Хаос и немири: Бранко се враќа!
Ќерката на Ѓунер Исмаил, шефот на изборен штаб на Фрчкоски, Соња Исмаил организирала педесттина свои пријатели да го злоупотребат протестот на триесеттина студенти од Архитектонски факултет, и со навреди кон верските чувства на присутните монаси, свештеници и возрасни граѓани, да предизивикаат тепачка.
Соња Исмаил не е студент, како што не се студенти ниту Владимир Милчин (Сорос, Фонд за отворено општество) или Јован Деспотовски од СДСМ, кои директно учествуваа во провокатвините протести. Ѓунер Исмаил, кој не е од православна вероисповест, и СДСМ, настанот кој има карактер и на верски тензии го употребуваат во полза на СДСМ и својот кандидат Фрчкоски
Судир меѓу две групи на граѓани се случи во Саботата на плоштадот Македонија во Скопје. Едните за, а другите против изградбата на Црква на плоштадот. До судирот дојде за време на јавниот собир против изградбата. Граѓаните за изградба на црква, заедно со свештеници и монаси, дојдоа на плоштадот околу 11 часот. Се делеа брошури за црквата а помала група пееше и црковни песни носејќи пароли на кои беше испишано - храмот е за доброто на сите.
Еден час потоа, околу 12 часот, група од триесеттина студенти од архитектонскиот факултет излезе на плоштадот да протестира против изградба на црквата. Кон оваа група, со свои поинакви пароли, и со свои поинкави намери, се приклучи група од педесеттина нешто по возрасни млади луѓе кои не се студенти на архитектонскиот факултет и кои, во суштина, го превземаа под своја контрола малиот собир на студентите и го употребија за свои цели. Таа група беше организирана, и со мејл повикувана на собирање, од страна на Соња Исмаил, Ќерка на Ѓунер Исмаил кој е шеф на изборен штаб на претседателскиот кандидат од СДСМ - Љубомир Фрчкоски. На самото место, подржувајќи ги провокациите, беа и функционери на СДСМ како Владимир Милчин, или Јован Деспотовски. По собирањето групата на Соња Исмаил ги провоцираше и навредуваше верниците кои беа на плоштадот со исмејување и навреди. Во еден момент група од десеттина млади луѓе се степа помеѓу себе, при што од нивните буткања и размена на удари беа турнати и неколкумина од другите присутни студенти.
Тепачката траеше неколку минути, при што немаше повредени.
Вакви тепачки има редовно на спортските терени, или на големите концерти и тие сами по себе не би биле ништо особено доколку не се земе предвид во кои околности и кој контекст се случиле. Имено, за среде избори секој митинг со политичка содржина има изборна моќ, и изборни последици. Урбанистички план, и изградба на објект на плоштад е локална, комунална политика, и затоа протестите имаат јасна политичка цел. Во случајот, согласно организаторот и присутните функционери зад таа политичка цел стои СДСМ. Во оваа тепачка, ни криви ни должни, без своја воља се вовлечени и малата група од дваесет до трисет студенти од Архитектонски факултет кои ја следеа својата потреба од јавно искажат мислење.
Од МВР соопштуваат дека против организаторите и иницијаторите на овој настан ќе се превземат законски мерки.. И двете групи кои учествувале во тепачката демантираат дека зад нивниот собир на плоштадот стои политиката.
За превземање законски мерки има основ, пред се заради тоа што организаторот е должен да организира редарска служба која би го обезбедувала редот за време на собирот. Исто така, организаторот е должен да го прекине одржувањето на јавниот собир ако дојде до загрозување на безбедноста и личната сигурност на луѓето и имотот.
ОПАСНА ПАРТИСКА ЗЛОУПОТРЕБА НА СТУДЕНТИ И ВЕРНИЦИ
Како Соња Исмаил, Владе Милчин и Јован Деспотовски станаа студенти од архитектонски факултет
ВЛАТКО КОРОБАР, ДЕКАН НА АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ. Во врска со инцидентите на главниот градски плоштад во Скопје, во кои беа инволвирани и група студенти од Архитектонскиот факултет, кои преку своето здружение сакаа да изразат став за еден од планираните архитектонско-урбанистички зафати во центарот, што веќе подолг период предизвикува полемика, сакам да ги изразам мојата лична загриженост и револт што студентите беа спречени во својата намера и што беа изложени на физички напади, соопшти деканот Влатко Коробар.
Соња Исмаил - црква не, педери да
Ќерката на Ѓунер Исмаил, Соња Исмаил подготвува нови протести и собирање петиција за легализација на хомосексуалните бракови, посочи вчера Македонската студентска унија. Според нив, Исмаил ќе бара легализација на хомосексуалните бракови како и право тие да можат да посвојуваат деца. Велат Исмаил во ниту еден момент не организираше протести за изградба на некоја од осумте џамии кои се изградени во последниов период, а реагирала на една единствена црква која треба да се изгради. Тие се оградија од било какво политичка вмешаност во овој настан. Велат организаторот на саботниот протест требало да организира и обезбедување.
СДСМ НЕМА ОДГОВОР ЗА ИНИЦИЈАТОРОТ СОЊА ИСМАИЛ; Присутните на плоштадот, новинарите и телевизиските камери можеа да видат дека организатор на насилната група која се приклучи на студентите е Соња Исмаил, ќерка на шефот на Изборен Штаб на кандидатот на СДСМ Фрчкоски. Во групата која не се студенти од Архитектонски факултет од која почна насилството, а беа присутни, камерите го забележаа и Владимир Милчин, екс-член на претседателство на СДСМ, Јован Деспотовски, функционер на СДСМ и група собрана околу Соња Исмаил, во која ниту еден не е студент на Архитектонски факултет.
ФРЧКОСКИ: Една од најинтересните изјави за овој настан доаѓа од човекот, кандидат за претседател од СДСМ, чиј шеф на изборен штаб се вика Ѓунер Исмаил, а чија ќерка Соња Исмаил е и официјално организатор на протестите против црквата, а не е студент на Архитектонскиот факултет. Фрчкоски кој има и пријави за насилство врз сопруга, и за насилство врз девојка тепана на паркинг изјави дека го осудува тепањето жени и деца!
ВМРО-ДПМНЕ. ОРГАНИЗАТОРИ СЕ ФУНКЦИОНЕРИ НА СДСМ. Владејачката партија го прозива СДСМ за организатор и провокатор на верски чувства на граѓани. Прашува како СДСМ ќе ги негира снимките на кои јасно се гледаат нивни членови.
ГРУЕВСКИ: Премиерот не негира дека во групата поддржувачи за градењето на црквата имало активисти на ВМРО-ДПМНЕ, но вели нивниот собир бил спонтан и немало организација.
- Мислам дека се работи за проект на Мирослав Грчев, којшто е директно против сите проекти на Владата. Тој е член на СДСМ, беше градоначалник на Центар, на времето од СДСМ, и тој се спротивставува на секој проект којшто го прави Владата, којшто ќе го промовира Владата и се обидува во вакви времиња на избори да му помогне на СДСМ, изјави Груевски.
Црвенковски: Недозволиво е да се случува вакво силеџиство и насилство на однапред најавен протест во присуство на полицијата. Тоа, во најмала рака, само говори за неодговорен однос на МВР, освен ако и самото не е дел од ова сценарио, се вели во реакцијата на Црвенковски.