петто до осмо пак имаше неколку ликови кои пердашеа во секоја прилика :D
Замисли дека детево на видеово е твое дете. Што би направил? Како би постапил?
Ќе си речеш, „ ова беше секојдневие“?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.704
Поени од реакции
9.541
Во денешно време ова е чудно, пред 20тина години ова беше секојдневие.

Таа што ми беше одделенска до 4то тегнеше на ситните влакна под слепочницата, ако повеќемина направиле глупост одеднаш, за уши и глава со глава, или пак со глава од табла.

Од петто до осмо пак имаше неколку ликови кои пердашеа во секоја прилика :D
Да, порано ударале шлаканици наставниците, но ова веќе е изживување со детенцето, премногу...
Во средно кога бев, не голем одмор сите цигара палевме и од една тргавме по некое димче, наредени у круг така, ама кога ни налета еден професор, па кога не ишамара сите, но тогаш ниту дома не смеевме да се пожалиме оти уште по еден ќотек и од родителите ќе добиевме.
Други времиња беа тоа.
 
Член од
18 април 2014
Мислења
373
Поени од реакции
678
Е од вакви коментари ни е младината денешна лигава, некултурна, не почитува, пцуе, плука коа ќе поминеш, од тоа шо родителите денешни се тресулајки невидени и ги чуваат децата под стаклено ѕвоно, и ги учат уше од мали нозе дека се спешл, и дека светот се врти околу нив и ги учат дека се сите победници и добиваат сите медали. Затоа коа стануваат возрасни светот ги изџвакува и ги исплукува.
Поздрав

Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Да, порано ударале шлаканици наставниците, но ова веќе е изживување со детенцето, премногу...
Во средно кога бев, не голем одмор сите цигара палевме и од една тргавме по некое димче, наредени у круг така, ама кога ни налета еден професор, па кога не ишамара сите, но тогаш ниту дома не смеевме да се пожалиме оти уште по еден ќотек и од родителите ќе добиевме.
Други времиња беа тоа.
Да, излегува дека ние сме биле стока.

Еден лик што беше директор (сега покоен) и уште еден друг наставник, буквално пердашеа ако не му е тргнат денот.

Имам кркано крвнички шамар, ми зуеше главата цел ден за банална глупост, не сакавме да искодошиме кој лупна со топката во ѕидот од спортската сала, па сите машки што бевме на теренот јадевме шамари како да сме извршиле терористички напад.
Автоматски споено мислење:

Замисли дека детево на видеово е твое дете. Што би направил? Како би постапил?
Ќе си речеш, „ ова беше секојдневие“?
Веројатно би го искршил да не може да го состават на болница.
Инаку од друга страна сметам дека треба да е човек луд во денешно време да се нафати да биде професор, разлигушени генерации упм, дома не можат да излезат на крај, не пак на школо.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.704
Поени од реакции
9.541
Да, излегува дека ние сме биле стока.

Еден лик што беше директор (сега покоен) и уште еден друг наставник, буквално пердашеа ако не му е тргнат денот.

Имам кркано крвнички шамар, ми зуеше главата цел ден за банална глупост, не сакавме да искодошиме кој лупна со топката во ѕидот од спортската сала, па сите машки што бевме на теренот јадевме шамари како да сме извршиле терористички напад.
Ама мораме да признаеме дека бевме по далаверџии од овие денешниве генерации...кога ќе ми текне што дубари им правевме на професорите, од лепак на столчиња, гумите на колите им ги дишевме, но не бевме издаици, бевме сложни сите .... Сега нема такви испади.
 
J

joli1

Гостин
Е од вакви коментари ни е младината денешна лигава, некултурна, не почитува, пцуе, плука коа ќе поминеш, од тоа шо родителите денешни се тресулајки невидени и ги чуваат децата под стаклено ѕвоно, и ги учат уше од мали нозе дека се спешл, и дека светот се врти околу нив и ги учат дека се сите победници и добиваат сите медали. Затоа коа стануваат возрасни светот ги изџвакува и ги исплукува.
Поздрав

Sent from my iPhone using Tapatalk
Колку дебилен коментар.

Децата се деца, желни за играње, заебанции и дружба, правење ексцеси во школо се дел од секоја генерација. Постојат мерки од типот на вербални/писмени опомени, бркање од час, неоправдани, опомени пред бркање од школо, преместување од еден клас во друг, преместување во друго училиште, бркање од училиште и слично, кои што служат како дисциплински мерки.

Тепање на ученик од страна на професор, професор кој што ниту го направил тоа дете, ниту го храни, ниту го облекува, ниту пак го испраќа во школо, а платата ја добива од народот (вклучувајќи го и родителот на детето) е сулудост.

Ако не си во можност вербално да го смириш ученикот, тогаш не ни заслужуваш да бидеш професор, едноставно.

Иначе у врска со младината порано и сега, само ќе кажам дека вие постарите немате поима што значи да растеш у вакво време, у ваква држава, нит пак знаете какво е моментално образованието.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Ама мораме да признаеме дека бевме по далаверџии од овие денешниве генерации...кога ќе ми текне што дубари им правевме на професорите, од лепак на столчиња, гумите на колите им ги дишевме, но не бевме издаици, бевме сложни сите .... Сега нема такви испади.
Ирелевантно е да споредувам вакво нешто, од 5 класови кои ги поминав од основно до средна школа, сите до еден беа тотално различни.

Исто и за вториот дел, секогаш имаше и издаици.

Сега мислам дека се далеку помекуши од генерации, барем од тоа што гледам наоколу.
Автоматски споено мислење:

мене најјака дешавка ми беше по физичко у средно кога ме бркаше и гаѓаше со баскет професорот пошто никад не носев тренерки :D
По физичко сите до еден беа приказна за себе, од најискулирани, па се до ликови влезени во филм како да се команданти на војска.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom