Насилство и повредени на протестот во Скопје

Статус
Затворена за нови мислења.

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Види, ако ја гледаме низ правна призма ситуацијата, вистинските кривци си се оградени. Тие што го организирале протестот се забележани така да тие ќе го кркаат стапот.
E pa toa e problemot be druze, toa e, toa e problemot na ovaa drzava, toa e pogresniot pat kon koj odi ovaa drzava....:toe:

Ako nemas pravda na crno-belo na tefter, batali moralna odgovornost, toa e epten visok dostrel, nekolku stepeni daleku, ne sme seuste dorasnati za tie nivoa. Prvin so ova tefterot da rasresime i sredime, da bideme na cisto, pa dalje ke vidime.... :toe:
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ти реков идејата ти е чиста како солза.
Исто и идејата на некој токму таму да има црква.
Не е никој против никого, тоа е судар на иде.
Не е сударот против црквата, туку за локацијата.
Затоа ти го давам и другиот пример.
Мене не ми сметаше џамијата во Карпош 4, туку локацијата, во маалото е.
Но се изгради.
Дали е тоа фашизам ?

Нема теорија првиот удар да не беше забележан. Гарантирам. Сепак, некако чудесно исчезна од снимката објавена на една тв. Не знаев зошто до самиот крај на прилогот и бидејќи е страшно, нема да коментирам.

Имаме снимки и ние, но јавното објавување нема да стори ништо посебно.



Корекцијата беше во друга насока...да не испадне дека јас не сакам црква, наместо црква на таа локација. Поточно, не сакам НИКАКОВ ОБЈЕКТ на таа локација.
Ти реков идејата ти е чиста како солза.
Исто и идејата на некој токму таму да има црква.
Не е никој против никого, тоа е судар на иде.
Не е сударот против црквата, туку за локацијата.
Затоа ти го давам и другиот пример.
Мене не ми сметаше џамијата во Карпош 4, туку локацијата, во маалото е.
Но се изгради.
Дали е тоа фашизам ?
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Ти реков идејата ти е чиста како солза.
Исто и идејата на некој токму таму да има црква.
Не е никој против никого, тоа е судар на иде.
Не е сударот против црквата, туку за локацијата.
Затоа ти го давам и другиот пример.
Мене не ми сметаше џамијата во Карпош 4, туку локацијата, во маалото е.
Но се изгради.
Дали е тоа фашизам ?
Фашизам би било некој да те сќофта ако излезеш на улица и кажеш дека не се согласуваш со изградба на тоа и тоа таму и таму ради тоа и тоа.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Со земјотресот од 63-та умре и вистинското Скопје.Ова денес е се само метропола не е.Да му кажиш на некој странец ова ние главниот град ќе се згазит во смеење.Љубљана е 200 години иста и несмената.Кај нас е ин да се живее во центарот Скопје.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Сврти ја камерата на десно.
Му ја пратив на профил истата слика која ја постирав прееска, пред да го пишеш постов, не со цел да му дадам оружје против тебе туку да го информирам од подобра слика.

Фор д рекорд.

И сеа ваљда ќе ја постира, ако делува додека пишам :) И ќе има забуни:)
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.415
E pa toa e problemot be druze, toa e, toa e problemot na ovaa drzava, toa e pogresniot pat kon koj odi ovaa drzava....:toe:

Ako nemas pravda na crno-belo na tefter, batali moralna odgovornost, toa e epten visok dostrel, nekolku stepeni daleku, ne sme seuste dorasnati za tie nivoa. Prvin so ova tefterot da rasresime i sredime, da bideme na cisto, pa dalje ke vidime.... :toe:
Абе тука е и обратната ситуација, без основните морални вредности, џабе се и кривични и затвори и бутур. Самата казна тогаш не делува. Рибата смрди од главата. Кога ќе најдеме начин да ги казниме тие што си играат со човековите судбини, тогаш можда нема да се дешаваат вакви дебакли.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Драги архитекти и останати естети...
1. Се појавивте на простест заедно со ЛЕНКАШИ, ФЕМГЕРИЛИ, ЌЕРКИ НА СОРОСОИДИ...Протестиравате заедно со најголемите ОДРОДИ на денешницава.

2. Одбравте тајминг кој просто вришти "предизборна мoнтировка".

3. Во вашата заложба за "поубав" град, како колатерална штета страда симбол на Македонското, односно црквата.

Како што јас ја разбирам вашата искрена заложба (и тука зборам само за архитектите) и вашиот револт, така и вие треба да го разберете револтот на Македонецот на кој низ глава му се вртат аргументите кои погоре ги набројав, и многу нормално дека му паѓа мрак пред очи.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Ај нетупи сега и ти. Грција, Бугарија...дрн, дрн јариња..демек секој може да протестира и со која било цел, а мерило за оправданоста е тоа дали бил најавен или ненајавен протестот во МВР. Се извинувам за оф топикот. Мојот став по темата го искажав во моите претходни постови.
Колку тоа ти се допаѓало или не, да.
Си имаме закон, не знам која ви е потребата да си ваѓате сопствени закони кога имаме веќе усвоено од луѓето кои ги плаќаме за тоа.
Зошто е овој аргумент погрешен и лажен? Многу просто ќе го отфрлиме како бесмислен оти треба само да ја примениме сосема истата логика во другите сектори на трошење на буџетските средства: имено, ако е оправдано да не се трошат парите собрани во вид на данок од атеистите за градење на цркви т.е. објекти кои атеистите воопшто нема да ги употребуваат, тогаш излегува дека е оправдано и парите собрани како даноци од криминалците да не се трошат за финансирање на полицијата, институција за која разбојниците би биле среќни да не постои воопшто.

Исто така, треба да се престане (по атеистичката логика) и со државно финансирање на балетот, операта и музеите, оти, да збориме реално, многу, многу помалку луѓе ги посетуваат тие културни институции, отколку што ги посетуваат црквите. Па зошто тогаш, со парите на „некултурните“ да се финансира културата?

Воедно, во земјава живеат и не мал број пацифисти и противници на војска од секој вид. Дали треба да не ја финансира и нашата армија државата, само за да не ги налути даночните обврзници – пацифисти со тоа што ќе финансира со нивни пари институција која тие не ја сакаат?

Истата логика, ако ја прифатиме за правилна, би предизвикала и да се престане со државно финансирање на училиштата, оти таму учат деца, а некои даночни обврзници и немаат деца. Воедно, и треба да се прекине со финансирање од буџетот на противпожарните единици оти – и пироманите плаќаат данок, зарем не?

Верувале или не, токму овој тип на логика беше едно време применет во пракса во нашата земја, кога владата (под водство на фамозниот & злогласниот Б.Ц) реши дека нема веќе смисла и не е праведно од буџетот да се финансираат водостопанствата и дека оние кои трошат од таа вода, тие треба и да ја плаќаат. Демек, тоа не било општествен интерес, немало смисла луѓето кои немаат ниви да плаќаат за водата на луѓето кои имаат ниви и користат вештачко наводнување.

Знаете сигурно како заврши оваа глупава логика – поради колапсот на водостопанските системи кои сите до последен отидоа во стечај – ние сите плаќавме двојно поскапа храна во изминатава, сушна година.

:helou:

Oд мерак...
Дај бе не ми ваѓај мислења од контекст, аман!
Кај напишав дека тоа е поради атеистички побуди????

Овие пуфки мојш на друг да му ги продаваш, си има државава Устав и јасно си пишува што и како за поврзаноста, упс, неповрзаноста на религијата и државата.

Ај сеа викни ја она теткана шо излезе во вестите на А1 да ме наречит богохуљец.

======================================================
Текстот на денешен Дневник за случувањата од Саботата.



Едиторијал на денешен Дневник

Ќотек за ближниот


Уште еден стравотен удар врз демократијата, слободата на говор и слободното изразување на мислата доживеа Македонија во саботата. Точно на пладне.Мирен протест на кој група луѓе, во случајот студенти на Архитектонскиот факултет и граѓани - нивни истомисленици, сакаа да изразат свое несогласување со едно владино решение. Беа нападнати и замолчени со клоци и со тупаници. Но, не од владиниот репресивен орган, туку од други македонски граѓани, нивни неистомисленици. Тие, неистомислениците, на целата македонска, но и на светската јавност и' покажаа дека во нашата држава правилата на демократијата важат само ако им одговараат на одредни луѓе и дека демократските права мора да замолчат пред „законот“ на насилството.

Што е најлошо, сила покажаа тие што се залагаат за изградба на црква. По логика на нештата, тие би требало да се верници, но според нивното однесување, тоа не би можело да се каже. Како може еден православен верник, значи припадник на една од најмирољубивите вери, која проповеда толеранција и љубов меѓу луѓето, да биде, најблаго речено, нетолерантен? Да не му дозволи на друг да има свое мислење и јавно да го каже и покаже. Тоа е тортура, деспотизам, тиранија. Зарем христијанската љубов кон ближниот се манифестира преку клоци и тупаници? Преку навреди? Преку ширење меѓуверска омраза?

Згора на се', заедно со оние што користат насилство за да замолчат некого чекореа и свештени лица. Толку ли успеале да ја образуваат својата паства за христијанските методи на однесување и дејствување? И жално е што претставник на МПЦ само се огради од инцидентите во кои ближните негови беа тепани и навредувани, но не ги осуди. Без политика во Македонија не е можно, па и овој настан си доби партиски бои. Наивно е да се верува дека демонстрантите без никаков партиски поттик го презакажале протестот наместо по - пред вториот круг на изборите. Но, еве, и да стоел СДСМ зад протестот, зарем е тоа причина за ќотек. Тепаните биле од СДСМ, па затоа морало да завршат помодрени. Тепачите ич немаа врска со ВМРО-ДПМНЕ, а се обоија во црвена од крвта на тепаните.

Премиерот по автоматизам ги прогласи тепаните за политички мотивирани од опозицијата, а за тепачите веднаш побрза да каже дека не се од неговите. Ни од него не слушнавме осуда на тепањето, како недемократско и нецивилизирано однесување. МВР, кое правовремено и навремено спречило поголеми немири, вината за тепањето не ја лоцира кај себе, туку кај организаторот и едвај дочека претседателот на државата да излезе со осуда на инцидентот за топката да ја префрли кај него. Правото на мислење и негово изразување е уставно загарантирано и е дел од сите меѓународни конвенции за човекови права и слободи. Значи право што го прифаќаат и живеат сите демократски држави во светот. Тие не познаваат право да го претепаш тој што мисли поинаку. Таму таквите завршуваат во затвор.
Натали Н.Сотировска


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FC0CCBED32EF37429389DC6337A22250
 
Член од
29 март 2009
Мислења
97
Поени од реакции
9
Toa со вчерашните протести беше жива глупост.
Глупоста ја направија контрапротестантите од Дпмне и представниците од црквата а посебно тој “наивниот “ поп Стојко од Велес кој збореше на тв.
Најавиле протест студенти, чудо големо !!!!
Ќе си дојдеа 2-30 души, ќе повикаа малце, ке им се изнасмеевме и се ке си завршеше како ништо да не било.Па макар и сдс и сорос да го организираше.
А вака ШТО СТАНА !!!!
Дпмне ги организира (знам пошто ги видов Орде,Јован,Борче од Карпош во првите редови) контрапротестанти и настана тепачка.
Што само им ги отвори устите на СДСМовци и на сите останати како овие од Европа дека овде нема демократија, па дури и црквата се меше во работи кои не и се дозволени и кај што не и е работа.
Кој го измисли планот да биде така АЛАЛ да му е.Мора да е Грујо пошто тој е најпаметен во цела Македонија, сите имаат рејтинг 3%, 1,5%,8% само тој има 35%.
ТЕШКО НАС !!!!
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.415
Фино дете си ти, дневник читаш, весник на сите што мислат со своја глава :)
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Драги архитекти и останати естети...
1. Се појавивте на простест заедно со ЛЕНКАШИ, ФЕМГЕРИЛИ, ЌЕРКИ НА СОРОСОИДИ...Протестиравате заедно со најголемите ОДРОДИ на денешницава.

2. Одбравте тајминг кој просто вришти "предизборна мoнтировка".

3. Во вашата заложба за "поубав" град, како колатерална штета страда симбол на Македонското, односно црквата.

Како што јас ја разбирам вашата искрена заложба (и тука зборам само за архитектите) и вашиот револт, така и вие треба да го разберете револтот на Македонецот на кој низ глава му се вртат аргументите кои погоре ги набројав, и многу нормално дека му паѓа мрак пред очи.
Револтот е разбран.

А за тоа дали црквата таму или на друга локација повеќе би страдала, ќе полемизираме друг ден, ако сакаш. Мене нека ми спадне отокот од глава, тебе револтот :back:
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Добро сега ќе ја сврти некој "камерата" баш на тоа место на плоштадот за кое се тврди дека имало црквa???
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom